^Време е да се разиграат, време е да покажат што знаат, ова не се истите наши херои што го гледавме пред две години. Можат тие многу подобро. Напред Македонија не се откажуваме до крај!
Ај бар ќе ги фатат последните журки во летните дискотеки во Скопје - статус од фејсбук Не е за смеење, ситуацијава прилично очајна иако се знаеше каков ќе биде исходот од овој натпревар. Исто таква ни е и играта, очајна и потпросечна. Можеби вчера се извадивме на судиите, а денес? Абе скор од 28 тројки немаме во цело првенство дадено, господата од пола терен сакаат да играат. Цели три четвртини се бркаме со Литванците со една иста петорка. Не се криви Гечевски или Чековски, колку и да се држат годините си го прават своето кога треба да се еден на еден со многу помладите Литванци, Пипан е тој што го организира составот и воопшто целата игра. Самарџиски се гледа дека се труди, ама треба да знае дека кошарка се игра со одврзани раце; Војдан и Дамјан се премногу исфорсирани и би било многу подобро да се внесат во игра некои од помладите играчи што ја греат клупата цело време, баш мислам дека пријатно би не` изненадиле; Бо се трудеше со пробивања колку може иако и он беше во послаба форба, искрено жал ми е за човекот како се прелажал да игра за нас... Антиќ го почитува-м/в многу, ама боту еден те молам седи си на клупа или иди си дома зошто вака ќе те избркаат уште неотиден во Америка. И ќе ве молам немојте да си трошите нерви во правење статистики зошто утре пак ќе завршиме како кукаме по судиите.
Искрено ве сфаќам кога велите дека се вадиме секој пораз на судиите.За време на квалификациите за Олимпијада повторно ги обвинувме судиите ,НО водевме 20 разлика и неколку грешки од судиите не можеа да варираат за поразот.Бев ммеѓу првите кои ги критикуваа кошаркарите... Овде е поинаку-првата уткамица ете игравме добро имавем солидна разлика,се опуштивме ,се стопи предноста,но сето тоа е нибтно на 1ипол секунда кога топката е во обрачот,при што одбрамбен играч ја добира мрежичката(апсолутно против правлата)и што автоматски значи поен за тимот во напад.Како што и досуди едниот судија поен за Македонија...И на крај да ти одземат и поен и + топка која ја исфрлчува во аут играч на Црна Гора.. Против Литванија,можеби и не заслуживме триумф,неорганизирана игра,напад без никава идеа..многу многу пропусти во играта.Литванците ја диктираа играта цело време.Сепак последната четвртина се прибравме малку и се приближивме на 3..овде самите се виновни што не искористија одлична шанса. Не ми е јасно зошто толку се форскира шутот од 3? ЗОШТО? Секое првенство,квалифкицаии не зезнуваа шутот за 3 и најлошо од се е што не се поправуваат и повторно и повторни ке се форскира 3.(имавме можеби 4 поврзнаи напади во кои не реазлиравме ни поенче,е сега не можат Литваниците цела утакмица да грешат..) Нејсе,на 2 мин до крај и на разлика од само 4....на ЧИСТА контра на Мекејлеб судат непостоечка лична на Гечевски и плус техничка............... Изразито лоша игра ,но демотивирачки е кога за секој потег ти ја одземаат топката и ти судат лична. Не ни дозволија да играме одбрана и во двете уткамици. Најмногу ми е жал што најверојатно нема да ја минема групата,благодарение на други фактори.
Патриотизмот на страна,искрено да си зборниме каде каде беа литванците појаки,подобри од нас. Техниката да стои цело време некој под кош му беше супер пошто пола поени ни беа земени на тој начин. А за судиите, знаеме сите што како.
Леле, леле. ШТО направивме? ШТО направивме? Толку реклами, не ќе да беа на арно. А јас цело време си викав: - Елено, вади чоровинките, несреќа ти носат. - Елено, ставај чоровинките, можеби среќа ти носат. Ама џабе, кога не иде-не иде... Да бидеме искрени, вчера ни беа криви судиите, ама денес не. Во 5 до 12, ни текна да играме кошарка. И цело време само форсирање на едните исти играчи. Имавме шанси, кога бевме во 3 негатива, ама касно беше. Цело време им викав... - Абе дајте двојче, двојче сакам! Џабе... За утре, чисто се сомневам дека ќе ни попуштат србите... Во ракомет ни попуштаат, во кошарка ни попуштаат... Ај, попаметна сум кога ќутам.
