Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Веќе видено.. Ова некако постојано ни се повторува..
    Така со ракометарите, така и со кошаркарите.
    Кога еднаш ќе научат дека треба да играат се додека судијата не означи крај.
    На почеток ќе почнат многу добро, ќе направат поголема разлика и ќе се опуштат, мислејќи дека имаат голема разлика и овие нема да израмнат.
    Од водство со +20 разлика да изгубиш со -10 е само можно кај нас.
    На сите три натпревари беа катастрофа. Ни половина не бевме од она на Европското.
    Сами си ја пропуштивме шансата. Неверувам дека некогаш ќе имаме ваква шанса да учествуваме на квалификации за ЛОИ дури со 3 колективни спорта.
    Ама што надробивме тоа ќе си сркаме.

    Морам да го пофалам Мекелјеб.
    Единствено тој го даде својот максимум од себе. Но тој не можеше се сам.
    Повеќето од репрезентативците треба да учат од него како се игра за својата татковина, иако Македонија не е негова татковина. Секоја чест. :bow:

    А за Антиќ немам зборови. :tmi:
    Кога сите го напаѓаа за тоа со ФИРОМ, си мислев можеби човекот немал друг избор, ама сега сфаќам дека имале право. Па овој навистина бил продадена душа.

    И на крај ќе кажам колку само фали Марин Докузовски.
     
    На Miss-Independent, Hipster, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Абе Борче е закон :rock: , колку сакав тој лиглото да го налутеше уште малку чинам дека ќе ги скинеше со кошови. Секоја чест, навистина зборовите се малку за него и неговата пожртвуваност. Да се прашувам јас би му изградила споменик на плоштад. Како само душа остава на терен и се бори за земја што не е негова матична. Ама наш си е бе, македонче во душа е. Нема веза што не е од тука.

    За Антиќ ми беше зборот. Стварно не ми е намерата да плукам по човекот или да го нарекувам предавник. Јас го ценам како играч и лидер на нашата репрезентација на европското ама стварно многу млако издание од него. Не само ова, туку и претходните. Како да не му се игра буквално, другите можеби промашуваат понекогаш, можеби немат свој ден ама сепак се борат бре, Антиќ како што кажа некој претходно го заприметив стои под кош место да игра, да се бори. Што му е работа стварно не знам. Повторувам уште еднаш, секоја чест за тоа што го направил за репрезентацијата ама волку бледи изданија од еден таков играч не смее да си дозволи едноставно.

    Вчера не бев баш во состојба, па да искоментирам и за другите. Браќата исто не беа многу во форма, и се согласувам со еден претходен коментар дека кога гледа дека не им иде треба барем еден да замени, не двајцата во исто време. Мојот омилен Илиевски чинам дека почна малку несигурно ама после се поправи, па и тие тројките што ги заби :clap:. Таман татко ми го искритикува. Велам не збори така за мојот играч, ќе се покаже сега наскоро и ОП три :).

    И сега плукавме што плукавме по судиите. И јас плукав, се нервирав, кршев, ама кога ќе размислиш со поладна глава 20 разлика ја стопивме за 10 минути. Настрана судиските одлуки требаше да не опаѓаме во нивото на игра и да продолжевме со истото темпо до крај. А ние што се вели, почнавме супер во старт и на крај си рековме, ах не ги бива овие и почнавме да се опуштаме. А НЕ ТРЕБАШЕ. Колку и да имше судиски грешки и фаули безвеза ама баш безвеза не требаше ни да им дозволиме да се приближат а не да не стасат од 20 разлика :x . Мислам дека и премореноста на играчите имаше своја улога, требаше да се прават повеќе измени и тренерот малку ја зезна работата. Како да не знаеше кој играч не штима па да го одмори малку, ах ми фали Докузовски :(. Беше мајстор за тие работи.

    Како и да е, бидна што бидна. Имаме златна генерација на кошаркари и покрај се ама ете, проблем во тактика, стратегија и изгубивме еден битен меч. Се надевам дека ќе научиме од овие грешки и ако ништо друго и во иднина ќе постигнуваме уште подобри резултати. Барем со овие момци можеме.
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Извини ама.. Зошто за поразот од Ангола, не ги кривевме судиите? Јас барем не прочитав ниту еден таков коментар.
    Со Ангола барем цело време губевме, со огромна разлика. И не ми беше толку криво како овој пат. Тогаш имавме шанса, кога покрај толкаво водство, симнавме на само +2, и наша грешка беше што ја прокоцкавме шансата.
    Ама овој пат, не.
    Пред малце, односно пред неколку часа, пак ја гледав репризата. Пак видов како го лупнаа Чековски, и наместо фаул во напад, на нив им дадоа слободни. И во другиот случај кога на тој му беше влезена ногата во тој кругот под кошот.
    И пак се изнервирав. И нормално е дека нема многу да ризикуваш, кога гледаш дека за секој потег имаш лична, и кога веќе ти изнаредиле 4. Кој што прави, овие ги гледаш како даваат слободни. Па како нема да се исфрустрираш?
    Од Антич и не очекував многу. И така повеќето време го преседе.
    А после Борче, секоја чест и на Самарџиски. Па дури и на Илиевски, што малце му тргна со тројките.
    Толку од мене. :)
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Е де |( море ќе не памтел цел живот, бре ептен емотивно бил врзан за нас :D дали од страв или од страв дека неговите играчи можеле да утнат во играта :D Ах, некогаш толку им се смешни изјавиве, што апла се гледа дека бил свесен дека можел и да изгуби, како и тоа дека победата не му е баш од срце доживеана :rofl: Ме иритираат вакви изјави, полни со егоизам |(

