Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    И јас го мислам истото,да беше Марин мислам дека немаше да се деси ова што се деси синојка незнам.Навистина ми е жал за човекот што се откажал :\ :( А беше толку добар.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
  3. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Штета за вчера кога беше Марин беше супер... Али нема везе сепак се покажаа нас почеток дека се најаки :)
     
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Самите сме си кривииии САМИТЕ . Ни судии ни свети судии . Гечевску ДУПКА ДУПКОСАНА не знае што да прави со топката . Тренер ?? Кој КРЕТЕНОДИ . Бо, Антич , Илиевски и чат пат браќата . Самите водевме самите сме си криви што изгубивме .
     
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Не гледав, искочена бев, али најискрено и дома да бев тешко да пратев, некако ич не ми се имаа разбудено патриотските чувства овој пат. :?:
    Нема да кажам знаев дека вака ќе биде, ама чим толку статуси и сеири имаше дека Грција испаднала, некако личеше посреќни сме што они изгубиле него ние да победиме. Не чини да се радуваш на туѓа несреќа. Карма ис а бич! :evil:
    Во секој случај честитки до момците и за ова што постигнаа, не знам чива кривица е, до тренерот ко сите што викаат, или колективно, тоа е што е. Повеќе среќа следен пат. Нема што да се потресуваме сега нешто посебно.

    Од готово, вересија...
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Мене олку ме нема доболено пораз од Милан кога изгуби од Ливерпул од 3-0 на 3-3 па пенали.

    Не ги гледав само последните 2 минути, ќе се расплачев и затоа исклучив.

    Вистина е дека судиите го уништија натпреварот. А тие такви идиотски потези влијаат на психата, нервозен си, сакаш да постигнеш кош а не можеш, ми се случило и мене. Јас убаво ги забележав сите.
    - Личната на Гечевски во напад. Човекот си трчаше, Гарсија го удира по рака, фал за Гечевски.
    - Личната на Чековски. Домениканецот се влетува во него, на Чековски кренати рацете, Чековски паѓа и на крај лична за него.
    - 2те последни лични за Антич. Сосема без врска досудени.
    - Втората лична на Бо. Бо оди во напад, го надскокува Фортуна ми се чини беше, Фортуна скокна во воздух и падна и судијата свири лична за Бо. Тоа беше Бо кога се налути.
    - Го маваат Илиевски по лице, не се досудува лична, ја земаат топката, си продолжуваат да трчаат и си постигнуваат кош.

    Многу се. Колку и да играш убаво вакви работи те нервираат бре, не можеш убаво да играш кога пред тебе се случува неправда.

    Но, убаво си кажавте некои, грешката беше голема и кај нас. Мене многу ме налути на почетокот на 2рото полувреме обидот за 3ки. Едно 3-4 пати со ред фрлаа без да направат акција и така фрлаа 3ки. Нормално, сите ги промашија. Тука и тренерот го кривам. Гледаш дека си играат курташак, фрлаат безвеза за 3, па казни ги и седни ги на клупа да се свестат малку. Неколку пати промашуваат, тој не вика тајм аут. Гледа дека Гарсија може да надскока 2ца, па прати 2ца да го чуваат, тој Фортуна за ништо не беше, можеше комотно да се подостави сам.

    Потоа, дефанзивните скокови. Домениканската република имаше (ако добро пратев) 28 поени од втора шанса. Тоа значи шутнале, промашиле, ја фатиле топката и постигнале кош. Македонија имаше мизерни 4. Тоа се тие дефанзивни скокови, тука Самарџиски, Антич и Гечевски требаше повеќе да се заангажираат. Исто и офанзивните скокови, јас не видов ако промашивме, овие да се борат пак да ја освојат топката.

    Гнасни играчи се ова Домениканциве, груби, арогантни, изнудуваа лични грешки, судијата (не)намерно слеп се правеше и сето тоа кога ќе го собереш си изгубивме. Сега да се паметни и да си ја научат лекцијата дека кошарка се игра 4 пати по 12 минути. За ум им е ова, да не се преценуваат друг пат.

