1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ај што изгубивме, изгубивме... Криво ми е само што ич не видов борбеност, пожртвуваност, трчање, игра, кај нашите играчи.

    Како на шетање да беа на паркетот... Колку и да беа јаки противниците, нашите не оставија душа на теренот... :tmi:
     
    На tessie и Elena69221 им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Имате информација кога се враќаат кошаркарите?
    Да видиме какво оправдување ќе измислат сега.
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Мене само едно не ми е јасно? Каде е играта од пред 2 години, од 4 место, паднавме нај ниско? Како е тоа возможно???
    Знам дека дечките не дадоа се од себе? Ама зошто??? Вака не играат некои кои се гордеат со она што се, вака не играат луѓе кои сакаат да го потврдат својот пласман. И што е тоа што само тренерот го знае?
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Бранко е крив. [​IMG]
     
    На julie77, LittlePinky, kva и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
  6. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Излишно е да се кажува каде изгубивме поени, кога требаше да има тајм-аут, какви чорапи носел Антиќ... сите гледавме што се случуваше на терен и најдобро е да си замолчиме. И да ја сместиме генерацијава во златно време на кое ќе се сеќаваме и ќе раскажуваме покасно. Имаа една должност, а тоа не беше медал или повторување на успехот од претходното Европско - уосталом никој од нас не ни го очекуваше тоа; имаа задача да покажат дека сме стигнале до таму сосема заслужено, да изиграат солидна игра и да остават пример за наредните генерации на играчи.
    Единствен добар пример е тоа како не треба да се однесуваат професионални кошаркари кои имаат повеќе континуитет во редење чаши во Привилиџ и затварање словенски кафени (пази сабајле во 6 кога треба да бидат на тренинг или трчање) отколку во нивната игра. Д-И-С-Ц-И-П-Л-И-Н-А.

    Подобро да се разбуди КФМ (некако они и Игорче Трпевски-Сител летаа повеќе во облаци од кошаркариве,а?) и за промена да почне да ги движи работите напред. Чекор по чекор, па нека трае колку сака. За почеток да донесе нов селектор, па макар и странец (земете го примерот со Червар и Металург), со нови идеи што ќе не издигнат од таму каде што сме сега наместо да делува на стара слава од петорката на Докузовски. Далеку од тоа па дека и овој беше успешен тренер.. Уште од тогаш беше јасно дека целиот тој успех беше дел-среќа, а дел на МекКејлеб. На некој начин ме боли што веќе нема да го слушнеме ова од него...

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... q1PtLIoB5w

    И да, ќе го величам колку сакам и ќе зборам дека и споменик треба да му стават. Не сум од оние што хиперболизираат сè што не е наше, ама не се ни луѓево слепи да видат што направи тој за нас. Да играш со толкаво срце за држава што воопшто не е твоја, да го носиш товарот на цела игра на свој грб.. :bow: можеме да му дадеме само благодарност. И да му посакаме сè најубаво кај и да игра во иднина.
    Не само тој, едно огромно ФАЛА заслужуваат и Антиќ, неспорно е дека без разлика на неговата игра беше лидер во тимот кој во иднина може да пренесе многу искуства и совети; Гечевски, Илиевски и неговата тројка што не однесе во полуфинале - верувам дека никој нема да ја заборави. Сега за сега еве ви видео да се потсетиме и на тоа, а за едно десетина години ќе ме слушате како жалам по кошаркариве како југоносталгичарите за нивното време. :D

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Qul0#t=133
     
    На julie77 и Sw3et.Ang3l им се допаѓа ова.
  7. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Пипан: Тука завршува мојот ангажман

    Словенечкиот стратег Алеш Пипан го завршил својот ангажман како селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.

    -Имав договор со Кошаркарската федерација на Македонија репрезентацијата да ја предводам на Европското првенство, тука завршува мојот ангажман, изјави Пипан за Ал Џезира Балканс.

    Поранениот тенер на МЗТ Скопје нервозно одговорил на прашањето, како истиот тим, сега поискусен, мора да си замине по првиот круг од првенството:

    -Зарем очекувате да го повториме четвртото место и овде? Имаме „кратка“ клупа и кога ќе загубиш така важен играч, тоа влијае врз играта и конечниот резултат.

    Според Пипан се уште е рано да се даде конечна оценка за настапот на Македонија на Европското првенство.

    Националната селекција под водство на Пипан не успеа да се пласира во втората фаза, а првенството ќе го заврши на 21-то место, што е тотален неуспех за селекцијата која во Словенија пристигна како четвртопласирана од Евробаскетот во 2011 година.

    Превземено од Курир.мк
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Oтиде и последниот воз...им падна камен од срце на србите што нема да мора да ја местат вечерва со Црна Гора...

    Ми смрдеше со Пипан уште кога го напушти МЗТ али ај си викам човеков е правиот кормилар за нашиот брод, ама се било залудно, налетаа на босанка карпа и потонаа...

