1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Koј е крив? Цацко.
    Самите се бе, не му одеше и готово. Само во 2015 изгледа нема со истиве играчи да бидиме, ќе имало подмладување на репрезентацијата, а јас викам да се смени Пипан и он има вина.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.207
    Пол:
    Женски
    Мене жал ми е, многу неславен крај, барем како и да е се потрудија. :(
     
    На LittlePinky, la-chicka, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    http://www.mkd.mk/sport/kosharka/evroba ... -chepkajte
    Конечно си призна Пипан. Задолжително прочитајтего последниот пасус, за оние кои го бараат виновникот на неуспехот :!:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Овој коментар:
    Decki, so licna i moralna odgovornost ve uveruvam deka Jas i moe drustvo so svoi oci gi vidovme Antic, Gecevski, Maccaleb, Gurovski i Cekovski kako se krajno pijani vo 6 sabajle posle pobedata nad Srbija vo diskoteka vo Ljubljana- mesto ramno na skopska Despina (blago kazano dupka). Sramota i nepocituvanje kon site makedonski fanovi koi so srce, resursi i odvoeno vreme dojdoa da gi bodrat vo ogromen broj! Sekoja cest na poedinci (brakjata Stojanovski, Sokolov, Kostovski...), no nasite heroi ovojpat ne izneveria!!!
    е еден од многуте под оваа статија

    http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=20214

    Што повеќе да се каже за нивната дисциплина?
     
    На Hipster и LittlePinky им се допаѓа ова.
  5. Macedonian08

    Macedonian08 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Ниеден пораз не се брои, вие и понатаму сте нашите ХЕРОИ :inlove:
    И поразот е дел од играта, нели ?
    Само не го разбирам Пипан, кој покрај Антиќ, Мекејлеб, Војдан, Дамјан, Владо, Предраг, Тодор, тој го реди Брчков, да игра како сопнат.. :x Таблата ја разби, искуство има тој 2 утакмици има играно.
    Знам дека и нему не му е лесно, има трема, не е искусен, туку ПИПАН, сам се зафркна што појаките играчи ги остави на клупа..
    Со Марин друга песна пеевме :talk:
     
  6. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Како и да е европското заврши за нас. Што и да кажеме нема ништо да смени.
    Тоа што беше ќе го паметиме, а кој знае кога повторно ќе се повтори.
    Можеби да не очекувавме да се повори тоа 4то место ќе беше подобро, барем немаше да бидеме толку разочарани.
    Како и да е и денеска имаше лоша игра од поединци. Да бевме добри сега ќе бевме во втората фаза, но тоа е што е треба да си ја преземат одговорноста кошаркарите и нели од грешките се учи па да научат нешто и за две години со подобар тим.
     
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Баш напротив, Брчков денеска се покажа одлично на терен. Според мене многу мала шанса му беше дадена на ова првенство инаку ќе постигнеше повеќе. Всушнот сигурно Брчков ќе постигнеше повеќе од Гечевски што со БиХ милион топки изгуби или Самарџиски што 20 сантиметри пониски играчи од него му крадат топки под кош. Срамота за нив двајца, многу ме разочараа ова првенство. Ама што е тука е, си стојам на тоа дека голем удел во ваквиот резултат има Пипан.
     
    На Lella, BeautyQueen и Dog-lover им се допаѓа ова.
  8. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Што? Бо нема повеке да игра за Македонија ?
     
  9. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    ^^Како бе нема да игра повеќе? :^) Што ќе прават без Бо ? Што?
     
  10. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Жал ми е затоа што е крајот на оваа генерација...
    Од нареден пат веќе ќе ги нема Владо,Антиќ,Гечевски, сигурно и Бо ќе се повлече...многу ми е жал,но тоа е,мора да се соочиме со фактот! Остануваме со млади кошаркари,се надевам ќе искочат нови и талентирани дечки што ќе го продолжат патот на овие веќе легенди,ама додека да се создаде пак јака селекција ќе си почекаме некои 10 год.. се плашам сеа дали воопшто ќе не има на првенствава,и колку ќе успееме да се квалификуваме...Со Господ напред времето ќе покаже! :)
     
  11. Macedonian08

    Macedonian08 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    За денес, а и за другите утакмици неможам ништо освен да им симнам капа и да им кажам Секоја Чест на кошаркариве..
    А за Брчков, за денес не кажувам ништо, како и сите така и тој даваше се од себе. Сепак, за прв пат застана на паркетот да ја брани репрезентацијата, ако не сум грешка :clap:
    И голема е разликата помеѓу Пипан и Марин. Со Марин освоивме 4 место, а со Пипан си освоивме последно место, не ни влеговме :x А сега и Бо не напушта. Е богами на Светско ќе завршиме работа :x
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Ако ви е за утеха, Босна ја тепа Литванија, уште минута до крај, така да и да победевме со голема разлика пак немаше да одиме :D
     
