Е значи ќе пукнам По таква наша одлична игра и 20 поени разлика да не тепаат едни мочковци (со тоа канадското смрдле во пакет) па тоа е срамота. Па не е фер бе не е ! Кога за нас ќе има правда,кога ? Да даде господ ова да ви биде последен натпревар лигловци !
СЕ испотепав колнејќи ги раце и нозе да искршат, ама судијата.........да даде Госппод свирчето да го голтнеш нареден натпревар... http://www.youtube.com/watch?v=Q-rITLlY2_I
Значи не е можно! Колку добро играа, за на крај онака да е?! Искрено не знам ни како заврши, си станав и си заминав последните 5 минути. Пак наслини доминиканциве демек сега бокс турнир е ова. Аиии.... пак онај судијана?! Што судиш?! Како прво и почетно ја 2 грешки не му видов на Антич. Ај сега да не го чепка противников било работава. Ме заебаваш? Па човек брзи се сите, да останеа без физички контакт па ќе поставевме прашања дали постојат вонземски сили. И мислам Гечевски дека беше тој што го турнаа, и тоа убо го смачка. И таааап, македонецов крив бил. Само си застана да си брани човеков бе. Еј не е можно жими се. Онај пак ич не памамтам како се викаше, Марчес или скорс трето, Боже, Боже темпераментен. Алооо, кошарка е, не улична тепачка! СЛОБОДНИТЕ ОД КАЈ ИМ ГИ ИЗВЛЕКОА?! На секој 10 секунди некој во плаво слободна шутираше. Просто ми иде да се расплачам.
Calliope немаш поим колку ме изнасмеа со ова. А да не бидам оф-топик не е фер така што зборуваат за нашиве, докажаа дека се најдобри иако не отидоа понатаму. Да не беа судиите сигурна сум дека нашиве ќе победеа али секоја чест за нив. БРАВО
Ова е поразот кој најмногу боли, најмногу! Ако ни е, за памет. Има според моите размислувања 2 причини за поразот. 1. Тренерот. Јеботе не може кога гледаш дека нешто не иде, ти да не пробаш да го смениш, неможеш. Погледнете го на страната на ФИБА интервјуто на Гарсија да видите што изјавува, зашто победиле. Заради подршката на тренерот. Како може, кога гледа дека Гечевски е една жива катастрофа на овој преолимписки турнир он постојано да го става во игра. Јас не го окривувам Гечевски, тој си е легенда, тој е стар играч, сака со успех да се пензионира, ама ако не му оди, стави го бе на клупа. Која е логиката да го ставаш Гечевски во 3 натпревари а тој да прави утки и во напад и во обрана. Која логика? Немаме центари? А Кирил дете од 215 цм дремеше на клупа. Па боље ќе играме во 20 годишни деца него со 40 годишен старец кој одвај се движи. Неможам да си го објаснам тоа Друго, вчера не им одеше на браќата Стојановски, реално секој има лош ден. Дури и најдобриот играч на свет има лош ден. Ама не им оди, а тој ги става и двајцата во игра. Тим составен од Дамјан и Војдан Стојановски, Гечевски и сеедно кои 2ца други. И што очекуваш да прави овој тим? На сите 3ца синојка не им одеше а тој ги става заедно во игра. Епа оди гони се Марјане Лазовски! 2. Тоа што нашето неискуство го сервираме на тацна. Тоа што знаеме да избрзуваме. Тоа што прерано се радуваме. Ние сме квалитетна репрезентација, јас тврдам дека можеме многу да направиме со оваа репрезентација, ама и толку ни се можностите. Ние сами си правиме да немаме можности. Сами. Од еден Бо, едно момче кое дури пред 2 години слушнало која е Македонија игра толку борбено, толку снажно, да јас едноставно неможам да си поверувам што акции гледам од него. Со своите 180 цм тој има повеќе скокови мислам дека од Антиќ. Он скока под обрачи покрај центари од 2 метри. Ако го изнервираат судиите не цимоли, оди и забива бре! Е од него драги мои македончиња може да учиме за да успееме на следните натпреварувања. Како се игра кошарка од него да учиме. А судиите стандард, не не сакале и точка, посебно американските судии, знаев уште кога видов дека не бива со нив, они си го подржуваат нивниот начин на играње кошарка и имаше неколку наши лични да немаа благе везе. Но тоа е. Ако ние продолжиме со добра игра тогаш ќе стекнеме и респект. Засега сме ние едни првооделенчиња со забележителен квалитет, за кој треба да си го негуваме и да продолжиме вака. Здравје, повеќе среќа и ПАМЕТ у глава следен пат.
