луѓе се убив од барање... онаа сликата од европското со детенцето во шлем оклоп и сабја што навива ја има некој ? ај постирајте ја да си ставам на фб во знак на подршка вечер. фала
Ама таа што ја ставив погоре е официјалната, а има повеќе страници за олимпијадата... Иначе оваа ти што ја ставаш е специјално за кошарката, иначе ние правевме муабет за цени на карти, изгор се скапи
Како човек да нема мерак, радост да ги види како се радуваат, да види како сме успеале лани па и им се спротивставивме на големи репрезентации, посебно Литванците, кои си одеа со наведнати глави и плачеа и сите ги изненадивме со нашиот начин на игра.Страв и трепет бевме Џабе не рекле, каде има слога, таму има и Бога Криво ми е што ни се случува и во однос на политиката, па и кога истата ќе се вмеша во спортот.Да не беше политиката, сосем други ќе беа работите, ма какви Литванци,Германци итн., кога можевме лани да ги средиме, можеме и сега.Германците, нивната тактика на игра се виде лани.Победата (успехот) нема никаква вредност, ако истата биде на лесен начин придобиена.Па и лани оние кои не победија, нивната победа не беше победа во очите на сите луѓе во светот.Еве веќе се знае дека одредени репрезентациии се постојано успешни, но можат истовремено да станат и досадни, па луѓето ќе си бараат некои нови победници, како нашите што направија лани. Јас секогаш сум за нив, тие да успеат, да победат.Секако дека и најдобриот ќе згреши, но грешката не е причина за да се негира истиот.Напротив, мотив за поголем успех.Баш би сакала да се повтори тоа од лани и дај боже да биде така и сега.Позитивна мисла и не ни бега успехот
Само позитивни мисли за вечер и со господ на помош нека растурат вечер на терен. Друго не преостанува, освен добра игра, среќата наклонета на наша страна и да навиваме
Затишје пред бура а? Ајдеее уште 4 саати,почнува трема да ме фаќа веќе. http://www.youtube.com/watch?v=kxF1gRtjkZE
Ауу едвај чекам 11 и пол. Едвај чекам повторно славење како тогаш со Литванците. Тогаш бевме најгорди што сме Македонци. Ние секогаш сме, но тогаш беше посебно.
Ауу видете го малиов ејјј А да си го чекираме ние уште од сеа,таман Бо коа ќе биде пред пензија овој ќе може да го замени. http://www.youtube.com/watch?v=5ILbPFSc4_4
Сега води Нигерија 1 поен.. а предходно едно 12 поени водеа Грците. Криво ми е што не гледав, кога во септември играа со Македонија, и кога сме ги победиле. Затоа сега за прв пат ги гледам Грциве, и све некои брадести. Спојлер Мамицу им брадечу.
Колку само се радував што изгуби Грција, абе скокав, се дерев ко ненормална! Тесно беше навистинава, ама издржаа. Чао Грцишта!
To бре Нигери! Алал да ви е. Грција елиминирана. Јухууу, епа сфатија кај им е местото. Сегде, кај што прочитав, фаворит им беше Грција, па Литванија и евентуално Русија. Тапа се, ништо незнаат. Бај, бај. Ма да измеѓу Нигерија и Русија, сигурно ќе победи Русија..
Девојки а дали ќе може да се гледа вечерва натпреварот online преку IDIVIDI ? Зашто се сеќавам дека кога беше ЕП неможеше
Со среќа вечер момци, веруваме во вас и знаеме дека ќе дадете се од себе. Направете ни го викендот поубав . Имате поддршка од целата M A K E Д О Н И Ј А!!!!!