1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Пу, пу, пу... далеко било. Ме извади од памет. Мислев нешто му се случило. :wasntme:

    Што ми е криво, криво ми е... Криво ми е ради тоа, што можеби оваа година ни беше последна шанса, повторно да се најдеме на повисоко место.
    Борче, рекол дека ќе игра за Македонија, ако одиме на СП. А вака не се знае понатака дали ќе игра за Македонија. (јас колку што сфатив) Гечевски има 36 години. Не знам точно колку имаат Чековски, Илиевски... Антиќ минатиот пат, рече дека нема повеќе да игра за Македонија, како и некои други, но потоа се предомислија. Јес да има уште многу добри играчи во македонската репрезентација, ама пак...

    Оваа година, пријатно ме изненади Илиевски. И навистина не знам зошто толку ги форсираа тројките. А оној нивнион тренер, е права глуперда.

    Отворив твитер, и го затворив. Вреѓање на квадрат... уф. Криво ми е.
    Ајде, главата горе. Толку, толку... да сме живи и здрави. Абе до 2013 е. 13ката ни е баксуз број, затоа. :D
     
    На Hipster и cigarce им се допаѓа ова.
  2. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Мораме да си признаеме дека денеска одигравме катастрофален натпревар. Но што е тука е. А инаку Гечевски, Антиќ, Чековски и мислам дека имаше уште некој, нема веќе да играат за нашата репрезентација, ова им е последен настап. Како и да е, тие веќе постигнаа многу за Македонија и не треба да зборуваме глупости за нив. Најмногу ме нервираат луѓе кои се прават паметни овој дрво оној дрво. Одете вие играјте таму ако можете повеќе! Додека победуваа- браво лавови македонски, кога губат дрва се, врска немаат не знам што. Мислам навистина глупаво од наша страна.
     
  3. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Имаме шанси за понатаму но мислам дека не е добро што зависиме од другите ама тоа е тоа...
    Еве како можеме да одиме понатаму:
    Србија да ја победи Латвија со над 10 разлика
    Литванија да ја победи Црна Гора
    Србија утре да ја победи Црна Гора
    Литванија утре да ја победи Босна
    и секако НИЕ ДА ЈА ПОБЕДИМЕ ЛИТВАНИЈА СО НАД 10 РАЗЛИКА

    АЈДЕ МАКЕДОНЦИ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОДИМЕ НА ПОБЕДА!!!!!! :)
     
  4. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    За сите шо го иступеа на ФБ! Аман... Олабавете не! ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • strucnjaci.jpg
      strucnjaci.jpg
      Големина на фајлот:
      16,8 KB
      Прегледи:
      189
    На Dog-lover, sadangel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Србите сега за сега добро играат, Летонциве ко уплашени ми делуваат од Србиве :lol:
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    23.954
    Пол:
    Женски
    ^^

    Шо да кажеме, освен дека е таман.
    Се гледаше дека момците ги мрзи и не се на ќејф да играат уште кога излегоа на терен.

    Добро бе, мајка му стара... Зарем карантин, таква работа не постои веќе ? :^)
     
  8. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Искрено ова не ме чуди ако е вистина! Колку пати сум била сведок на нивни пијанчења по нашиве диска,у Сектор вечито камења се прават! Сум се разочарала последен пут коа ги видов ама дека и на првенство може тоа да се деси?!! Ако е вистина е за секоја осуда,и ја да сум Пипан би си ги собрал парталите и би се вратил дома!
     
    На Vertigo014 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Доста веќе со обвинувањата дека некој друг ни е крив. Време е секој да си ја понесе својата одговорност. Тоа со пијанчењето зборува за какви професионалци навиваме :(((
     
