Е ваков е светот..... помочан, покварен, неправеден. Не дека игравме добро второто полувреме, лошо игравме, ама овие судииве се единствените виновници за паѓањето на концентрацијата кај нашиве и се надевам дека некој што е поблиску таму ќе ги нокаутира за да не треба јас. Глупави. Работа им е правилно да судат!!!!!!!!!! Подмолни говеда. Ми го скратија животот. ilent:
А последна да им биде оваа победа на доминиканциве Браво за нашите момци одлични беа ,некои работи едноставно се виша сила .
Луѓе, не се нервирајте! Кога имало правда, пак сега да има? Не се изморувајте, и не си ги трошете зборовите. Џабе се нервираме, нема да помогне. Треба да го прифатиме поразот и памет за следен пат!А сега мислам дека поубаво ќе беше да се пресметавме со Русија, Кириленко не ми е толку гаден како Мартинез повеќе. Поубаво е да ни оди во второ полувреме, отколку да ги растуриме во прво и на крај убедливо да не победат! Тренерот е доста слаб... ни фали предходниот! 35 коша Бо!!! Штета за него, се измори најмногу и на крај сите бродови ни пропаднаа. Големо БРАВО само за него, најмногу вреди
На нашиве малку им удрила славата во главата .. Оти во првите 15 минути ги водевме 20 разлика, незначи дека нема да ни вратат за тоа ..
Абе ој мани му една на тој канадскиот судија Не знам како се воздржват стварно, јас да играв секогаш инциденти ќе праев Трагичното е шо во почетокот секогаш го дават својот максимум и после не можат поќе При крајот не ни гледав, да бе да се нервирам А овие па од Доминиканска, од сегде кај шо ќе манеа, 3ка беше
Од Антиќ ништо не бива, ен ми јасно како може да биде капитен он не знае топката да ја држи глупак од под кош промашува, 3-4 пати забележав дека си дреме си стое под кош додека овие погодуваат.. Алоо бреее коњу ништо не те кошта да скокниш, да прижиш рака глупак Али ајде се што е слатко кратко трае така и нашиве, од овие тупациве да изгубиме , а ги водевме 20 разлика ее 20 па не е малку... Туку ајде ние си ја сакаме Македонија каква и да е... МАКЕДОНИЈА СЕ САКА, МАКЕДОНИЈА СЕ ЉУБИ И КОГА ПОБЕДУВА И КОГА губи
Овие па од Доминиканска сите сурати Онај шо беше со трака на глата, не ми текнува како се викаше ко мајмун беше А кој играл во НБА ?
Не го прифатив поразов со којзнае колкаво разочарување. Изгубивме и тоа е тоа. Наместо и понатаму да жалат кошаркариве треба да се соземат, затоа што животот не завршува тука. На крај краева има наредно Европско, Светско првенство, па и Олипмијада за 4 години, каде што можат и понатаму да се докажуваат и да добијат нови шанси. Животот продолжува и после квалификацииве, треба само напорно вежбање и оптимизам. И да, нема да кажам лош збор за кошаркарите Ке се воздржам од понатамошни коментари, но ќе се самоцитирам (ова го напишав пред неколку дена на оваа тема)
Интересен натпревар , штета што заврши вака . Иначе не ги удрило слава во глава туку се преморуваат зашто цело време едни исти играат . За Антиќ незнам што да искоментирам , мислам дека ова му беше најлошиот натпревар досега. Војдан исто не го даде својот максимум за разлика во какви други изданија сме го гледале . За Бо секоја чест , исто и за Самарџиски . Првото полувреме бевме одлични , во второто колку и да ни беа криви судиите мора да признаеме дека ни падна концентрацијата . Тоа е , следната година ќе биде подобро .