    И да, може Сесилија го пуштила телевизорот да гледа, тогаш сето ова погоре е неточно :D
     
    На Monna.Monna, Elennaa, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Луѓе, проста математика беше натпреваров. Лукава победа.
    Ни Марин, ни Свети Марин немаше да помогнат.
    Селекторот е таму да им поткаже како да играат, не мава тој во кошот, тој не погодува или промашува.
    Кривицата си е што нашите ептен се опуштија и опаднаа после таа разлика од +20. Типично.
    А и не гледам што толку сте запнале и ве чуди што победија со +10... |(
    Па Гарсија и Хофорд се НБА играчи бре. Да ги пуштеа од почеток да играат со сета агресивност и брзина, онака ко што знаат и умеат, само тие двајца би можеле да ни го победат цел тим.
    А тоа што се камуфлираа на почеток ко демек со две леви гаѓаат, се приметуваше и те како.
    Гарсија посебно полудуваше од фактот што мораше да се преправа дека е фатен.
    Молим те, јас НБА играч со мои 2 метри од под кош ќе промашам, а после во второ полувреме и од пола сала да гаѓам, топката магично ќе влегува во обрачот? Жими онаквото.

    Изгубивме. Здравје. Не беше фер натпреварот и од страната на судиите искрено, и тие и Домениканците ја искористија сета наша дезориентација и исцрпеност, па си го постигнаа саканото.
    Па бокс-меч да беше, немаше така да ги плескаат личните. Што е право, право си е.
    Чековски е веќе ко трупец искрено, има рака за гаѓање човекот, ама тешко доаѓа до топката и многу тешко се движи. Ко Slowpoke ми е на терен.
    Антиќ цел натпревар речиси на клупа го мина од тие негови лични. Самарџиски беше повеќе од одличен, ама и тој ги изеде личните. Чистка им правеа на подобриве уште во првата четвртина.
    И многу нормално дека никој со 4 лични не би се осудил да игра поагресивно и да ризикува да го остави тимот на цедило знаејќи дека ако мрдне ќе му ја досудат и петтата лична и оде возот.
    Не е ова оправдување за слабата игра, воопшто не е. Туку треба малку објективност.
    Лесно е да го дрвиш од пред ТВ гледајќи го цел терен, ама да ти рипаат орангутани во фаца па уште и ти да си крив и да го јадеш, е богами и не е најубавото чувство.
     
    На Elennaa, Peppermint и Lunaria им се допаѓа ова.
  8. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Според мене не е ни до Марин,а најмалку до кошаркарите.Првата половина од натпреварот убаво си даваа кошшви,додека пак Доминиканциве неможеа да погодат никако.Е после ни се смени среќата,а и Доминиканците се разиграа.

    Кога за малце ќе се затепаат тука нашиве едно 2 мин. се мотивираа малку повеќе :D
    Како и да е,фалеше една ваква утакмица да не здрма малце,да се посмеме,да си поплачеме на крај и така.

    За канадскиот судијата немам коментар.Крв да сере ! :@

    А Доминиканциве што се ку*чат толку....лелеллелеллелел :@ :@
    Кога ја видов таа нигерката у публика си викам како не сум таму....
     
  9. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=r0toy0kh ... r_embedded

    Играч од 1.83 да му закуца и тоа во фаца на НБА кошаркар со 2.10! Браво за Бо, само тој ги оправда моите очекувања. :clap:

    Очигледно дека нашите федерации си играат мајтап. Ракометарите си играа како да се на загревање, кошаркариве исто многу слабо, а се додека има селектори како Шундовски и Лазовски ќе ни се случува истото.
    Докузовски нема да се врати, тоа е факт и помирете се. Човекот сакаше да остане запаметен по тоа што ја водел репрезентацијата на ЕП, а четвртото место според мене беше чиста среќа. Ете го сега во Бугарија си освојува титули.

    Океј да, не еб*ше судијата во здрав мозок, ама од 20 поени разлика да бркаме на крај +10?! Не, тоа ниеден судија не може да го направи. Така да бидете малце самокритични и ќе видите чија вина е што ги губиме вака сите натпревари. Немојте само да кажете дека ги плукам. Воопшто! За мене секогаш ќе бидат херои, луѓето што ме направија горда најмногу на свет. Само не треба да се тапшаме по рамо дека ние сме биле супер, а судијата не чинел.