    На LittlePinky, Elennaa и Dog-lover им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Излези мом-ЧЕ и фрли се од те-РАСА..и ондак то.... |(
     
    На MaCa-Swiss му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    ^ Зошто ? Затоа што изгубивме ? Не.
    Дајте бре, ставете се на нивно место. Ајде застанете вие на паркетот и играјте против Србија, Црна Гора, Литванија и сите останати :^) Не им е лесно на кошаркариве, и тие се луѓе. Да победеа ќе се лигавевме ЈЕЕЕ МАКЕДОНИЈАА, ВИЕ СТЕ НАШИ ХЕРОИИ; бла,бла,бла, дрн,дрн,дрн.. Сега ги пцуеме, ги колнеме.. Се некој ни е крив..
    Тоа е, изгубивме, повеќе среќа следниот пат :) Само тешко ќе е без Бо :doh:
     
    На Bunny2, Lella, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас имам пријателка што живее и работи во Љубљана и лично кај неа на ФБ ги видов сликите од таа вечер.
    Вистинките ХЕРОИ, спортисти и професионалци не се пијанчат после првата победа како млади мајмуни, туку се дисциплинирани и фокусирани до последната секунда.

    Мене ми е искрено срам од нашата екипа овојпат и нема да речам - ееее, ама тогаш и тогаш бевме 4-ти.
    Тоа си беше за тогаш, и секоја чест, што ми е гајле понатаму, нам сега ни беше моментот и усрааа на велико.
    Не видов борбеност, не видов разочараност, како едвај да чекаа да си одат дома.
    Крив ни е селекторот, криви ни се судиите, нам на македончето вечно некој друг ни е виновен.
    Вината е во екипата, играа мизерно и недостојно и нема да кажам браво, напротив, лута сум и разочарана.

    --------------------------------

    И не знам луѓе како се задоволувате со тоа што некогаш било, макар и пред 2 години.
    Не знам која ми е сатисфакцијата да си евоцирам спомени и да величам еден релативен триумф.
    Колку време би требало да не` држи среќни тоа фамозно 4-то место, наредните 40 ли?
    :^)
    Чисто прашувам, инаку знам дека тоа е македонскиот синдром „ќути, можеше и полошо да биде“, „ама ти текнуе пред 2 години леле луѓе што напраивме“ и „барем Србите ги згазивме бе, алал ни вера“...
    |( |(
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Не беше све среќа , повеќе беше ги фатија на неспремно другите екипи , тие сите искочија против нас како Возрасни против деца и како и секогаш непишано правило е кога ќе потцениш некој =губиш , повеќе како добра тактика и неспремност на непријателот ни го доведе успехот

    А сега кога веќе бевме на 7мо небо се очекуваше пак исто да сите на плоштадот урламе и славиме ама ете не е...

    Паметно изигра човекот никој нема да пише леле зашто вака , зашто така туку ќе пишат на фацебук, кај си Докузовски , зашто не го вратат итн итн.....

    Наместо негатива ќе биде позитивна мисла.

    Well played...



    Иначе да во 2011 не изигравме како лавови туку да изгубевме сите утакмици , сега ова првенство дали на некој ќе му текнеше дека Македонија воопшто игра.
     
  17. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Се моли Навалица да воведе мемиња со Гечевски. :D

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Секако дека не треба да се обвинуваат, не може да се очекува дека вечно ќе победуваат.Нашите се покажаа дека имаат квалитет и не треба да се замерува сега, ако изгубиле, па фала Богу, секој може да згреши, тоа секако не важи само за нас, важело/важи и за странците.Што да кажеа Литванците тогаш кога ги победивме? Нормално дека ќе изреагират, поради тоа што очекувале подобри резултати, но не значи дека ради тој пораз, тие треба да се откажат, па и да им забрани некој за да игра понатаму.

    Едно е кога гледаме ние, ама друго е кога тие играат и само тие знаат како се чувствуваат.Веројатно дека не им е сеедно.Во петокот, кога играа, повторно докажаа дека имаат квалитет.А сега, друго е кога политиката ќе се замеша, па ќе ни стават грчки, шпански судии, кои патем на ист начин реагираа како што беше претходно кога бога ми, во шок ги ставивме странциве.И верувам дека можело истото и сега да се повтори.Џабе не рекле „ каде има сила, нема правдина“.И не е само за кошаркава што вакви работи ни прават, поради политиката.

    Се надевам ќе биде подобро понатаму.Само некогаш ќе мора да и поразите да ги прифаќаме, во спротивно се додека не ги прифаќаме, ќе се случуваат.
     
