Ја би ги пуштила комплетно сите мали од клупа, барем да го осетат филингот на СП, и така во 2015 они ќе треба да не претставуваат. Нека поиграат децата, да се порадуваат малку. И јас така би играла
Има нешто друго што не штима во репрезентацијава, а дека се јаки-се. Не може слаба екипа да покаже онаква игра како со Србија, не е можно она на среќа да се случи. Мое мислење.
Летонциве само добро почнаа и одма им се крена самодоверба. Да ги прејдеме некако бар со 5+ за нас, мислам ќе опаднат... Вчера со Србите лошо играа, ама сега се пуни себе дека водат со двоцифрена
И дефинтивно Брчков и Соколов требаше да ги клава во игра уште во почетокот на првенството, ионака веќе нив му е времето сега, за други првенства тие ќе не претставуваат до година. Соколов ми е добар искрено, исто и Брчков. Нека го осетат филингот на терен
Се сложувам со лудо,зошто кога тепавме во фудбал никој ништо не спомна?Или пак само кошарка се играше тој ден?Срамота
Дефинитивно ни треба Докузовски назад. Со овој ништо не правиме. Ако гледаме реално, тоа е една од главните причини. Неможе пред две години 4то а сега нити групната фаза да не можеме да ја поминеме. Ова европско е промашено, туку ајде.
Ова еден вид на утеха е...хаха, јас сепак би избрала да зависевме од србите ама да победевме сега, ама што е тое
Полувреме е,земам еден така поголем здив и веројтно овде ќе се истурам. Реално незнам како се јаки нашите противници ама знам дека против нас и деца од публиката би биле далеку појаки во вакви издание.. Добро што ви е?? Што ви се случува? Што ќе направиме? Јас се си мислам дека некој не урочил или евентуално ни фрлил клетва,само незнам кој го направил тоа. Ало луѓеее,луѓе ќе се вратите дома. Дај бе Пипан по еден шамар на сите таму во соблекувалната нека се освестат малку бе. Ќе ве тужам за кинење на нервите бре,вие свесни ли сте што ми направивте на ова првенство бе? И уште нешто да кажам,видов еден коментар овде во темава,Пипан ги пуштил сите оние што никогаш не ги пуштил и се предава. Е ако личноста доволно следела кошарка ќе знае дека на Брчков не му е прв пат да влезе на ова првенство,ама многу подобро ќе беше да ги играше сите тој отколку Тодор! Барем ако не му одеше ќе критикувавме дека не е искусен,а што да критикуваме сега за Тодор,па дај ви се молам. Незнам друго што да кажам,пак ли да гаам надеж сега во второ полувреме дека нешто ќе се промени? Под итно кога ќе се вратат да одат кај бајачка овие,да видат кој им направил нешто.
мене страшно ме нервира овој пипан, се е поради него. како можеа да играат толку добро во 2011, а сега да неможат да преминат во наредната фаза. соколов се покажа добро за овие 10 мин. ај се надевам дека сега ке израмниме па да се радуваме после