Уф, незнам јас гооглав преска и читав нешто као демек женаму не го пуштала да игра за Мк, сакала за Словенија ... а после читав изјава нејзина дека она го бодрела секогаш и сакала демек и синовите нивни некој ден да играле за нашата репрезентација шо е сеа точно? Појма немам .... Инаку читав за македонци кои живеат во странство и играат кошарка и едно дете ми западна во очи... Marco Djarliev ( Alexander ) Born 14 August 1991 (age 20) Skopje, Macedonia Height 1.85 m (6 ft 1 in) Weight 80 kg (180 lb) Team Harbour Heat И исто така на гоогле пишува Nationality= New Zealand и тука се сецнав , ама си ги имал задржано двете државјанства го има и Македонското ама нормално дека нема да му го напишат на гоогле, која е Македонија за нив ... И дечково игра супер гледав снимки на јутуб, игра на позицијата која моментално ја има Илијевски во нашата репрезентација и покажувал голема желба да игра за репрезентацијата на Македонија што е важно, иако го има државјанството на Нов Зеланд и играл само за олимпискиот тим во Кина, спремен бил да се откаже од нив за да заигра за нас,го нагласил ова во неколку интрервјуа, во јануари месец бил дојден во Македонија и инсистирал да се сретне со Докузовски ама тој бил на одмор, па детево се сретнал со Антиќ, и од тогаш Антиќ премногу инсистирал да го повикаат да игра,а јас незнам шо изводат овие од федерацијава...млад е и мислам дека ваков дечко со таква игра би бил и те како добредојден во репрезентацијата... Читав и некои бројки за него.. лани просечно поентирал 42.6 поени што е огромна бројка според мене , а на некој многу битен натпревар против Palmerston North постигнал дури огромни 50 поени , сама неможев да си поверувам на очиве .... Ваков играч и те како добро би ни дошол јас незнам шо изводат овие нашиве, ејј дошол сам да бара средба за да игра и никој не се заинтересирал, а нормално со вакви фрапантни бројки кој не би се заинтересирал за средба?!, и ако не го земат нашиве сигурно ќе го повикаат од таму, таков талент не верувам дека би го испуштиле од раце, а нашиве да не го повикаат покрај неговата желба е грев,грев!
Повеќе од 24 часа поминаа од натпреварот и поразот, па мислам дека сега можат да се дадат пообјективни мислења и критики, затоа што еуфоријата колку-толку стивна. Иако сеуште ми е многу тешко заради поразот и прокоцканата шанса, главни виновници за вчерашниот пораз сме си ние, а сето тоа дополнето со контроверзното судење, не доведе до овој дебакл. Играта со неевропските репрезентации очигледно не ни оди, иако можеа да направат нешто т.е. повеќе работи за поволен резултат. Како и секогаш, прво полувреме супер, второто катастрофа. И тоа е мал збор. целосно опаднавме, физички и психички. Како муви без глави, незнаеја кај тераат последните две четвртини. Место да гледаат да ја сочуваат солидната разлика што ја имаа прво полувреме, пак почнаа со шутирање од непромислени позиции, неразумни обиди за тројки итн. Последните минути ми беше мачно да ги гледам... Ни дијазепам ни ништо не ми помагаше, не сакам ни да замислам како е да си во нивна кожа. Како ја прокоцкавме таа разлика не ми е јасно, како си дозволија така да се опуштат. И заради личните (за кои сметам дека две од нив беа досудени неправедно) Антиќ како да играше со врзани раце, за што и го разбирам донекаде, еден од клучните играчи е, фалеше уште без него да останевме, па каде ќе ни беше крајот... Инаку браво за Бо, Илиевски и Самарџиски, посебно Бо, кој блескаше не само на овој натпревар. Играше скоро перфектно. И искрено, немаше ни пола од онаа еуфорија на Европското. Незнам зошто, добив вчепаток како и на луѓево да им е сеедно. И за крај...се согласувам со секоја негативна критика за Лазовски. Има огромен, ако не и главен удел во неуспехот.
Eлена да не си се збунила? Ангола е испадната... мислиш на Нигерија? Нигерија и Доминикана ќе се борат за 3 место.
Беше што беше, не треба да плукаме по кошаркарите, напротив треба да ги поддржиме. И ова е далеку до каде стигнавме, се надевам догодина уште подалеку.