Заборави да прокоментирам за оној лиглото Мартинез, леле притисокот ми го крена 300, заслужи техничка да му дадат али тоа е на нашиве судеа лични. Ама колку сакам да играат со Русија па да изгубат 30 разлика. E тогаш има да славам, а исто ми беше мн мерак што Грците изгубија
Јас мислам дека тоа е тактички направено од нивна страна. Ја почувствуваа нашата радост и опуштеност,и само чекаа погоден момент,и секако,на судијата Спојлер да му се надрви.
Да беше стариот тренер Марин можеби ова немаше да се случи, како што кажа Росонерка тренерот ни е КАТАСТРОФА, само шета горе доле и си свирка, најаките играчи на клупа а овие на трен глупости
Ќе си пукнам од смеење. Овој Игорче значи In your face baby! http://www.youtube.com/watch?v=r0toy0kh20E
Луѓе ја не мислам дека толку голем проблем е до нашите колку до судиите. Се виде дека правеа се за Доминиканците. Многу очигледно беше . Оваа утакмица најенергично игравме до сега, ама тоа ти е судииве . Шо ме накења највише кога за ич ништо му ја доделија 3та лична на Перо. За ништо луѓе не го ни допре. Се глеаше дека сакаат да го истераат. Како и да е ова не беше Доминиканска победа, ами Судска победа и судска утакмица ... Да ти ееееееееееам продадени ануси
Неможе да ги окривувате најмногу судиите кога водевме 20 коша, изгубивме 10. Не беа судиите на наша страна, ама не претерувајте дека они се виновниците за поразот. Бидете реални, какви грешки се правеа од наша страна, какви утки и колку лошо играа одредени поединци кои веќе во пост погоре ги спомнав. Најлесно е да кажеш судиите беа криви. Дај реална критика со позадина, секоја добра критика е добродојдена. Мислите нашиве ќе се вадат на судиите? Не бидете смешни, они кога би ги знаеле своите лоши страни би ги подобриле. Окривувајки ја третата страна се величиш себеси, го потиснуваш противникот и ништо не добиваш.
Судиите и по којзнае кој пат не оштетија но неможам да кажам дека се целосно виновни што загубивме. Па еден играч не го прави тимот. Бо сам неможе да победи цела екипа. Прокоцкавме предност од 20 поени. На Господинот тренер никако да му светне во главчето дека и Николовски треба да добие шанса кога веќе на Гечевски НЕ МУ ОДИИ... Крај на крај судиите секогаш суделе спорно и мислам дека сме навикнавме веќе... Значи како главен виновник го гледам тренеров кој очигледно незнае да ги комбинира играчите и да направи стратегија.
30% беше вина на судиите, 70% - наша вина што изгубивме. Тоа е вистината, тотално сум разочарана, играта во второто полувреме беше за срам, македончето општо, не само кошаркарите значи, никогаш нема да научат дека се игра до последната секунда од натпреварот, дека не се крева обесхрабрено раце никогаш, дека не треба да постои страв, нам ни треба самодоверба, но не и самобендисаност (неа ја имаме и отповеќе, тоа стана сосем јасно ). Секоја чест за Бо Мекејлеб, момчето играше пожртвувано и храбро, за пример, а едно надолу own: за Перо Антич. Срам и ужас на сите 3 утакмици за репрезентацијата. Јас го почитувам како играч, ама неговата игра беше навредлива за државата. Вчера него го посматрав поголем дел од времето и на човекот не му се играше бре луѓе, го мрзеше да мрдне гз и да крене рака, да направи блок. Сами сме си виновни овојпат, нема да кажам дека судиите не поебале. Сами сме си виновни.