Не се судиите криви , ние сме си самите , колку пати изгубивме топки и во контри ни мавнаа , какви судии неможе цел живот судиите да бидат криви ... факт е дека оваа не е истата игра и Перо ми се чува за Американците повеќе него за нас , што и го разбирам кај со овие ќе се заебава....
Маваат тројки бидејки тренерот така им рекол. Ај утре ако ја победиме Србија, да видиме што ке коментираме?
Mногу јасно дека ќе коментираме убаво и ќе се радуваме ако изиграат супер. Aма тоа не значи дека не може да коментираме негативно кога ќе изиграат како денес
Па што го стават тогаш? Некој помлад да исфорсираа повеќе ќе се трудеше да се докаже. Стварно не личи на НБ-овец. Неговата пасивност демотивира и други, пример, Бо. И што ќе правиме во идни првенства, само со ова постава ке играме и после 2 години? Па како ке се направи нова екипа која полека ке се ушалтува за големи првенства?
Темава не ми се отвара, искрено Кратко и јасно, репрезентацијата не е таа што беше. За денешниот натпревар, многу фалеше МекКејлеб, се чувствуваше неговата одсутност. Го пресекоа уште на почетокот и тоа беше тоа. Се надевам дека утре ќе победиме, ама тешко, тешко...
Реков ако победиме , во смисла, дека утре судиите нема да ни бидат криви толку колку денес. Не, не,... утре ке бидат подобри, сигурно. Се кладам на Скопско .
Судијата им даваше предност на другите што им даваше,ама и нашите се губеа,не играа ко што треба. Тоа е. На крајот им текна да се разиграат така повеќе...
Немам коментар за денешнава игра. Не само судиите да бидеме реални и нашите малце претераа. Колку само загубени топки а пак колку само промашувања Ги сакам нашите и навивам од се срце, ама денеска стварно имаше вина и кај нас
Ко ретардирана некоја си ги читав постовите од почетокот на темава од минатото ЕП и мака ми е бе за целата таа радост и еуфорија која што ја имаше тие денови меѓу народот. Некако и покрај сите останати проблеми Македонците се обединија и беа среќни за ваков голем успех. Ќе биде многу разочарувачки доколку не го повторат тоа. Башка што во овој состав ги гледаме за последен пат, фер е да има една среќна завршница.
Кога нешто не сака и не сака не оди и не оди. Дефинитивно вчера не им одеше на нашиве. Судииве не беа овој пат виновни за ништо (според мене). Е сега, дефинитивно ќе треба малку да го испотиме гз*т значи кошаркариве ќе мораат по тешкиот пат. Па здравје останува до крај да гледаме што ќе бидне. Литванците ни играа толку добра одбрана што не знаевме каде сме ни што играме, а и шутот многу слабо. Од мене огромно браво за Илиевски, човекот најмногу се трудеше вчера. Денес сакам победа над Србија ќе ми биде помила и од победа над пе*ерите грчки. Глумат нешто најјаки србиве и демек сите утакмици ќе ги победеле во групава, баш сакам да ги скинеме на терен денес, исфрустрирани четници.
Дали Антиќ се погледнал себеси па онака бесрамно се дере на соиграчите? Вол волосан, дали уопште знае што значи да бидеш капитен? Место да внесе дух, да охрабри, фатил на еден со зборот пи*ка да му се обраќа. Па он е најголема пи*ка, во една акција не превзема одговорност.
За вчерашниот натпревар, е дека судиите беа наклонети кон Литванците...е дека беа неправедни и имаше работи кои не беа за судење. АМА тоа не значи дека они ни го пресудија натпреварот. На 6мин. пред крај се освестуваат и доаѓаат до шанса за 1 разлика. Запнале со тројките како од рака да им одат, 23 промашаи за тројка, па пола од нив да беа успени 2 ете ти 22 поени + Затоа да не се лажеме и вадиме на судиите. Денес може Србија и ќе ни попушти па потоа ќе е полесно Ама за жал ние секогаш чекаме нешто од другите. :geek: Но постои и варијанта со 2 победи (и да изгубиме од Србија) да одиме понатаму, тоа значи денес треба вака да завршат натпреварите: -Босна да победи -Ние нели да изгубиме (супер ако победиме) -Литванија да победи Па ајде да видиме како Че тераме денес