Докузовски сам си замина, никој не го смени. Изгледа сфатил дека тоа што го постигнавме беше чиста среќа и случајност затоа што заминавме растеретени, а сега беше подруго затоа што сите очекуваа ист резултат, ако не и подобар, па човекот си замина кога го славеа, место да чека сега да го плукаат. Во секој случај педерски од негова страна (според мене, секако).
„Прашајте го селекторот зашто игравме лошо. Тоа е негова работа, но далеку од тоа дека бевме на нашето најдобро ниво”, изјави Антиќ.
Дечки, убаво беше да си глеткаме и малку да урламе, али ипак за нас ова е споредна работа а они си живеат од кошарка. А што да се очекува, па најјаките фаци не ни сакаа да појдат на првенството, со молење отидоа што да се очекува? Треба за во иднина да се размисли за стратегијата, дали нависитна треба некој да се “моли“, или да се пушти подмладокот, односно тие што навистина се загреани за игра, па што направат тоа. Барем на тој начин и парите кои се вложени пак ќе има фајде се сложува во потенцијали, а овака и тие пари што се потрошени џабе отидоа.
Уште еднаш се потврди она КОЈ ВИСОКО ЛЕТА НИСКО ПАЃА. Сите ние ги дигнавме во облаци кошаркарите, а тие нас не треснаа од земја, тоа е тоа.
И колку да ни е криво, и кој да е крив не одиме понатаму. Ех оломнани ова време ехх која еуфорија беше.
http://www.youtube.com/watch?v=LPpe1CBCq4w ЦЦЦЦ, штета не се повтори Ама кој дочек беше, мислам ни Шпанците вака не беа дочекани. Ајде 2015 ќе бидеме подобри да се надеваме . Сега тоа е тоа http://www.youtube.com/watch?v=vwusKGYiE6U
Е бе луѓе, за ваква мала земја ко нашава успех е и до тука што стигнавме Барем нека се увежбаат младиве кошаркари, има нешто и у нив.
И треба Бо да си оди. Вакви “женчиња“ како што се покажаа денес, не го заслужуваат. Кутриот, ем куцаше, ем се бореше од петни жили. Скоро цела работа нему му ја оставија. Ни талент, ни труд, само инаетот и омразата палат кај нас да играме ко шо треба.
Црна Гора и БиХ со малце труд можеа да бидат ко од шала добиени и со добра позитива, Србија ја добивме, е Латвија и Литванија беа проблемот, требаше овие 2 да ги играат поопуштено а ЦГ и БиХ да запнат, и оп ете ти карта за даље. Литванците излегоа на паркет со мислата "ќе ги мачкаме као они нас пред 2 год." и тоа се деси, Латвија денес го направи она што требаше ние да го правиме, на старт притисна направи позитива, ја организираше одбраната и ги покри сите наши шутери и си одржуваше разлика. Секој поен им беше битен, нема опуштање, а не нашиве водат +5 и одма се релаксираат. И зошто одбраната цела утакмица не ни беше ко на крајот од 3/4 и цела 4/4 тогаш и единствено направивме едноцифрена разлика, со таква игра од старт резултатот ќе беше многу другачиј. Вчера со Босна на по лешперски начин и неможеа да изгубат, дали биле мамурни, дали Пипан е крив, едноставно не ме интересира, битно ми е каде е екипата, еланот, играта и тактиките од пред 2 години. а лесна група имавме, па замислете Шпанија или Русија што сега би ни направиле, од клупа ќе играат. А за ЦГ нејќам да се јадам, на 100 секунди до крајот Македонија +7 и слават господава, праќаат пољупци у публика, и оп на крај губат (муабетот со мрежата не требаше да се дозволи да биде пресуден) туку со силна игра да ги одржеа тие + 7. И браво за Брчков, Соколов и Костовски, не биле искусни, па пушти ги бре да играат на клупа искуство не се стекнува.
Ќе има дочек и оваа година. Утре. У Кратово. Ќе биде свечено пречекан погинатиот лав. На магаре. Жално луѓе! Тоа е тоа што се случи. Имавме шанси-ги испуштивме. Сите до една! Сега?-Сега следува прашањето Кој е крив?. Судиите?-Да, да, на првите два натпревари. Селекторот?-Да де, сеа на последните два. Каде ма нацијо!? Бранко ви е крив! Уствари, чекајте! Сеа у пензија е он. Е слушајте, богами за мислење е прашањето Кој е крив?.
Секој има добри, просечни и лоши денови. Овие дечки се истите тие кои ни ги имаат донесено едни од најголемите радости и кои не поврзаа како ретко кога. Тоа тукутака не смее да го заборавиме со нови сили во нови походи за две години !!!!
