Мене Литванците ми се јак противник . Лани за влакно ги победивме, во пријателскиве пред некоја недела ли кога беа, тие нас не победија. Да се надеваме вечер дека ќе бидеме подобри од нив Србите не знам што играчи се А следниот натрепвар кога е?
За слободни фрлања... можеби они имаа повеќе, ама и ние имавме. Ама џабе, кога на нив им гаѓаше повеќето слободни, тој натурализираниот црногорец. А ние послаби сме да погодиме слободни... Ајде, доста беше за вчера. Денес му е мајката! Ајде, дај му на човекот Натали, дај му на човекот!
A јас уствари ден пред да играме со Црна Гора сонував дека сме ги победиле Литванија Се надевам точно сум предвидела.. Ајмо!
Литванците не потценија минатиот пат, веројатно мислеа дека имаат загарантирана победа, па предвреме си се запишаа како полуфиналисти. Годинава сигурно со поинаква тактика ќе одат, и не дека сакам да бидам песимист, ама тешко дека ќе ги тепаме...
Не знам зошто некој рече дека сите можеме да ги победиме освен Србија... Јас па мислам дека Србија не се нешто посебно јас колку што сум запознаена... штознам. Искрено мене повеќе вечерашниов натпревар со Литванија ме плаши отколку со Србија. Сметам дека Литванците се појаки од Србите. Како и да е, ќе навиваме вечер. Ако еднаш сме ги победиле зошто да не можеме пак?
Да беа појаки Литванците од Србија немаше да изгубат вчера, ко црева се влечеа по паркетот Не дека Србиве се кој знае што ама мислам дека се за нијанса подобри од сите во групава.
Можеби, не знам, јас не го гледав вчерашниот натпревар. Штознам, јас сум добила таков впечаток од онака општо гледано на сите нивни натпревари. Сепак на минатото европско ние со Литванија игравме и се боревме за во полуфинале, а Србија беа каде-каде позади нас. И не стигнаа ни приближно до полуфинале. Можеби грешам сепак моето мислење е темелено на минатото европско, а за две години може многу работи да се изменат. Тие што биле добри сега да покажат лоши резултати и обратно. Само со нас да не е тоа случај.
Всушност, да се стегнат и да се разлутат нашиве јас мислам дека можеме со сите во групава да се носиме, ама.... ќе видиме
Од групава, само мислам дека ќе ја победиме БиХ. Во 2011 било 75-63, за нас. Со Литванија имаме шанси. Ама со Србија, мислам дека реално немаме никакви шанси... И со Латвија мислам дека имаме шанси, ради тоа што Латвија:Србија било 77-92. Ама ништо не се знае! Се` може да се случи. О том, по том...
По вчерашниот пораз, денес се надеваме на победа, ако како и минатиот пат е потребен пораз за да направиме резултати, ако е тоа она што не освестува, тогаш и да не жалиме. Вечерва имаме среќа да суди судија кој е Грк... епа нека ни е Господ на помош
Јас сум позитивна личност и позитивно размислувам.Македонија само напред ! ние сме со тебе ! Да, вечерва очекувам победа..
Ќе бидам искрена-катастрофална прва четвртина, на Бо шутот не функционира, Гечевски е бавен како мравка а Антич не дава ни 70% од тоа што може.