Вчера многу ми беше мака и да земев да пишував пост цел ќе беше со цензура од толку што без изнервирана. Нашиве момци првото полувреме дадоа се од себе, изиграа прекрасна игра и напад и одбрана, ама последната четвртина не знам што им стана, дали концентрацијата им попушти, дали беа преморени, едноставно се деси за нас непосакуваниот пресврт, а цело време стравував да не се случи тоа. Како и да е, ние сме со нив, тие се нашата гордост, ама оваа утакмица ќе ја паметат цел живот и ќе им биде убава лекција за тоа како треба да се игра нареден пат. Антиќ ме разочара многу, поентираше само од слободни, многу лоша игра покажа, ама не бил негов ден и тоа е тоа, и покрај тоа никој не може да го оспори неговиот талент. За БО што да се каже, срцето на терен го остави, 35 коша, изигра максимално, со сета сила и моќ што ја има, но за жал само тоа не беше доволно за победа. Трењерот не знам дали е за фалење, ама зошто ни еднаш не го стави тој младиот не знам како се викаше? можда Кирил. Требаше да му даде шанса безразлика колку ни е важна утакмицата, можеби под притисок ќе се покажеше повеќе и ќе придонесеше со неколку коша. Како и да е, ние сме тие на кои ни е криво, ама времето не можеме да го вратиме назад, им посакувам среќа понатака. Се друго е излишно.
Имам само едно нешто да кажам -ТРЕНЕРОТ!Зашто Докузовски не ги водеше бар уште на овие квалификации... Домениканците имаат одличен тренер,кој ни ја прочита тактика на полувреме и се смени нивната игра. А нашиот ништо не смени,за жал. И уште нешто СУДИИТЕ НЕ МОЖЕ ДА ГИ КРИВИМЕ КОГА ОД 20 РАЗЛИКА НИЕ ИЗГУБИВМЕ 10. Судија може да ти биде крив ако е изедначена играта до крај,па на самиот крај со некоја одлука да не зезне. Вака не,колку и да им се наклонети на Домениканците.Ние да реализиравме поени,ни свети судија ни ништо немаше да им помогне. А Антич за ништо не може да се криви.Човекот си ја остави душата на терен,му исфирија некои непотребни фаули на почеток,и не одигра ни 10 минути,затоа и имаше 1 поени Кога он не играше,ние скоро и немавме одбрана и почнавме да губиме. Самото тоа докажува колку имаше он на почетокот успех!
Најпрво во првата четвртина ми беше дури жал за Домениканциве неможеа кош да дадат. Ама после коа почнаа тројки да даваат им немаше крај. Ако победевме ќе игравме со Литванија и тие тепаа синоќа. Како и да е не треба да се разочаруваме стигнавме далеку, сигурно пред една година никој не се ни надеваше на 4то место во Европа, камоли квалификации за Олимпијада. Наредната година има пак Европско, е тогаш дури одиме на медал.
Не се разбирам ама ич во кошарка ама она синоќа беше катастрофа. Не ми е јасно зошто по ѓаволите Антиќ игра? Па тој не може бре да се движи од што е огромен, па и мрза го фатило, катастрофа! Среќа што го пратија на клупа. Бо кои кошеви ги даваше абе како им се протињаше, чудо! Од Доменикана реално Мартинез добро играше, ко без никаква мака ги даваше кошевите, ама за тој глава сечам дека е геј
Леле луѓе што направивме? - Си ја прокоцкавме шансата за олимпијада вчера и кој знае кога ќе имаме друга шанса. Да водиш +20 и да загубиш со 10разлика и сега ми се плаче мака ми е, голема мака. Не ги мразам наште, многу ги сакам, ама како да кажам дека не се опуштивме кога така беше. Македонче, тоа ти е, а и судијата имаше дел од победата на Доминиканците кој ти знае колку е бил потплатен ама што е тоа е, нема назад Нашите сега заедно со Грците си ги пакуваат куферите, па можеби и во исти авион да се Зошто не треба да се смееш пред време. Вчера неможев а да не се израдувам на испаѓањето на Грците и оно оп и нас не стаса, за жал Што е тоа е, се обидовме, никои не ни мислеше дека еден ден ќе играме за пласман на олимијада, дури не се надевавме дека и на европско ќе земеме 4то место, никои ни на сон не би помислил до каде ќе стигнеме. Животот пружа шанси, друго е тоа што ние не умееме добро да ги искористеме. Имаме квалитет и за неколку години да се надеваме дека и ние ќе играме на олимпијадата. Луѓе тоа е тоа што направивме