    Како и да е, нашите играа доста добро, здравје ќе има и следни натпревари каде можат повторно да покажат тоа што најдобро можат.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Јас не знам што се фативте со изјавите на Домениканциве.
    Го практикувате она кој губи има право да се лути а :)
    Па ние до ден денес сечеме вени на последните секунди од натпреварот со Литванија, го величиме како злато да добивме светско.
    Па читам под видеата на јутуб коментари од Литванците како ни честитаат, нема коментари у стил ај доста не се фолирајте.
    Така да имаат право луѓето бе да се радуваат, што сакаат имаат право да изјават.
    Они си ја имаат победата, тоа се помни, победата!
    Не е битно Мартинез што е прљав играч, ни што се глуматори, не е битно ни што судиите беа американци и ги подржуваа.
    Се помни дека ние прокоцкавме 30 коша, а они идат во полуфинале, евентуално на Олимпијада.
    А ние ќе си се печеме на македонскиве горештини и дома у двор ќе си гледаме олимпијада, која засега ни е неостварен сон.
     
    На Smilly, esperanca, Miss-Independent и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Нормално дека имаат право да се радуваат, тоа никој не им го оспорува.Проблемот е што, победата значи и како таа е добиена, дали и со каков труд.Не е само да се победи, што дека победиле и дека ќе одат во Лондон, а таму не ни успеат и останат анонимни, тогаш ќе се види колку била сегашната нивна победа заслужена.Ние лани доста добро игравме, што нели секој би се согласил за тоа, па дури и изјавите на странците беа такви.Но изјавава на тренеров на Доминиканциве зрачи со егоизам, не признава никој друг над себе си,а нити пак го константира нашиот начин на игра, без разлика што победил.
    Ден денес и да ги прашаат странските репрезентации за кошарката што се случила лани, сигурно ќе не спомнат, затоа што сме оставиле впечаток.Не е се во победата, туку во тоа како се стигнала до неа.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Искрено да ви кажам едно нешто што заклучувам се повеќе и повеќе, ама немој да ми се нафрлите, ние не знаеме да навиваме. Ние сме само повремени навивачи, повремено пратиме спорт било кој и тогаш сме главни стратези, никој не чини само ние сме цвекиња за мирисање. Разбирило е да си пристрасен за својата татковина, но тоа не дава право да се ситиме и плукаме. Еден факт докажува тоа што сите се изнаситија кога изгуби Грција. Го гледав натреварот и ќе заклучам само дека имаат навистина добар баскет но кај нив секунди беа у прашање.
    И кај нас се знае, ХЕЈТОТ и испевањето со одраз за како демек јаки навивачи и искрени до срж |(
    Мислам дека не само во играње туку и во навивање треба да учиме од некој други држави.
    За мене е најспортски и нај фер на свет кога ќе изгубиш да дадаше рака да чеситаш на добрата игра и победата, и за мене тоа и те како те прави подобар човек.
    Ние кога победуваме брзо забораваме дека сме биле и на другата страна, а кога кругот ќе се сврти, а најчесто и се врти, тогаш сите ни се криви и кукаме и се жалиме.
    Убаво викаат скромноста е најголема особина, да бидеш победник, ама да почитуваш и не потценуваш тој што си го поразил,зашто утре тој може лесно да дојде на твое место.
    Мене лично не ми е гајле од каде е судија, дали е грк, педер, сељак, фраер, битно им е дека изгубивме и тоа не дека бевме драстично послаби, туку слабо мотовивирани и неистрајни. Тоа мора да го промениме што побрзо и да работиме на тоа да научиме да почтуваме било кој противник, а не да се прогласуваме за победници при прва прилика, па да дремеме и на крај цел свет да ни е крив дека ние сме Македонија, нас сите не мрзат, сите се против нас, ние сме вакви такви. Сожалување од најлош вид.
    И репрезентацијава нека се собере на куп, нека анализира сите досегашни наптревари, грешки, тактики, потези, и нека прави измени, зашто нешто не штима во репрезентацијава и мора да се открие што е.
    Рибата прво смрди од главата па после од опашката.
    П.С ја читам изјавата на Домениканскиот тренер и се чудам, што видовте лошо, јас ни еден тон навредлив или со цинизам не прочитав. Слепа сум или незнам што, ама сосема океј си кажал јас не очекувам ништо повеќе од тоа па и ова е сосема доволно, што да не сакавте да каже абре тапа сме ние вие сте подобри, ние незаслужено победивме ај вие играјте ако не |(
     