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    :tmi: НЕ Е МОЖНО! Изгубивме од Босна. БОСНА!
    Немам зборови ама сепак.. не знам.
    Овојпат нема оправдувања, ниту судии ниту ништо.. Сами сме криви. Гечевски е прав мајмун, да бидеме искрени, тромав до даска, не може да оди, а не пак да трча. И упорно тројка та тројка.. Еднаш да дадеше. :fubar: А другите уште нека го молат да дојде. Поарно Брчков да играше место него, барем штета немаше да има..
    Перо ме разочара до даска. Мислам дека играч од НБА не би требало да промашува слободни...
    Бо си е Бо! :inlove: Секогаш најдобар. Многу ми е жал за него. Гревче е... Нека се порадува и тој малце. ;( Близнаците а-а.. Чиста среќа што се повреди Чековски, мислам дека за тоа ги тепавме Србите. Ако се повредеше и Гечевски денеска 100% ќе победевме.. ОМГ кога ќе се потсетам колку само топки им подари, колку само напади изгуби.. МОРОН .. :puke: Па упорно него го ставаат!
    Самарџиски денес не се покажа..
    И кога би морало да се избере виновник, тоа е Гечевски.. Не дека сакал да губи топки, да промашува и сето тоа, ама кога гледаш оти не бива - не се бутај.. :fubar:
    А Босанската свиња од селектор. Масата ја скина со тоа шишето, цигла некоја.. :@ Една техничка има па после па е немирен. Ајде марш! Ама ете тоа не помогна ништо. Нареден пат и ние без селектор. :emo:
    Па Бо ќе доаѓал само на светсо со нас. Леле не е можно.. не сакам да се распаднат.. ;(
    Аман Господе, те молам малку израдувај не.

    Јас верувам дека ќе се случи чудо, верувајте и вие, надевајте се! Надежта последна умира!
    Пак сме ранети лавови, пак ќе растураме. Надевајте се на најдобро.. Треба да ги храбриме нашите, а не да ги пцуеме.. Треба да има дадеме подршка. Да точно е тоа што Гечевски испадна свиња, Перо промаши слободни, близнците 5 поени не направија, а и Илиевски се засени, и јас истото го напишав погоре, не што било - поминало. Да гледаме напред, да се радуваме на нови победи. Да не бидеме песимисти.. Туку оптимисти.. Заедно ќе победиме. Ќе ги бодриме.. засекогаш ќе сме со нив.. Мора да биде така [​IMG]

    НАПРЕД МАКЕДОНИЈО! :l:
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aј здравје до 2015 ќе се средат.
    Aман бе да славеле, еј :rofl: .
    добро бе луѓе, јас не можам да прокоментирам Игорски за натпреваров оти го преспав, ама Босна знам дека се слаби... :hai:

    Истата приказна ко пред 2 години, Шпанија ќе биде 1ва, Русија може 2ра, а Грците 3ти, или
    ќе се тепаат со Русиве за 2ро.
    Тоа е, повеќе среќа на следниот натпревар а ако не, за 2 години.

    Еуфоријата ја снема, пауффф :(
     
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Е тоа е она за што зборев во претходниот пост. Ја „снема еуфоријатам, пауффффф“
    Не ја снема пак ќе дојде. |( И ова ви се викало патриотизам.. 1 натпревар ќе загубиме ајдеее...
    Знам дека шансите се мноооогу мали ама до последен миг треба да се верува, ако не во друго, барем во чудо.. Не знам како можете веднаш така да реагирате. Си го преспала натпреварот, а прва ја решаваш судбината. Која логика. :emo:

    Се извинувамн ако те навредив.
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    ^^ На Русија и треба чудо за да оди понатака.
    Немаат ниту една победа, од можни 4. Тоа мнооогу ме радува. :rofl:
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    И јас мислев дека постои нешто што се вика карантин, дека ќе се посветат целосно на натреверот и на ништо друго, а не да излегуваат и да се пијанчат до рани зори.
    Исто прочитав дека цело време постирале нешто на Инстаграм, твитале, па зарем не треба да одмараат и да не мислат на ништо друго освен натпреварот?

    Колку пати знам од сопствено искуство кога сум заглавила пред компјутер до касно, утредента не можам да функционирам, и стварно не знам каква е оваа несериозност.

