Едвај чекам да дојде среда! Знам дека ќе има многу нервози,изгубени нерви,ама пак адреналинот е тука! Пивце,грицки,добро друштво,баскет и секако коментарот на Игорче Трпевски д леџенд! Стварно им посакувам среќа на момците,мислам дека тоа највеќе ќе им треба и поклопување на сите коцки...ама да идеме чекор по чекор,прва најбитна ствар е да се помине групата! Идеме јако!
Едвај чекам да почне. Да ќе има нервози ама таа возбуда, таа еуфорија никогаш нема да ја заборавам. Убедена сум дека и сега ќе биде така.
^ 04.09.2013 Среда Македонија – Црна Гора (17:45 ч) 05.09.2013 Четврток Литванија – Македонија (21:00 ч) 06.09.2013 Петок Македонија – Србија (21:00 ч) 08.09.2013 Недела БиХ – Македонија (14:30 ч.) 09.09.2013 Понеделник Латвија – Македонија (14:30 ч)
Многу сум возбудена, конечно да почне Евробаскетот и мислам дека никој не е толку колку мене. Им посакувам прво добар пат бидејќи утре заминуваат за Словенија и им посакувам премногу среќа да ги следи не само во среда туку на терен па и цел живот поради тоа што мислам дека тие и Тоше беа тие кои што Македонија ја истакнаа како земја. Знаеме дека сме јаки и дека можеме многу повеќе меѓутоа што и да се случи сите кошаркари ќе ги почитувам поради тоа што не е навидум многу лесно 1 час да трчаш, скокаш и да рипаш а притоа да знаеш дека ти, Македонија, Македонците очекуваат максимум од тебе. Ова се вистина луѓе кои многу ги почитувам поради тоа што како што спомнав горе прекрасно ја покажаа нашата земја, дека постои Македонија и дека постои Македонски народ кој може да се справи со многу предизвици. Јас не велам дека не ги почитувам и ракометарите кои постигнаа исто така одлични резултати меѓутоа кошаркарите ми се на 1 место. Што и да се случи во Словенија ќе има место за нив во моето .Мило ми е што Гечевски прифати да игра и му симнувам капа Само заедно можеме да постигне тоа што очекуваме а сите очекуваме што е можно повеќе. Уште 3 дена. Со среќа момци. ВЕ САКА МАКЕДОНИЈА
Пипан: Не се плашиме од никого, но може да загубиме од секого Селекторот на Македонија вели дека квалитетот на селекциите во нашата група е израмнет и потенцира дека секој секого може да победи. Во интервјуто за „Дневник“ Алеш Пипан вели дека тешко е да се предвиди уште сега кои три селекции од нашата група, во конкуренција на Македонија, Црна Гора, Литванија, Србија, Летонија и БиХ, ќе обезбедат пласман во следната фаза. Тој вели дека ќе се оди чекор по чекор, меч по меч и секако дека се надева на најдоброто. - Тоа е група во која секој може да победи секого. Нема изразит фаворит, ниту аутсајдер. Мислам дека на едно ЕП треба да се поклопи се` за да забележите успех. Треба да ни е денот, треба да имаме малку среќа и, конечно, треба да се потпреме на себе и на својата игра. Ние можеме да ги победиме сите во таа група, но можеме и од секого да изгубиме, вели македонскиот селектор. Алеш Пипан вели дека е свесен дека очекувањата на македонската јавност се големи, пред се поради успехот во Литванија пред две години. Сепак, потенцира дека не треба да се прават големи планови, туку да се оди чекор по чекор, а најважно според него е да се обезбеди пласман во втората рунда. - Ние имаме квалитетен состав, моите играчи одлично го одработија подготвителниот период, посветени се, ангажирани и одговорни. На натпреварите во Словенија треба само да го реализираме она што сме го работеле и за што сме се договориле. Противниците можеме само да ги почитуваме, никако немаме страв од никого, вели Пипан во интервјуто за „Дневник“. Македонските кошаркари вечерва заминуваат во Словенија, а на 4-ти септември со почеток во 17:45 часот го играат првиот меч на ЕП, противник е селекцијата на Црна Гора.