    Имаме далеку подобра репрезентација од Доминикана, тоа со сигурност ви го кажувам. Ама џабе, кога не знаеме како да го употребиме тоа во наша корист. Немаме ни тактика ни дисциплина.
    Поединци не сакам да обвинувам, немам ни право, а не ве разбирам зашто толку се*ете за Антич, озбилно. Човекот од толку лични што му набија дали 20 минути изигра од цел натпревар.
    Не може цел тим да се потпира на Бо, не може да се стави Гечевски еден на еден со Хорфорд, не може така да се решава утакмицата кога губиме со +9!

    И не, нема да имаме ваква шанса бар во наредни 5 години. Ова беше тоа и го испуштивме.
    Ова сме ние, нека им е јасно на сите што се лупаат во гради дека сме биле 4-то на Европско.
     
  10. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Навистина верував дека ке победат, верував во нив. И убаво си почнаа, одстигнаа +20 и од тогаш се разиграа жирафине, од тогаш почнаа да намалуваат. Незнам дали тоа има беше некоја тактика, да не изморат па да си ја завршат рабоата на раат, незнам али се е можно. У секој случај премногу им помогнаа судиите и според мене да не беа тие лични што им ги даде за џабе колку толку ке држебвме некоја разлика. И не дека они не се разиграа, се гледаше тоа ама сепак судиите си го направија своето. Башка ако ние победевме од Ј. Америка немаше да има претставник па можеби и заради тоа така направија...
    Како и да е, не беше фер!!!!!!
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Знаев дека секогаш нас судиите ни се криви, епа сега не ни беа, барем не круцијална.
    САМИТЕ СИ БЕВМЕ!
    Што од тренер, што од не координираност, од напразно и предвермено шутирање и форсирање на тројки.
    Чековски и Гечевски повеќе фаули наравија него кошеви што дадоа.
    Да не викам дека имаше истуации кога судијата можеше и да не досуди фаул за нас, но па кои сме ние па да ни прогледаат низ прсти судиите. Еднаш во второ полувреме незнам што се деси, ама Гечевски си забораи дека 24 секунди поминаа и нит шутна нит ништо, ни свиринаа им да дадовме топката на тацна.Добро бре има ли некој кој треба да им каже или самоте да се свесни дека нема време веќе. Не играат од вчера.
    И според мене најголмета грешка, сами се опуштаме и предвреме славиме. Така беше и тука сите среќни беа што сме ја избегнале Русија, и одма си се прогласувме за победници, ај бе тие кој се што се Доминикана. Епа тие имааат 2 НБА играча, од кој Гарсиа и Хорфорд. И 15ката ни беше малер бре.
    Јака репразентација се, џабе ги потценивме како и по обичај. Ете и Грците изгубија од Нигерија, а беа фаворит и тоа како.
    Видовме топ 15 ги водиме, абре дрва се овие, аха да дрва, извинета ама на крај ние излеговм дрвата, епа убаво ни го спопикаа. Викате нивна тактика било да го изборат противникот за да во 3 и 4 четвртина да не изиграат ко мали деца? Не туку наша тактита е тоа, удрина почеток слави на полвувреме, и после на крај, што испадна од играчка плачка.
    Нема да зборам ништо за Антич, зашто факт е дека не е тој тој. Како капитен треба да ги бодриш и да им влеваш надеж дури и кога нема надеж. А не он беше најскиселен од сите.
    Бо како и секогаш најпожтрвувано.
    На Иливески му тргна за прв пат 3 тројки мислам една по друга ги даде.
    Другиве малку заспани, на чело со капитенот.
    Криво ми премногу што изгубивме не за друго, имам потенцијал за да победиме, имавме и сметам дека го имаме, имаме прекрасни играчи со техника, пожртвуваност и штета што дозволиваме да пропадне ваков потенцијал.
    Но најмногу од се ме нервира ова, кога секогаш ги окривуваме другите за се, а никогаш не ја гледам грешката во самите себе.
    MAN UP! Дајте да си стоиме позади своите порази не само позади победите, и прстот према нас да го вртиме не спрема другите, мислам дека тогаш подобро ќе ни тргне.Колку и да ни згрешил некој судија,никогаш не може да биде пресуден за пораз.
    Но тоа е што е, живи и здрави да се, не е крај на свет,идеме следни наптреварувања, уште посилно, уште појако до ПОБЕДА!
     
