Ај поштедете не од драматургии. Да, дрва невидени беа и јасно треба да се потенцира. Ние да сме играле место нив? Не тресете зелени, ако не сум про кошаркар неам право да кажам дека Гечевски ја продаде утакмицата, Самарџиски примабалерина изиграва. Па ја неам испиено толку алкохол и скиснато во дискотеки ко нив, што се професионални спортисти, играат за национален тим. Антиќ место еднаш машки да превземе одговорност, вечито се некој друг му е крив, де судиите, де навивачите за Фиром што го плукале, Чековски не играл, Пипан знаел зошто изгубиле, сере за новинарот што напишал дека се журкале. Плачипиче, снеси одговорност, признај дека најмногу ВИЕ сте криви за секој пораз, и свака им част за пијанчењето, за кого јас урлам, пцујам и корнам живци!!!
Па за да одиме понатаму треба утре да ја тепаме Латвија со 10+, и плус Србија денес да ја победи исто Латвија, и Литванија да ја победи Црна Гора, и утре Босна и Црна Гора да изгубат од Литванија и од Србија, така што шансите да одиме понатаму се . Едит- Србија ја победи Латвија .
Мислам дека со овој натпревар сфативме дека никогаш не треба да го потцениме противникот. Босна не играше кој знае колку добро, ама играше подобро од нас. Ни треба многу среќа утре против Латвија.
Пипен сега си е дома . Мислиш да си остане таму, да не се враќа ? * Нели кошаркашиве се професионалци, а секој професионалец игра за пари. Вреди и на ова тема малку да се помисли, нели? Колку сме платиле толку ќе гледаме.
Па баш поради тоа што играат за пари, треба да дадат се од себе за да земат повеќе пари- знаеме пред две години одвај Оne им беше спонзор, а сега и Витаминка, и Прилепска Пивара, и Шпаркасе Банка и Горска и не знам веќе кој други, плус ако се покажеа во подобро светло ќе ги забележеше некој скаут од подобар тим и ќе играа во него за повеќе пари итн, итн, ама вака со пијанчење, несериозност и непрофесионалност ќе ги избркаат и тие спонзори што ги имаат во моментот.
абе што се запнале за пијанчењето демек тие од другите репрезентации не пијат!!!! до пред две години сите горди сеа нешо кукаме плукаме истите тие најпатриотски статуси пишуваа глеам на фб !! никој у живот не глеа баскет сеа сите стручни станаа од еднаш .. bitch pleaseeee !!!
Поголем број на спонзори не значи и повеќе пари, според мене. Прашање е колку ѓи платиле? Пред две години играа за да се продадат, па нели добар дел од нив веќе си го најдоа патот. Ако стварно биле добро платени ќе играле, мислам платени, од нивна гледна точка, не од наша. by the way, сигурно до сега имате слушнато и од други спортови колку финансиски се подржани.
Потполно се сложувам со LilBaby. Треба да го прифатиме поразот и да застанеме цврсто. Никој не ни е виновен сами сме си криви за поразот. Несакам да се правам како некој стручњак за спорт ама секој би го видел тоа. Пред 2 години Војдан за тројка ретко да промашеше, оваа година не се ни обидува за 3. Не само тој тука и другите него го зедов за пример. Чеховски големо чудо што не игра и така беше како изгубен на терен кога игравме со Литванците.. едноставно незнам што да кажам. Еднаш ќе победиме и потоа како се да е завршено... Само пофално би зборувала за Дамјан, гледа дека многу напредувал. Се надевам утре на победа, бидејќи нели надежта последна умира.. И некако да се пласираме за понатаму, ако не пак да си ги соберат куферите и дома.. што друго да кажам.. освен толку прокоцкани шанси
А што треба да збориме оууооо топ спортисти а се изнаљокале за време на ЕВРОПСКО првенство, не е ова маалски турнир, првенство е. За било која репрезентација да било истото ќе го кажевме, за било кој спортист. Затоа немаме некоја забележлив успех во спорт, самокритиност сведена на 0,славиме со пијанчење и кога ќе направат белосветска глупост пак другите ни се криви. Ако е вистина ова што го пишаа дека пиеле и за налапале во Мекдоналдс, алал нека ни е, вчера го затворија и пустите ние не можеме без него, па баш нашле кај да јадат. Доста бе више со тие стручњаци амн да не може чоек да каже нешто кога не иде, одма ми глумите вие поголеми стручњаци,мрчатори на мрчаторите, филиг ди ајрони. Што демек добри сме, топ игравме а, најјаки сме, никој ништо не ни може, остај тоа првенства не ни тербаат, судиите се против нас! Абре луѓе до кога ќе се лажеме и залажуваме до кога? А ако ти никогаш не си гледала кошарка не мој да зборуваш за другите може така?
