Колку и да се изнервирав вчера што изгубија , колку и да викав дека веќе нема да гледам ако изгубат од Босна, ама пак срце јуначко попушти, во 14.30 во прв ред (пред телевизор) пак ќе ги бодрам да победат, ама со 10 разлика Па вечер во 9 Србија решава кој иде понатаму. Да се надеваме дека ќе ни се сврти среќата!
Да бидам искрена песимист сум и точка! Мое си е Али секако ќе гледам(ако ништо др.ќе пратам само резултат),па дај Боже да грешам... Што и да биде спортски ќе го поднесеме,па не е секој ден Велигден!
Гечевски е најстариот и најискусниот играч у нашата репрезентација. На сите натпревари одигра маестрално. И во одбрана и во напад. Освен на последниот, како и сите други играчи освен Антиќ и МекКејлеб. Ја на клупа би го остаила Самарџиски. Иако е највисок во тимот, најдрво е! Сепак, ние џабе си бладаме тука, ќе видиме како Пипан ќе одлучи. Ќе биде напнато, подгответе си ги ноктите и сместете се во омилените места пред екраните. И, ВЕРУВАЈТЕ!
^ Тука сме чекаме ама верба се помалку.Се потпираме на туѓи успеси и неуспеси. Наместо сами да си ја теравме работата. Тешко и за нив и за нас.Не се порадувавме.
Што ќе биде нека биде. Ние сме тука и ќе ги бодриме до самиот крај. А ако ова е последен натпревар за МекКејлеб ...
И на сите можни калкулации први играме.Барем да не ставеа во последниот термин и ако овие првите две не "изиграат" за нас барем да не изиграме и ние за Босна. Сто текстови прочитав од сабајле и ќе кажам доста ми е!!! Очигледно ова ќе биде најдолг ден за Македонија.... Чекам да дојде 14:30 и да се убијам пак од нервоза на фин и поштен начин. Дај бе Господе,дај бе се нека биде како што треба.Знам дека сами си го направивме ова ама дај смилувај се... Со среќа!
Уште многу малку има... Да се надеваме ќе бидат подготвени... Верувам во нашите момци. Стискајте малци сите после. За среќа.. Колку и да ни е добра играта, ќе ни треба среќа. Многу среќа! И добри судии.. СО СРЕЌА МОМЦИ!!! Сите сме со вас..
Србите имаат спортско ривалство со Црногорците и не мислам дека ќе им ја пуштат. Ама тоа дека ќе ги тепаме Летонците со 10+ тешко.
Еве почнува... уффф... ајде со среќа момци. Инаку сега статистикиве до каде стигнаа, имаме или немаме шанси, не сум многу запознаена со тоа.