    На esperanca, Viiiiip, Smilly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас само не знам зашто Aнтиќ воопшто не играше? :^) :^) оној гечевски малку повеќе така муленце уз трчање, споро тоа сирото, ај даде една тројка барем, најдобро играше Bо...

    Hи оние близнацине не ги видов, јас искрено освен Bо не памтам кој други дадоа кош
    :rofl:

    Kако и да е, на почеток бевме супер супер супер! Cудијата си е педер, нас не фати мрза по малце и тоа е!
    здравје боже во иднина
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Срам ми е да кажам. :tmi:
    Бев излезена и му се јавив на другар ми вика ее водиме со 20 коша.
    Си идам дома при крај трета четвртина, полека почнаа да ни се приближуваат.
    Си мислам да изгасам, викам абе ајде суеверна ли ќе се правам.
    И кога почнаа овие Доминиканциве :o и сама не знам колку 3ки ни дадоа :o

    Последните минути гледав без звук.

    Не ме тепајте :tmi:
     
    На Miss-Independent, Sparks, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ах бре македонче,македонче..се ситиме на поразот на Грција,оти нАли ние не сме чуле за такво нешто,само победа е опција..Ех!Да не е трагично би било смешно..
    Ве читам и ви се чудам бе.Мислам стварно не е фер да зборите дека судиите ја победија Македонија.
    Баш дискутиравме со френдиците на оваа тема,веднаш по натпреварот скокнаа како ни ја земаа победата од рака,па се запнаа судијата па судијата.Не успеав да им наметнувам мисленње,а и искрено не ми беше дојдено до тоа,па си се повлеков од дискосујата.
    До кога?Се прашувам до кога судиите ќе бидат криви за секој наш пораз?
    Ахам,судијата е крив што од 20негатива,Доминиканциве не тепаа со 10plus. |(
    Mислам,да не ме сфатите погрешно и јас плукав по судијата,ми вриеше крвта кога донесуваше контроверзни одлуки,рипав и лупав по маса од нервоза,ама ни на крај памет не ми доаѓа да зборам дека судијата е крив.Можеби сосем мало делче вина,ама не го колнете човекот бе. :D
    ..Дечки а моментот,кога овој од Канада суди 2лична за Бо,а коментарот на Игорче по забавената снимка.. :''Mа ова нема шанси да е лична во напад'' :rofl:
    И Спарскица комплитли агрии со тоа што си го пишала за психичкиот пад на спортистите по сите тие непромислени одлуки(ете случајот со Милан и Барса,кога досудија 2пенала за каталонците,и росонерите ептен паднаа психички,не дека пред тоа играа сјајно али.. :wasntme: )
    Ама..си мислам,ако го вртиш па од друг агол,да реагираа нашите кошаркари како Бо,и тоа да им даваше поголема мотивација,сигурно немаше ваков да биде резултатот.Му судат на човекот безвезална лична,му се крева притисокт,се лути,ја зема топката и буквало гази се пред себе,забива и тоа е тоа!Ма ѕвер бе!