    На MaCa-Swiss и Barca-Gril им се допаѓа ова.
  19. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што веќе не одиме понатаму,но тоа е,што да се прави...И тука никој не е виновен а најмалку нашите играчи,тоа е лоша среќа...баксузна година ни беше,но и на играчите не им беше лесно што велат некои погоре ај ти оди играј со Литванија,Латвија,Црна Гора....Секоја чест на нашите играчи што стигнаа и до ова.... :)
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не да сум лута, не да сум разочарана, ауу, не ви кажувам колку сум им лута- па посебно кога читам и слушам коментари од типот дека сме плукале и требало да се сакаат и кога победуваат и кога губат.
    Мене немаше да ми биде проблем што изгубија, што ќе си дојдат, ако се посветеа целосно, се бореа, беа пожртвувани, дисциплинирани и го слушаа тренерот.
    Тогаш ќе кажев дека толку беше максимумот. Дека немавме среќа.

    Ама тие се занесоа, се умислија дека сега секако ќе земат медал, дека се ѕвезди па што има да го слушаат тренерот на тајм-аут кога се` си знаат, па Перо нели во НВА ќе игра па има право да изиграва тој тренер, да се дере по соиграчите, да седи на нет и да твита во ниедно време итн, итн.

    Тоа ме нервира, што не ја ценеа поддршката од целата нација, на луѓето што се крена од овде до Јесенице да ги бодрат, на македонците кои живеат и работат во Словенија, во Италија и ги жртвуваа своите слободни денови за да се таму со нив, да бидат дел од Фалангата, да се радуваат на нивната игра.

    Беа исти како ракометарите во Србија- водат со Данска и мафтаат кон публиката, глумат лудило, слават место да се сконцентрираат до последниот свиреж на судијата.
    Не е крај се до тој последен свиреж, без разлика колку и да водиме.

    Не може да водиме +7 со Црна Гора на 100 секунди до крај и после судијата да е крив за поразот.
    Не може да се опуштаме во последната четвртина како со Босна која што имавме шанси да ја победиме, а тие во последната четвртина не победија со 21-9.
    Секој си правеше тоа што си наумил, немаше уиграност, немаше желба да се направи се` што може за да се добие натпреварот.

    Луѓе па синоќа го гледав натпреварот Литванија-Црна Гора, не можам да ви опишам која борба беше, за секоја можна топка, до последната секунда. Литванците победија дури во продолженијата.
    Кај нас таа желба ја видов само кај Владо Илиевски и Бо.
    Само тие играа од срце, без да се прават ѕвезди и да глумат лудило.

    А тој Игорче коментаторот, ако толку му сметало тоа што до сега не играле Соколов и Брчков и другите, и тоа што цело време се форсирал шутот за три, зарем не можел тоа да го каже претходно на селекторот и тимот, а не да цмиздри денеска на целиот натпревар за тоа.
    Така и му требаше, да џмиздри затоа што не се трпеше кога ја победивме Србија, така требало, да се затворат сите оние злобни усти, сите оние кои не верувале во нив, ранетиот лав бил најопасен, бла бла.
    А не сфаќаше дека тоа не беа злобни, ами загрижени усти, усти кои што сакаа да се приземјат и сменат работите додека има време.

    И ова се добронамерни коментари, затоа што не можам да велам дека е се супер, добро е и толку, дека треба да ги сакаме секако итн, итн- ова се коментари кои треба да ги приземјат, да си ги побараат грешките, да се самодисциплинираат и да сменат нешто, ако сакаат пак да ги кренеме на таков пиадестал.

    Се надевам дека во иднина на тренерската позиција ќе го видам Врбица Стефанов, сметам дека е човек што знае како да се справи со овие работи.

    Дотогаш овие критики кон нив (не омраза а.к.а. хејтање, ами критикување) ќе ги приземјат и свестат дека успехот се постигнува со многу пожртвуваност и тренинзи, дека ќе седат во карантин, ќе гледаат снимки од игрите на нивните противници и ќе ги анализираат пред натпреварите- место да се прибираат пијани во ниедна доба и да ги изневеруваат оние кои верувале во нив.

    Едит- Луѓе никој не очекуваше од нив медал или кој знае што, туку само да ја поминат групата.
    Толку ли беше тешко да се остварат две победи од пет натревари?
    Толку ли беше тешко?

    Уште еден едит- Гордана аман, те читам и не ми се верува, ако толку ти е сеедно дали ќе победат или не што воопшто гледаш спорт, очигледно не го осеќаш адреналинот.
    Впрочем не знам зошто воопшто и сум изненадена од овој твој коментар.
    Судиите ни биле криви, политиката била вмешана- и јас така мислам, да.
     
    На united, A-j-a, Hipster и 12 други им се допаѓа ова.