Еее сега братчињата нека останат. Во нив ни е надежта. Тие се помлади, ама поискусни, со некои нови таленти се надевам дека ќе имаат убав склоп и дека повторно ќе бидеме јак тим. Ама како стариот никогаш повеќе нема да бидеме. Јас посакувам новиот тим да е трипати поуспешен од стариот.
^ Лукс дека ќе бидат трипати поуспешни не очекувај, но сега што е тука е. Ќе дадат се од себе и ќе се потрудат да не не разочараат. Близнаците се тука Предраг Самарџиски Има 2-3 тројца што не играа на натпреварите, не им го знам името Иако без Бо, Антич, Владо и Тоше ќе биде многу многу многу потешко, тие ни беа клучот посебно Бо, а сега... Иако мислам дека тоа што ќе(ако) си оди Бо е предност за нив, но не и за лесно добивање победи. На пример кога беше Бо, тој постојано ги спасуваше, и, даваше кошови, а овие малку спиеа на натпреварите, Бо беше тој што секогаш имаше идеја во главата и ретко промаршуваше кош, па овие си се навикнаа на него, и цела работа падна на него. И постојано ни носеше победи, еве на пример на препоследната утакмица Антич заврши со 2 коша од слободни, а тој имаше постигнато двоцифрена бројка на дадени кошови. Океј, и фаулите пречеа, ама дефинитивно тој се кршеше на терен за победа, а нашиве тоа како да го сфатија ах, супер, половина товар на него. Ама сега, кога ќе си оди, повеќе ќе потат мишки, ќе се трудат и се надевам дека ќе не израдуваат со некоја победа, иако вака гледано од моја точка како веќе да не постои таков тим. Надежта е во Војдан и Дамјан. - Дамјан
Не стварно нешто мириса тука...не можно во рок од два дена сите да се откажат,нели? ...Чудно ми е некако...Прочитав кај Глоси и по другиве интернет-портали и Бо ќе ќе си оди?Ако он си оди ќе се сликаме у Словенија ....Освен што ни останаа нашите близнаци Дамјан и Војдан,Самарџиски и се разбира Чековски...Се надевам дека нема и они да не напуштат??Бидејќи,ако и они си отидат веќе ништо нема да биде какао порано...на жалост
искрено мислам дека за Перо Антиќ е лага....да имаше нешто такво ќе имаче и на вести како за Тодор Г.
Бо не оди нигде .. Тој уште пред да заигра за Македонија рече дека секогаш кога ќе биде повикан ќе игра за Македонија освен ако не добие ангажман во НБА лигата .. Бо пред скоро еден месец потпиша со Турски Фенер на 3 години .. Значи 3 години мирни сме сеа, ако не го чапне следната година некој НБА тим што би дал големо обештетување .. Остајте ова новинариве што си пишуваат ни мое ни твое за да си подигнат тираж ..
погледнете по убаво и ке видите дека за перо неза веза за постот пред 14 часае обајевноаа нема ни коментар ништо, да беше вистина кје се кренеше паника сите кје информираа
Абе, нели во септември ќе игравме нешто квалификации за светско 2014? знае некој на кој датуми? Најдов нешто ама нема датуми... ? Едит: ФИБА реши од 2014 година да не се игра Светско првенство во кошарка, туку турнирот да се нарекува ФИБА Светски куп. „Новото име е кратко и препознатливо. Терминот „светски куп“ е познат кај љубителите на спортот во целиот свет и добро звучи на разни јазици: Копа дел Мундо, Копа дел Мондо, Куп ди Монд“, порача генералниот секретар на ФИБА, Патри Бауман. На церемонијата во Мадрид беше преставено и логото на наредниот ФИБА Светски куп, кој ќе се одржи во Шпанија во 2014 година.
Нема квалификации за светско .. Пласман се обезбедува преку Европско првенство .. Поточно првите 3 одат од ЕП одат на СП .. А ова Шпанциве што кажуваат светски куп ова она, само титулата да земат некако покрај Америка .. Безвеза тотално ..
Лазовски дал оставка... Алелујаа!!! Се надевам дека Врбица ќе го врати Докузовски назад... Никој не ги познава способностите на момците подобро од него!!!! Ех да може некако македонската јавност да реагира за да го вратат назад да биде тренер на репрезентацијата ќе биде прекрасно...
Најдов едно видео, се пресмеав http://www.youtube.com/watch?v=j8nx_8wRpUw VS http://www.youtube.com/watch?v=pAj6SLty ... re=related
^^^ Не, Гечевски и Илиевски, повеќе не. И Антиќ еднаш пиша на фб, дека нема повеќе да игра, ама еве го, се врати.
Еве... http://www.bezpardon.mk/gechevski-nema-povek-e-da-igra-za-reprezentatsija/ http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=10672