    Е сега да прокоментирам за играта.Колку само ме израдуваа кога ги видов на почетокот како играат.Радости бе,и не ме радуваше резултатот,јас се топев од нивната игра.
    Успеавме да ги прилагодиме доминиканците на нашата игра,и го потиснавме нивното брзо темпо.Стрпливи напади,и агресивна одбрана..сташана комбинација!За жал само во 1 и 2 четвртина.
    Е потоа почнаа да се форсираат шутевите за 3ка,и нормално не оди така.Па ние почнавме да се прилагодуваме на брзото темпо кое се повеќе го наметнуваше Доминикана.Нашите сосем паднаа,па и кога гледаш дека не оди,времето не тече во твоја полза,тука настапува психата и сакал ти или не потсвесно се откажуваш.
    Како што кажав во претходниотпост,не треба нашата игра да биде форсиране за 3ка,туку игра во рекет и агресивна одбрана.Тоа е се.Така ние функционираме,тоа е нашата игра,во тоа сме најдобри.
    А шутеви за 3,нека вежбаат на тенинг,а не на важни утакмици!
    Уште нешто,Марин си е Марин,што сакате зборете ама фали човекот ептен.
    Штета,зарши олимпискот сон...навистина штета.

    И добро кажа Хипстер ,не ги плукаме,нормално е да ги критикуваме кога не сме задоволни од нивната игра.
    Не е се мед и мелко луѓенца!

    Не успеавме,но барем играа од срце ..
     
    На Miss-Independent, Buttterfly, rossonerka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Уште додека ги гледав Доминиканците со Русија, иако изгубија, беше јасно дека тешко ќе се носиме со нив. Дури мислам дека повеќе шанси ќе имавме со Русија. Со нив изигравме два скоро израмнети натпревари на европско, си се знаеме...

    Зборувајте што сакате, но со црнци не можеме, може звучи расистички, но тоа е биологија, генетика...
    и не можеме против тоа. Скок, кондиција, физичка издржливост. Видете го Бо... тој не беше ништо повеќе мотивиран од Гечевски на пример, но физичките предиспозиции си го прават своето.

    Мислам дека во второ не ги фати ни мрза, ни еуфорија. Едноставно паднаа физички, опадна концентрацијата што беше за очекивање после фуриозно прво полувреме (а мал фонд на играчи)
    И личните си го направија своето. Оној нивниот од НБА, во прво не даде кош само затоа што Антич а после и Чековски добро го чуваа. После оптоварени со лични, беше друга приказна. Тројките се лотарија, во прво ни одеа на нас, во второ на нив.

    За судијската субјективност-битна и тоа како за конечниот резултат, тоа е мое убедување. Во спортови како фудбалот, кошарката, ракометот тоа постои и не можете да кажете дека не е битно.
    Јас сум дури уверена дека уште сега се знае колку земји од секој континент треба да влезат на Олимпијада, и дека ние не сме биле во ниедна комбинација.
    Нигерија - грција, колку и да не ги сакаме соседиве, исходот ми нема логика, се работи за огромна разлика во школа, традиција

    И за крај, уште еден битен фактор за нашиот пораз - оние двајца чичковци на нивната клупа, нешто ко од НБА и слично.Тактика, тактика
    Не е нашиот тренер виновен што толку знае и умее. И јас сакам да знам како мојата колешка од Холандија, не е она ништо попаметна од мене, но таа учела на Еразмо во Ротердам, а јас....
     
    На Buttterfly, Hipster, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Досадна или не, еве уште една моја творба. ;)

    На почетокот со дваесет разлика ги водевме,
    и сите веруваа дека кон победа одевме.
    Многу лични грешкии правеа,
    и по некој кош тие ќе ставеа.
    Судиите на Доминиканците им помагаа
    а нас со личнте грешки ни одмагаа.
    На теренот имаше драми,
    кошаркарите во ова не беа сами.
    Погрдни зборови на сите страни летаа,
    Фемина ја оптеретивме,
    додекаа Доминиканците низ терен со насмевка шетаа.
    Се доближија и водеа,
    сега Македонците со замор во последните минути стоеа.
    На Мартинез му фалеше уште со судиите да се пресмета
    тоа нас и не ни смета.
    Сме паѓале,
    и повторно сме се раѓале,
    но овој пат далеку од победа бевме,
    без надеж седевме,
    и постови на фемина редевме.
    Изгубивме убедливо,
    и не се чувствувавме непобедливо.
    Не прифаќавме пораз
    но им честитавме со чист образ.
    Олимпијада 2012 остана убав сон
    како патриоти имавме тежина еден тон.
    Но, јас песната ќе ја завршам со најубав крај
    овде не застануваме,
    ниту потклекнуваме,
    подобро ќе биде следниот пат знај!
     