    Освен Владо Илиевски и Бо МекКејлеб, јас не видов дека некој посебно се жртвуваше.
    Кога играа сите се виде дека победуваме, и тоа со голема разлика, а сега?
    Перо Антиќ може многу повеќе, ама премногу е самобендисан и очигледно е дека се штеди за првата негова сезона во НБА.
    Самарџиски не сакам да го коментирам, се радувам кога прави брзо лични грешки и го вадат, оти за никаде е- цело време се прашувам како може со таа висина да не може ниту еднаш да забие, да издоминира.
    2,15 е висок, а кошот е 3,5 метри, па кога ќе ги испружи рацете и малку да скокне ете ти забивање, а тој не бре, ништо, изгледа само во веѓите мисли, гледам посредени му се од моиве |( .

    И на крај натпреварот го изгубивме од Гечевски- Тоше врати се, врати се :talk: - ете се врати и ни тури пепел. Толку искусен кошаркар, а какви глупави грешки направи во последната четвртина.

    Па и тој Стојановски, 3 изгубени топки, оди во аут, цел живот игра кошарка и нема ориентација за теренот, стварно немам зборови- или пак тоа е последица на мојот претходен пост, бил мамурен, па линијата му се гледала малку понатаму :devil: :@ .

    Стварно се изнервирав денеска, можевме, имаме потенцијал, и на крај од азидис ќе чекаме другите да средат за нас, оти сме неизживеани и не знаеме да се носиме со очекувањата.
    И не ни се криви судиите, не ни е крив никој, туку ние самите.

    И оваа не е плукање, ме нервира онаа дека Македонија се сака и љуби и кога победува и кога губи, затоа што ова не е дека ја мразам репрезентацијата и дека не ја поддржувам, туку само ја критикувам кога гледам како се однесува, како некое дете кое добило 5ка и после не учи мисли нема пак да го испрашаат и кога после некој час се шокира кога го читаат неговото име и добива 1ца, така и ние ја победивме Србија и мислевме денес Босна секако е добиена- е не е :!: .
     
    На JuLleE, Buttterfly, Primadonna и 11 други им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    |( Mислев Eуфоријата на народот ја снема девојко |( .
    па и како нема да ја снема после 3 порази?

    Па и подобро што сум го преспала, барем немаше да се нервирам шо Босна не тепа, ако ме разумеш.

    Eлена јас на стара слава ги рачунав нив, нели беа јаки на времето? :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Ако твојата ја снемало не значи на сите. Ич не сакам да се карам... Знам изгледам ко црна овца меѓу белите, ама ете..Ти само спиј и не се нервирај. Ние ќе се тресеме за тебе :hai: :*
    |
    |
    |
    |
    |
    |
    \/
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Ги гледав...и пцуев и викав и навивав,и цело време имав впечаток како дедовци да играат.Успорени,неорганизирани.Само Бо си беше во елемент,ама не може тој сиротиот да не спасува.Колку само испуштени шанси и погрешни топки.Перо навистина ...ме разочара,мислам толку слободни фрлања а мала реализација.
    Мислам дека треба мнооогу да се работи со тимот и да се воведе свежа крв...Инаку маф работа :tmi:
    И најлошо е кога последен натпревар ни е и последна надеж.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Абе знаете како...обично победуваме кога најмалку се надеваме, а губиме кога мислиме дека е сигурна партија. Така што... ај да не се надеваме за утре (што, ако гледаме на противникот и досегашнава игра нема да биде тешко). :D
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :rofl: :rofl: :rofl: Да, навистина си поразлична, немам зборови, 5ка на рака ќе ти пишам сега :rofl: :rofl:

    Треси се и за мене те молам, а ако ти е ладно ела ќе ти дадам ќебе.

    Aко ич не сакаш да се караш, не ни напаѓај :D
    Прва се дуваш, прва вртиш со очиња, епа нема бе така, чоек да не си каже дека више Не е еуфоричен, одма ќе те истепаат.
    Фрли малку Еуфорија те молам :D .
    Jас мојата ја загубив


    A каква врска имаат Cрбите и Литванците? зашто зависиме од нивната победа? :?:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ама џабе е и да победиме утре ако Србија и Литванија не победат во нивните дуели :| .
    Сега гледам последна четвртина е, Србија сега за сега води, ама ќе видиме.
    А Литванија-Црна Гора почнува во 21 часот, така што ако победи Црна Гора утре ќе си изиграме ревијално. :@