Наместо да се молиме на арбитри и не знам какви административци да ни ја завршат работата, можевме и ние поозбилно да си ја фатиме работава од почеток до крај, ќе ме изненадат еднаш ако победиме на крај без тахикардии да доживуваат гледачите. Во некоја кафана скопска некој искршил цел сервис чаши и чинии од нервоза го сфаќам човекот, ама он за по дома е само. Више среќа утре, тамн и терминот е поубав овој од 17и45 ми е многу бош за пратење мене. Да се покажеме на дела доста беа зборови, и јас овој пат нема да се радувамe на 4то место, туку само на медал, било кој, али медал да е.
Тој па да не зборам, само за сила го бива, ништо друго. Па и две да се, што се две тројки? Треба лом да прави. Реално гледано, ако не се поправиме бар малце, ништо, ни Бо нема да може да не извади.
Убаво си пиша некој погоре, ние Македончиња сме научени секогаш вината да ја префрламе кај некој друг. Точно е дека судиите не беа фер и требаше да го признаат кошот, но да ја задржаа онаа предност која што ја имаа оваа неправда и немаше да влијае толку. Така ни треба кога знаеме да играме во текот на целиот натпревар, а последните неколку клучни минути се однесуваме како најголеми аутсајдери. Антиќ, Чековски, Самарџиски сега за сега ако продолжат вака не ветуваат многу. Но сепак добра им беше играта денес, само уште да не губат топки, да дадат максимум во завршницата и имаме шанси за добар пласман.
што да кажам..... многу се разочарав на крајот ама тоа е што е . играта не беше на ниво но не ги обвинувам прв натпревар стрес возбуда страв нормално е човек да се збрка. морате да се навикнете дека нашата игра е таква, не е ова шпанија па да водиме со 10 и да сме смирени. секој бод треба крваво да се заслужи да не послужи среќа и да победиме. секој има добар и лош ден едноствно така е во спортот и во животот. за судиите што да кажам се е веќе кажано се гледаше од самиот почеток каде се наклонети нема веќе што да се зборува. повеќе среќа вечер момци барем јас лично ќе ве гледам и ќе ве бодрам до самиот крај. п.с испив литар пиво од нервоза
Бидна што бидна сега од нивна страна денеска едно големо за вчерашното случување-нема да изменат ништо ако со тоа се замараат и цела сила да ја насочат таму кај што треба....шансите за да бидеме во првите 3ца во групата не се загубени....само треба вистинска игра и срце на терен. Можеби е ова само едно ДЕЖА ВУ од пред 2 години....па сега погледнете и самите,да бидеме позитивни. Ајде....напред наши
Од самиот старт се гледаше на кого се наклонети судиите и баш прокоментирав,а некој ми врати: Е да бе се на нас други ни се криви. Многу се разочарав,многу битна утакмица беше оваа.Сите други што ни се во група се зезнати.Ама ај да не зборам пред време,сите знаеме дека нашиве знаат да изненадат и тоа како
Криви се судиите, направија грешка факт е, ама па и нашиве заебаа што дозволија така лесно да им ја стопат позитивата што ја направија во последната четвртина. Во тоа е нашата слабост и пред две години беше исто, ќе направат поени и се опуштаат и имаат една игра а кога губат и се под притисок сосема поразлична.
Јас сакам нешто да кажам. Сега ја видов листата, со играчи од Македонија. Зошто барем на почеток не ги пуштат во игра Александар Костоски, Владимир Брчков и Дарко Соколов? Па сите се преку 1.88м. Јас од овие, само Дарко Соколов сум го видела, како игра. Јес да се овие како искусни и се` тоа, ама зошто да не им се даде можност и на другите? Зошто ги форсираат едните исти, ако гледаат дека не им бил денот?
Зашто да навиваме за Летонија, само зашто Црна Гора не победила? Да бе што очекувате да кажат да ве не требаше да победиме бољи сте од нас. И кај нас да беше топката ќе си ќутевме и ќе си славевме, тоа е вистината. Статистики од тој кој кога ќе тепа и на кое место ќе бидиме ако овој и овој тепа од само една изиграна утакмица, ми се на нероден Петко капа му кроиме.
http://www.youtube.com/watch?v=YrfiSBl1Dw8 FIRST DAY OF THE TOURNAMENT Инаку почнаа голотиите Навивачка на денот: Словенка шета со голи гради
се знаеше деја ќе е вака тоа ти е http://denesen.mk/web/2013/09/05/fiba-j ... makedonja/ Ама ајде да мислиме позитивно,лани изгубивме прво од Црна Гора ни тргна убаво, може и сега ќе е така Вечерва мора да победат , само да не се опуштат пак ко вчера што се опуштија од 10 разлика и повеќе на 1 не стигнаа
До кога бе? ДО КОГА? Што имаат толку против нас на првенствово? http://www.kurir.mk/sport/kosarka/12906 ... -od-Kutles
^ А да си го вееме нашето знаме официјално, и да не изводиме многу со курчење и провокации може најарно ќе биде па нема сите други да ни се криви...
^според мене не е тоа курчење народот си го сака тоа знаме зошто на времето имало значење и тоа е тоа. Ниту нарушуваат некое правило ниту пак нешто слично.
Си провоцираме си провоцираме... А и само на „тројки“ бевме јаки, а многу добри шанси промашивме. Башка и судиите беа такви какви што беа. А баш го приметив сликава од Сноу од Словенката погоре... Авангардно ми е и не сум баш по голотии, но девојчево си има такво телце и и` стои без да изгледа вулгарно *си го гледа салцето и си плаче*. Ние не бевме голи и вулгарни, но бевме упадливи, дречливи и провокаторски настроени. Мислам самата песна „наше ќе биде и Солунско поле“/фаланга капите и тако даље... Не дека не треба да биде и дека не било пред да не` окупираат, ама дека си бцкаме, си бцкаме.