имам и тренирано кошарка али пак не се осмелувам да хејтам некој таму цело време и ок може да си каже кој што сака само јас зборев за оние врти капи шо коа победуваме први се удираат у гради сеа нешо дрва ау зборат!!#македонштина
Море страв ми е за Црна Гора.. Литванците се свесни за можните калкулации и ми е страв да не ни се осветат со тоа што ќе и попуштат на Црна Гора,за поразот од пред 2год...Појма немам,сега почнувам секакви работи да мислам,додека не бидат конечни резултатите џабе ќе чекаме утре. Многу е потешко вака кога чекаш на други,а си ја имавме влезницата во рака за да ја поминеме групата..
Утре играме со Латвија?и ако ја победиме одиме во втора фаза или потребни се три победи за поминување во втора фаза?
Редхет, јас кошарка гледам уште кога Џордан и Кукоч растураа во Чикаго Булс, така што поштеди ме. Инаку сега напишав на Гугл Мапс колку е оддалеченоста од Јесенице до Љубљана и ми излезе 62км, значи непотребно се возеле 125 км за да одат во клуб во Љубљана и да се пијанчат додека народот се кренал од Македонија до Словенија за да ги бодри, а тие на таа поддршка и доверба враќаат со страшна несериозност. А читам дека информацијата е релевантна, бидејќи македонци што живеат таму ги виделе во дискотеката и се сликале со нив- сега уште сликите да ги видиме и после не знам што ќе биде оправдувањето и кој ќе ни биде крив.?!
хахахахахахахах и ја глеам од тогаш па шо дека види тоа е твое мислење ова е мое незнам која е тука фрката едноставно ако ги сметаш за несериозни не ги бодри и крај шо да ти кажам друго
Mене не ме погоди па и ич зашто и јас тренирав на времето и знам што е да неспиеш ноќ пред утакмица па тек да се наљокаш можам да замислам како било да се игра таков, никаков, се покажа на дело бре, со Босна која беше упер аутсајдерот и фактички немаат подобра игра од нас(барем за тоа што до првенствово бевме, а они гледам како стигнале до тука со тепање и кршење ) Кое хетање луѓе, вистината за вас е хејт? Не драга моја македонштината се покажа во нас баш во тоа нероден петко капа му кројат, една победивме одма се самопрогласивме за шампиони, најјаките ние, браво! И што е тоа што го слушам зборат 4 место ќе сме бранеле, епа не знам кој е стучњак или глуми ама само 1во место со брани т.е титула другите сите атакуваат кон тоа 1во место, или макар едно погоре, по метал во најмала рака. Ама сега и тоа 4то со оваа игра нема да го добиеме и не го заслужуваме искрено.
Апсолутно се согласувам со постовите на Сесилија и Лилбејби. За оние кои прашаа, за да поминеме натаму треба Литванија да ја победи Босна и Херцеговина, Србија да ја победи Црна Гора, а ние Летонија со +10. Можеби е изводливо, ама не радувајте се предвреме. На Србија и’ одговара да изгуби од Црна Гора (така ние испаѓаме, а таа носи 4 поени).
Па нема да можам ни да ги бодрам кога шансите да одат понатаму се 0,003% - не се глупи Србите да победат и да пренесат помалку поени во следната фаза.
Зaшто Србите ако победат носат помалку поени во следна фаза? Тоа никако не го сфатив и не можам да го сфатам....некој нека објасни ако може ама убаво.
Еве Хипстер прочитај си овде убаво е објаснето. http://www.kurir.mk/sport/kosarka/1...-ke-i-pusti-na-Crna-Gora-za-da-prenese-4-boda
све е тоа ок ама да те прашам да се опраи ситуацијава шо е релативно тешко и незиводливо ке си останеш на истово мислење дека сме дрва или ке преминеш у редовите не тие шо се мењаат во зависнот од играта само ме интересира ...