Јас се радувам што губиме у прво полувреме. Знаете дека секогаш кога во првите 20 минути сме одлични потоа играта ни паѓа и се опуштаат. Вака мислам дека по спремни ќе влезат во второ полувреме, уште Бо да се размрда малце и Илиевски маестрално да го заврши натпреварот со една тројка.
Hие во најголемиот процент на натпревари на крај изненадуваме, се надевам така ќе биде и сега, оти не е фер, сите сме полни со еуфорија, пополни од овие зелениве, и од сите у Eвропско, кај нас со месеци уназад се радуваме, чекаме, исчекуваме со Cител . Mора да се победи и поема пишав, ама ајде бе, ајдеееее
Уфф се вративме колку-толку на крајот... Ни треба играта на Бо. Вака тешко ни оди. Антиќ е слаб и денеска. Дамјан е супер. Гечевски е добар. Ништо не е загубено. Ќе има борба до крај. Само јако!
Јас ваков филм си направив: Неизвесно до крај, и последните секунди тројка. Реприза на минатиот пат.. Толку!!
Абе што е проблемот, дали кај вас касни снимката или кај мене побрзо иде, зашто според сегашниот резултат ние водиме со 5 разлика.
Мислам дека претходниот пат ни носеше среќа ВОЛКУ ВОЛКУ рекламата После секое нејзино пуштање, нашиве растураа. Сериозно. Па затоа да си напишам јас, ВОЛКУ ВОЛКУ ДА ЈА ТЕПАМЕ ЛИТВАНИЈА и толку (не баш толку, ама така викавме ) Ајде, ќе победиме, за инат од сите.
Абеја, немој да дриблаш- полувреме е . Јас се нервирам вака што ми касни, најдобро да одам пред телевизор да се нацртам, така и вчера, натпреварот завршил, а кај мене уште 3 минути од последната четвртина .
Добро е малку од малку се вративме во игра. Ама морам да кажам дека ова не е играта од пред две години и не е тоа што сите очекувавме. Некако како да немаат волја за живот, а не за играње. Шала на страна мое мислење е дека со Докузовски беа подобри, моментално позициите не им се тоа што беа како пред две години и они самите се буткаат и не знаат која е нивна позиција, а која на некој друг. Мислам дека новиов селектор има направено доста промени и некако како тука да е проблемов. Според мене тоа ќе да е. Можете да приметите како се мешаат и како самите на себе си прават блокови. Не се некако уиграни. Ама да се надеваме дека второ полувреме ќе биде подобро. Сепак 5 или 6 разлика не знам колку беше не е многу.