    На SimplyElegant, Lux, Anna-Banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    А јас да си прашам..
    Кога е наредното ЕП и СП? :wasntme:
    Да си се спремам.
    Оти Олимпијада вчера дознав дека била на 4 години. :tmi: :wasntme:
     
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Нема да плукам по нашите, зашто нели МАКЕДОНИЈА СЕ САКА И КОГА ПОБЕДУВА И КОГА ГУБИ :*
    УСПЕХ Е И ШТО СТИГНАА ДО ТУКА. БРАВО
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Aбе ко ќе слушнам/прочитам, ајде не плукајте се правите патриоти, до вчера ги славевте! :tmi:

    Па за кого бре да пишувам и коментирам, за Cтојанче, за Пеце столарот, за ѕвездата Деница дали била свртена накај салата кај што сме играле . . . не можам да сфатам како луѓе не разбираат дека истите тие спортисти што сакаат нека бидат, кога носат успеси и кога играат одлично - ќе бидат величани и пречекани така како што беа, кога не играат добро и прават почетнички грешки - ќе подлежат на критика.

    3а вчерашниот натпревар ќе резимирам кратко.
    Бо беше перфектен, јас тоа човече кога го гледам му се дивам, со подотворена уста го гледам :o , такво пробивање бре помеѓу 4 кошаркари, ќе ги сврти, ќе забие, абре тоа човече ни е благослов луѓе, дај Боже долго да го имаме во репрезентација, сите надежи кон него ми се свртени.
    3а другиве само Cамарџиски можам да го пофалам, во првата четвртина беше брилијантен, даде некоја 3ка, од обрач одбиени топки тој ги прибираше, во другите четвртини спасуваше наши топки од обрач одбиени, и толку.
    Oва другово беше . . . шта речи! Aнтиќ, што да кажам за човеков . . . не сум го величала никогаш, нема ни сега, па кој сака нека ме критикува. Hа овој турнир Cамарџиски покажа дека достојно може да ја носи капитенската лента повеќе од него. Па и на Eвропското не воодушеви со играта, Бо ни беше најдобар играч, ама и тие минути вчера што ги играше, ги играше крајно мрзливо, не се истакна во ниедна е*ана акција, даде кош во последните 2 минути и тоа од слободни. Беше демотивиран од неколкуте лични што ги направи на почетокот, и оние што му ги додадоа, ама толку бре да подлежиш на намерно направени фаули - е не сум видела богами.

    Другиве бледо издание. Tоше - слоу моушн, Илиевски на почетокот растураше со 3ки, мислиш 100 разлика ќе поведеме, во најважните моменти утнуваше, нигде го немаше. Браќава исто, Bојдан во последна четвртина ги даде првите кошеви, брат му не ни памтам.

    3а судијата од Kанада шта речи, малце му беше црнечкиот на Mартинез, изгледа реденка му правеле цела екипа, алал нека му е. :devil:
    Oна орангутанон што дивееше, што се срчка со Борче(та) си го доби своето. Cе закопа таму кај што остана. Да даде Бога да изгубат од Литванците или со 1 разлика, или со 60 разлика, да не знаат што поише да ги боли, племето нивно педерско. :devil:

    И нормално дека секогаш ќе ги бодрам, и ќе навивам за нив, тие се наши момци. Hо пред вистината и фактите, не можеш да премолчиш. Kога нешто не чини - ќе се искритикува.
     
  20. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Уште сум :o од вчерашниот натпревар,па не знам како успавме да изгубиме а цело време водевме.
    Кривци еден куп, почнувајќи од судите,па во нашата среќа, игра и што уште не, ама и македончина се сме бре, од првин ќе се покажваме, ќе градиме надежи и сонови и на крај се рушиме.
    Но, нема да плукам сега по нашите, спремни беа дечкиве, добро играја и на крај краева достигнаја стварно голем успех невиден за нас македончината :!:
    А, Антич можи слободно да се пензионира кога ќе стапни на македонско тло.