Изгледа се преценивме и премногу очекувавме. Па јас мислев бе дека ќе ги мачкаме сите во групава а испадна обратно. За Летонците немам зборови. Брза игра, пожртвувана, борбени до самиот крај. Заслужена победа. Е сега кај нас е друга приказна. Цело време како да игравме на сила. Со ЦГ ни ја земаа победата но се виде дека се опуштаме и не играме цело време исто. Со Србија живнавме и се вративме но се друго беше УЖАС. Пипан и покрај тоа што гледаше дека не им оди на некои кошаркари упорно ги форсираше. Помалдиве требаше многу порано и многу повеќе да добиваат шанса. Самарџиски ме разочара начисто. Толкаво човечиште неможе да фати топка под кош... Антиќ се со сила. Една ќе погоди па 5 ќе промаши. Гечевски се трудеше колку што може но се гледа дека неговото време одамна поминало. Близнаците не се видоа на последниве 2 натпревари. Ништо не изиграа. Бо неможе да игра сам колку и да сака. Илиевски имаше некои непотребно избрзани шутеви. Соколов не беше лош денеска. Брчков добро се покажа. Костовски (мислам дека така беше) тремата го уништи. Значи ни останува да се сеќаваме на она пред 2 години и да се надеваме дека ќе дојдат подобри денови со нови играчи. Изгледа тоа беше се од оваа генерација.
Ако мене ме прашуваш,сите се помалце криви. Судиите си се криви за со Црна Гора-крај на муабетот. Пипан направи грешка што сака да игра и одбрана и напад.НЕ СЕ ИГРААТ И ДВЕТЕ.Марин си играше само одбрана,нападот ни беше каде каде полош,ама затоа не не пунеа со кошови. ИГРАЧИТЕ НИ СЕ СТАРИ ! Истото е и со Русите.Ало,Русија нема ни една победа.Да,истата Русија што пред 2 години зема бронза.Истиот состав,истите луѓе,па што да зборуваме понатаму. И после јас се чудам како Словенија ја тепала Шпанија.Словенците имаат млади деца,нов состав.Кога им ги гледаш играчите си викаш кој се овие па сега.Ама децата се млади,сакаат да постигнат нешто во кариерата и се борат.
Криви највише се Сител, после толку перчење и к*рчење народов медал очекуваше, реално и требаше да се очекува ама ништо пред рака не се збори, така и сега. А потоа селекторот и играчите. Судиите беа понаклонети понекогаш, ама па грешките кои сами ги правевме никој не ги простува, судија е варијабла, а на добар тим лош судија не му може многу освен некој лична, слободни т.е. + 5/6 поени што со две тројки во една минута се анулираат. И како бре денес и вчера беа добри судиите кога на босанците и латвијците им даваа лични кога и реално ги немаше и пак џабе и слободните ни се 60-70% реализација, тројките катастрофА и тако даље. За загубите никој не крив освен они самите. На стара слава у школо на испрашување и у кафич за гага пијачки се гребе не на Европско.
Не знам што им се случи на играчиве ова првенство. Јас лично не очекував на ова првенство резултат како пред две години ама сепак мислев дека барем 5, 6, па и 7 место ќе бидеме, а не дека одма ќе испаднеме со само една победа. А пред две години на крај игравме со најјаките репрезентации и тие одвај не победија. Не знам, според мене си има удел се, и судиите кои за волја на вистината само со ЦГ ни направија доста штета, во другите натпревари не толку, и Пипан (ова не знам по кој пат го кажувам), човекот направил доста измени со што нашите играчи ја немаа познатате одбрана и организација воопшто, и на крај морам да ги искритикувам играчите. На натпреварите беа како да имаат тешки физички недостатоци. Имаат толку искуство, играле во јаки клубови и да не знаеш топка да водиш, да не знаеш да рипнеш бре како маж од 2 и кусур метра и да се избориш за топка, да ти бега топка од раце, да не се прават акции, нема брзина, нема организација, нема акции, НИ-ШТО. Срамота. Денеска морам да ги пофалам Брчков, Соколов (не знам зошто Пипан не го пушти порано, на минатото првенствно постигна солидни резултати и изигра доста минути) и Костоски. Да ги пуштеше порано тврдам дека ќе постигнеа подобри резултати. Се виде дека се борбени, дека сакаат да постигнат нешто, млади се, сакаат да се докажат, брзи се, трчаат, се трудат, Брчков одлично си ја искористи височината за разлика од Гечевски и Самарџиски. За нив двајца можам само да кажам катастрофа. И ниту една топка не изгубија освен Костоски кој изгуби две топки ама тоа не се ни споредува со топките што ги изгубија Гечевски и Самарџиски, а демек поискусни се, како не... Се на се лошо, многу лошо. Мислам дека за наредното првенство со помладиве играчи ќе постигнеме подобри резултати.
Очекував повеке ..Златен медал не,но да ги гледаме уште малце да.Играа катастрофално ко прв пат да излегуваат на терен. Дури ни Бо не играше како што треба. Повеке срека нареден пат.