АУУУУ, КАКВА БОМБААА! КАКВА БОМБААА?! ИН ЈОР ФЕЈС, БЕЈБИ! КАКВА БОМБААА. Србиве ко што ми изгледа, имаат смена на генерација, повеќето им се млади. Да не испадне, дека ги критикуваме само кога губиме. Ама навистина, денеска преубаво изигравме. Вака да игравме вчера и завчера? Пииих, кај ќе ни беше крајот. Сите играа супер! Илиевски ме изнанади. Антич! Море СИТЕ! И ДА! Ептен ми прави мерак, што го ставија и Брчков! Ајде, Ајде. Јас веќе немам глас у мене! БРАВО!
Во моментов не постои Македонец на кого срцето не му е исполнето!! Кое прекрасно чувствоо Горди сме на тоа што сме Македонци. Неверојатна победа. Бравоо!!
Ве частам сите по едно Скопско :beer Наздравје. Важно салата беше полна, и Словенците еден аир видоа од билетите; петок навечер , Македонците и Србите од Северна Италија претрчале да се издуват .
Е оваа игра е нешто сосема друго. Ова веќе потсетува на минатото ЕП, доказ дека кога одлучиме навистина можеме да им парираме на сите други репрезентации. И без коментари ќе ве молам дека Србите ни попуштиле зошто не беше така, и со оваа игра која што ја прикажаа нашите кошаркари не направија горди па дури и да го изгубија мечот. Не е се до победата туку и до желбата, пожртвуваноста, да се остави срцето на терен, да се изгине ако треба. Ни фалеше оваа еуфорија, ќе се помочам од радости. И ај статистикиве малце, само уште една победа ни треба за да одиме понатаму? П.С. - Поздрав до сите мрчатори и србоманчиња, верувам сте се затвориле во некоја дупка и кубете коси зошто луѓето се радуваат.
Ај па вие, сте прочитале негативен коментар од еден или двајца срби и сега одма не не сакаат. Како не не сакаат види како ни попуштаат Ајт на арно нека е, стално да сме вака ватрени, амин.
Тууу, немам ниту една петарда дома за да испукам и јас, да не останам покуса Сите петарди на планина ги оставив за мечки да плашам со нив кога ќе ми влезат во двор
Дознав каде лежел зајакот! Веќе не одам на плоштад! Вчера се зае*бав, што отидов. И лани исто беше. Чим иде Елена на плоштад, ние губиме.. Епа Елена веќе не оди на плоштад! И ако верувате, од 9, до 11, не се мрднав од креветот. Ниту за полувреме. Верував дека таа поза ми носи среќа. И сега на крајот кога рипнав, кога дадовме кош... ќе треснев доле. Заборавив дека и двете нозе ми се здрвени. И да! Уште саат време, ми е роденден! Пресреќна сум, ми го разубавеа денов.
Готовоо рикнаа грлово, ајдее бравоо си заслужијаа абре ќе плачев од среќа Ми се направи меракот дефинитивно, уште кога сега ќе прочитам статуси на србомани, косата ми се крева ама никој не ми ја расипува сега среќава Се надевам ќе продолжат вака ! ПС- Еленке иста ајс, дури не пуштав да ми стават сок, да ја запалат другата сијалица абе да не е баксузно случајно, се здрвив во фотеља
ЈУПИИИИИИИИ!!!!!!!!!!!!!!! ТОА СЕ БАРАШЕ МОМЦИИИ.... БРАВООО!!!!!!! Попуштање??? Србине да можеа со заби ќе не' кинеа, ни попушталеее.... Си изигравме така како што ние најдобро си знаеме. Морам сите да ги пофалам, одлични беа вечерва сите до еден. Прав тим. Ајде сега вака само да продолжиме и здравје да славиме пак во недела и понеделник.
Нема што да се каже и среката веке неможе да ни го врти инаетот па... Време беше од 3та среќа т.е 3натпревар иако не дека сме губитници на претходните ама ај... ако вака продолжиме ТООООООООО ке биде МНОГУУУ СМЕ ЈАКИИИИ А за осми увек темаме па така да Господ е голем пак ке им даде сила да победимеее
Се вратија нашите лавови!!! Браво момци, фантастични бевте!!! Напред Македонија!!! Спојлер за потсетување http://www.youtube.com/watch?v=CfMMMeZLff4