Еден ден пред заминувањето за Словенија АЛЕШ ПИПАН ГО ОБЈАВИ КОНЕЧНИОТ СПИСОК ЗА ЕВРОБАСКЕТОТ 2013 ГОДИНА (01.09.2013) Како што и порано беше најавено, селекторот на нашата кошаркарска репрезентација Алеш Пипан, на денешниот вечерен тренинг ги соопшти конечните 12 имиња кои ќе патуваат на Евробаскетот 2013. Еден ден пред заминувањето за Словенија, Пипан им се заблагодари на Марко Симоновски и Бојан Крстевски. Уште на прес-конференцијата одржана во МакАутоСтар во петокот, селекторот Пипан потенцираше дека е исклучително задоволен од залагањето и работата на сите кошаркари од поширокиот список. Напомена и дека на помладите играчи, кои одлично се покажаа на подготовките, им претстои светла иднина низ настапите за репрезентацијата. Конечните 12 кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на Евробаскетот во Словенија се: Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ (капитен), Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски. Нашата репрезентација за Словенија заминува утре попладне и пред првиот натпревар во Црна Гора закажан за среда, ќе одработи неколку тренинзи. Почнувајќи од среда (4 септември), на денот на отворањето на Евробаскетот, па заклучно со понеделник (9 септември), нашите репрезентативци ќе одиграат пет натпревари во рамки на првата групна фаза против Црна Гора, Литванија, Србија, Босна и Херцеговина и Летонија. Со пласман на некое од првите три места во групата, Македонија ќе продолжи во втората осминафинална фаза од Првенството каде ќе вкрсти со најдобро-пласираните три репрезентации од Групата А каде се наоѓаат Украина, Велика Британија, Франција, Германија, Израел и Белгија. За Македонија ова ќе биде четврти настап на Европско Првенство по учествата во 1999 година во Франција, 2009 година во Полска и 2011 година во Литванија, каде нашата селекција стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот на четвртото место. http://basketball.org.mk/?ItemID=D16556 ... 1255427123
Литванците заглавија на аеродром, во Словенија стигнуваат на ден пред почетокот на ЕП Кошаркарите на Литванија се соочија со неочекувани проблеми во пресрет на Евробаскет 2013 откако нивниот лет од Каунас до Љубљана мораше да биде одложен за петнаесетина часа. Имено, Литванците требаше вчера попладне да летнат од својата земја кон Словенија, но беа непријатно изненадени кога има соопштија дека поради проблеми со авионот ќе мора да почекаат извесно време. Чекањето се оддолжи, па на крајот беше донесена одлука летот да биде одложен за утрово во 10 часот. Со оглед на географската оддалеченост меѓу двете земји, за очекување е селекцијата на Литванија да стигне во Словенија по 13 часот, а потоа најмалку по еден час автобуско возење да се смести во хотелот во Крањска гора (каде ќе бидат сместени сите селекции од групата Б). Ова значи дека избраниците на селекторт Казлаускас ќе имаат можност да одржат најмногу еден тренинг во салата во Јесенице, и тоа вечерва, па останува да се види како тоа ќе се одрази врз нивната игра на премиерниот меч на шампионатот, против селекцијата на Србија закажан за 23 часот.
Со душа чекам утре. Ама како се погоди, баш овие недели да сум втора смена во школо... чисто се сомневам дека ќе не` пуштат. А утре имам 7 часа. Ајде, ајде. Чу их патошемо Црногорците.
Дај боже да ни тргне со убаво натпревариве...и минатиот пат прв натпревар ни беше токму со Црна Гора....да видиме сега по 2 години како ќе е
АЛЕКСАНДАР ИМ РЕКОЛ НА СВОИТЕ МАКЕДОНЦИ: ПОБЕДЕТЕ ГО СТРАВОТ И ВИ ВЕТУВАМ ДЕКА ЌЕ ГО ОСВОИТЕ СВЕТОТ ! Среќно кошаркари наши!!