Еве го одговорот на Докузовски на прашањето зошто повеќе не е селектор на репрезентацијата. Ја немам зборови за нашите фудбалски и кошаркарски федерации.Чисти криминалци. „Слушнав многу различни коментари на оваа тема, но не сакав да се вклучам во јавната дискусија бидејќи не знаев како ќе бидам сфатен и бидејќи не сакав да се зборува многу на таа тема. Но, сега сакам да потенцирам само една работа. Од завршувањето на ЕП во Литванија, па сè до 5 јануари годинава апсолутно никој не контактираше со мене на тема околу останување во репрезентацијата. Не е точно дека сум сакал да одморам или да размислам, какви што беа информациите лиферувани во јавноста. Вистината е дека никој од предводниците на македонската кошарка не ме контактира и не ми понуди ништо во врска со продолжување на договорот. Јас по шампионатот не бев никаде тренер, а веќе не бев на платен список на МКФ и поради тоа што од нешто морам да живеам на почетокот од годинава ја прифатив понудата да бидам тренер на Лукоил. Дури тогаш, еден ден откако потпишав за бугарскиот шампион, ми се јави претседателот на МКФ за да поразговараме на тема околу селекторската функција. Тоа едноставно беше алиби повик на Даниел Димевски бидејќи знаеше дека јас веќе ја завршив работата со Лукоил. Мојот договор со репрезентацијата заврши со крајот на ЕП во Литванија и ако сакаа да останам селектор уште тогаш ќе седневме на маса да се договориме бидејќи кај мене имаше огромно расположение за тоа. Но, кога видов дека три месеци никој не ме контактира, нормално и јас се почувствував повреден, но не сакав да давам изјави и да направам скандал бидејќи направивме голем резултат, кој не сакав на никој начин да биде ставен во втор план. Не е важно дали селектор ќе биде Марин или некој друг, важно е македонската кошарка да има бенефиции од тоа што го направивме во Литванија“. Еве го и целото интервју со Марин http://www.mkd.mk/34917/sport/dokuzovsk ... -selektor/
уште што нема да се изначитаме, овој ова рекол, друг друго, човек да не знае на кој да поверува само тие си знаат што е и како е, ова што бидна, бидна. Изгубивме и се враќаме дома, само мора да научиме да прифаќаме порази. Кој губи има право да се лути
Сепак, они се нашите херои. На нас судиите не победија, а не доминиканците. Самарџиски и Бо дадоа се од себе, а близнаците не беа во форма. Туку ајде , тоа е.
Абе луѓе ние првото полувреме бевме супер, и мислевме готово, победа. Овие не изморија, изгубивме концентрација, судиите беа на нивна страна, правеа лични грешки, добро неколку направија, а неколку беа судени за џабе, напнатост и пртисок, нервоза се чувствуваше и готово, се знаеше дека така ќе заврши натпреварот. Ама што е тука е, тоа е составен дел во спортот, памет за следен пат. Значи подобро да не се изморуваш во прво полувреме за да ги здробиш во второ и да победиш. Оу јеа, како што ни напраја овие.
Никогаш нема да го преболам овој пораз.Ајде догодина пак ќе си гледаме Европско и ќе си навиваме А Доминиканциве нема да влезат на Олимпијада,зошто јас ако проколнам...
Знаев дека има нешто матно во заминувањето на Докузовски, сега сите од федерација да си се маваат со кошаркарска топка по глава, море тоа малку им е, каков стратег си замина и притоа сакал да биде уште, мене ми ида да си се убијам
Хахахаха реков дека џабе се фалеше толку нивниот тренер Ах, море, се се враќа и плаќа Додека за нашиот тренер Марин, само и нашиве не требале така да му направат, ако не сакал да се откаже од својата работа.Кога веќе и самите знаеле дека навистина си ја врши својата работа професионално и овозможува успех.Ај здравје, ќе биде и подобро
Karma is a bitch ! Така им требаше на мангупите.Пак да глумите мангупи. Море можеби подобро ќе беше да се пласираа па да го јадат дебело од Америка,како сите што ќе го јадат.Само што го прочитав составот на Америка денес останав... Епа ајде Наваро сега да те видиме
^ Само што сакав да го пратам ме претрка ... Не правиме ништо без нив, тие ни се клучот! Посебно Бо и Антич... Абе, црнчее, изгина на терен и сега да си одиш, аа се надевам дека не е вистина, па и другиве се потребни, ај ќе видиме, можит се шпекулации само.
Леле уште ова ако ни го направат се колнам дека нема да гледам македонски спорт, нема да ја следам ниедна репрезентација на македонија,никогаш во живот!!!! Значи срцево ме боли коа слушам дека ни се распаѓала репрезентацијата,најискрено ми се плаче
Фокус веќе втор пат за 2 месеци го објавува пензионирањето на Антиќ. Го фатиле на пик. Oдлично новинари, се ќе направат за да се продаде весникот и за неколку илјади читања на веб страната. Верувам во се што ќе слушнам, додека не излезат со официјални изјави ништо за мене не е точно. Пензионирањата се нормална работа во спортот. Гечевски ОК јасно е. Но останативе очекувам да ги гледам бар на уште едно големо првенство, ако не и на повеќе.