    На Smilly, Buttterfly, rossonerka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Да бе не е само да се победи....Финтата е да се игра на Олимпијада.
    Како бе не е само да се победи?Па милион пати повеќе би сакала и да играа на кварно нашите и да победеа,него ли вака што не поебаа и што се поебавме сами.

    Пред да зборите вака размислете кога пак ќе имаме шанса да играме квалификации за ОИ??
    Во следните 20 години сигурно нема.
    Бо вечно нема да игра за наша репрезентација,он е само натурализиран играч.Оваа постава 70% се менува за некоја година ако не и помалце.А и кога ќе бидеме во првите 5-6 на Европско пак,е исто така прашање,така да....
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ох боже, почнаа сега... аман веќе после секој пораз одма да се менел селекторот, јес да си има свој удел за поразот фала богу, ама напнаа веќе... се изнагледав 100 групи на фб да се врател Докузовски, овај Лазовски ваков Лазовски онаков, аман :emo: ...

    И јас сакам да се врати Докузовски ама ја напнавте бре беља работа :tmi:
    Искрено се каам што пак го активирав фејзбукот |(
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mack-ka

    mack-ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Уште неможам да го преболам поразов..
    Вчера уште што не заплачев, ама тоа е тоа идеме понатаму !

    Него.. да не знае некој како завршил натпреварот помегу Литванија-Порторико?
     
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Да. Литванија победи со 5 разлика, а резултатот точно не го памтам. :)
     
  13. mack-ka

    mack-ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3

    Колку ми е криво вакаа... литванците со 2 состав ги победивме (пријателската)..и сега сигурно ке ги победевме.. сигурна Олимпијада ни беше.... САМИ СИ СЕ ЗАЕБАВМЕ !

    Иначе-Фала ..
     
  14. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Леле пак јас на темава, досадна станувам :tmi: :D
    Еве една одлична анализа на причините за вчерашниот пораз.
    http://balkan-sport.net/2012/07/razlozi ... neuspjeha/

    А и сакав да прашам,кога е Светското во кошарака,и кога се квалификациите?Знае ли некој? :?:
     
  15. mack-ka

    mack-ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сега прогуглав.
    Европско првенство ќе има 2013 во Словенија.
    Светско првенство ќе има во 2014 во Шпанија.
     
  17. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Веќе беше и време да заминат Гечевски и Чековски,само не дај боже да замине Бо.Ако тоа се случи,слободно можеме да кажеме адиос на нашата репрезентација во наредни 3-4 години (додека не дојде некој нов талент.
     
  18. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Гечевски ајде разбрано е ја нема таа сила во човекот повеќе, ќе си остане легенда на македонската кошарка, а Чековски мислам дека можеше да игра и в година во Словенија има значително подобра форма од Гечевски бар според мене...
    Да му се помолиме на господа Бо да не замине за некоја НБА екипа, зошто можиме да се поздравиме со него засекогаш...
    Исто така критична е состојбава на Антиќ кој можда и нема да игра понатака...
    И не ми е јасно зошто е Илиевски наведен погоре во постот, да се изјасни дали би играл понатака :^) ?!

    Ако овие сите заминат мојме да си се поздравиме и со кошарка и со европски и со светски првенства и со се живо и диво, нигде никаде ќе сме :@
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Напнав со темава.
    Ама не ме фаќај за збор, он е оженет со ќерката на некој бивш кошаркар, од Словенија. И јас ко што знам таму живее. А знам нешто се збореше и дека не било сигурно и на европсково што беше дека ќе игра.
    Незнам.
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Помина еден час, помина возот..
    И официјално, Русите и Литванците одат на Олимпијада.
    Литванците ги скантаа Доминиканите со 27 разлика.
    А ние ги победивме Литванците. Помина.
    А коментаторот: Е овој пат Мартинез, нема за што да пее на крајот на натпреварот. Овој пат не им одат така лесно тројките. :D
    За трето место ќе се борат Ангола и Доминикана. Јас ќе бидам сепак за Ангола.
    Или заборавив, ај да не изразувам омраза..
    И ветувам ќе намалам со коментари во темава. :tmi: