^^^ Од 4ти до 22ри септември. Ова е нашата група, каде што ќе треба да водиме. Босна и Херцеговина, Литванија, Црна Гора, Србија, Латвија. 4 септември 2013 Македонија-Црна Гора (17:45) 5 септември 2013 Литванија-Македонија (21:00) 6 септември 2013 Македонија-Србија (21:00) 8 септември 2013 Босна и Херцеговина-Македонија (14:30) 9 септември 2013 Латвија-Македонија (14:30)
http://www.makedonija24.mk/play/pero-an ... lanta-hoks Еве го и неговото прво интервју во Атланта. Не сум нешто посебно импресионирана од неговата игра, страшно многу утки правеше за 3ка како и за репрезентација, така и за Олимпијакос, ама е првиот македонец кој ќе игра во НБА и се надевам на добра игра.
Новата реклама на ОНЕ со кошаркарите. Не знам како ќе ја доживеете но мене ептен ме наежи. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... YTxVX_LBfI
Ааа може во кратки црти да ме информира некој што како се дешва, со кого ќе играт кошаркариве,кога,каде што???
На денешен ден пред 20 години македонската кошаркарска репрезентација го одиграла својот прв официјален натпревар. Во чест на тоа, денес во СЦ „Борис Трајковски“ е поканета литванската кошаркарска репрезентација да одиграат со нашите пријателски натпревар, кој се смета како дел од подготовките на Европското првенство следниот месец. Инаку, натпреварот почнува од 20:00 и сите карти веќе се продадени. Пренос ќе врши Канал5 од 19:30.
Благодарам на појасување А на европско ќе одиме или?? Читав дека пола се откажале од играње за македонија
Да, да ... одиме. И скоро сите се вратија. Антиќ, Гечевски, Илиевски, МекКелеб ... Во полн состав ќе бидеме и во Словенија.
јее супер ќе има навивање Спојлер ептен ми е јака атносверата кога има организирано гледање кошарка немам врска од спорт и не пратам спорт ама не пропуштив ни еден кош на бошко нема ни сега
www.youtube.com/watch?feature=player_em ... YTxVX_LBfI Ме наежи и ме потсети колку јако беше пред две години.Натреварот со Литванија го следевме во Грција во еден паб, собрни накај 50 Македонци и плус Срци и кога победивме го виевме Македонско девојче.На Грците не им се веруваше но имаше и такви што ни честитаа.