    Квалификациите за наредното европско да се играат исклучиво со млада екипа, и ако успеат да се пласираат да го играат тие првенството, 17,18,19 години не се како порано што биле. Со добар тренер тие потенцијали на вакви натпреварувања стануваат играчи...

    Јас никогаш нема да ги заборавам моментите од пред две години и доживотно ќе им бидам благодарнa на момците! :bow:

    Македонија се сака кога победува но и кога губи! :l: :dance:
     
  9. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Бидна и тоа Европско 2013 за Македонија, кое за жал заврши многу неславно за нас. Мора да признаеме дека дека покажавме многу слаба игра, потпросечна и несвојствена за нас. Оддалеку се гледаше неконцентрацијата на теренот, недоволната волја за победа и борбеност.
    Ама тоа е тоа, џабе сега ќе си ја префрламе вината од едни на други. Нема ни потреба од изговори и правдање од страна на кошаркарите и селекторот. Како и да е ќе добијат нов селектор. Најважно е тие самите да согледаат што недостасуваше и каде грешеа и да се обидат да го решат тоа. Оваа кошаркарска репрезентација придонесе доста за македонската кошарка пред 2 години и заслужуваат почит од наша страна. Но, минатото си е минато и не треба да живееме во него. Сегашноста е таква каква што е, но затоа треба да мислиме на иднината со цел да го подобриме нашиот пласман.
    Затоа кошаркарите што се при крај на својата кариера и оние што сметаат дека не можат повеќе да придонесат за репрезентацијата нека се откажат за на нивно место да дојдат млади, амбициозни и мотивирани луѓе. Да, можеби ќе немаат огромно искуство ама со тек на време и тоа ќе си дојде.А и мислам дека е редно време да дојде до смена на генерација. Колку порано го направиме тоа, толку подобро. Но, доколку дојде до тоа не треба од новата репрезентација да се очекува веднаш да постигнува којзнае какви резултати. Доволно ќе биде да се квалификуваме на наредното Европско и да постигнеме барем една победа во групната фаза (како сега со искусната наша репрезентација).
     
  10. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Ај вака колку да расчистиме некои работи.

    Не е само до играчите,не е само до Пипан или до судиите.Едноставно многу коцки не ни се поклопија.Тоа е што е.

    И да Мекејлеб си оди.Единствен услов да остане беше ако се пласиравме на светско.И не само Мекејлеб.Антич,Гечевски,Чековски и Илиевски се пензионираат.

    Здравје за 2 години ќе играме со близнаците,Самарџиски ќе го замени Антич и ќе игра центар,Костовски,Брчков и.т.н. не ги ни знам кој се другите што ја грееа клупата.И,100% ќе имаме пак некое црнче.

    Што се однесува до Докузовски,го заборавивте интервјуто што го даде пред 2 години?Дека никој не го ни прашал дали сака да продолжи да биде селектор?Го избркаа на клоци од репрезентација.
     
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    http://www.youtube.com/watch?v=puGDmpyBbc0

    Погледнете го видеото. Морници ме полазија од сите овие моменти.
    Ова беше игра, ова беше посветеност и пред се огромна желба за успех. Погледнете само какви кошеви даваа, неможе ни да се спореди со ова ЕП. Како некои други луѓе да играа за нашата репрезентација а не овие.
    Уште не ми се верува дека не направивме ништо и го завршивме првенството како дваесет и втори во Европа. :x
     
    На Petunia-Queen, nati44, Moonstone.17 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Ова на фејзбук го прочитав...Борче Мекелејбовски ти симнувам капа :bow:
    И за крај ...

    Чест и привилегија е да се има еден ваков кошаркар, кој што иако Американец по потекло, на моменти беше поголем Македонец и од сите нас заедно ..

    Се сеќавате на она борење за топката против Литванија, небесните скокови и фрлања во реклами за да се спасат дури и не толку битните топки, се сеќавате ли каква комуникација имаше Бо со нашите фанови и колку силно се почуствува меѓусебната хемија .. А на кошот за победа против Грузија? А дали пак се сеќавате на репрезентациите на кои што им даде 20+ поени во дресот со нашиот државен грб? Списокот е поширок ..

    Се сеќавате ли дека на избирањето на најдобрата петорка стоеше до еден Тони Паркер со МАКЕДОНСКОТО знаме ..

    Фала ти Бо!

    ЛЕСТЕР БО МЕКЕЈЛЕБ, О оооо!“

    :clap:
     
    На Petunia-Queen, Someonespecial, aaaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  13. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Како и да е , тие се и ќе останат нашите херои :clap:
     
    На Petunia-Queen, Ketrin.Moon, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
  15. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Имав напорен ден, но сепак некој најнеочекувано ме насмеа :rofl: :D :D
    Навиистина смеењето е здравје :D :rofl: :rofl: .
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Macedonian08

    Macedonian08 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    :tmi: :tmi: :tmi: Го повлекувам коментарот за Брчков :D Гледам по странициве, "Бананата" на Брчков меѓу Топ 5 најдобрите... не ни го знам насловот, само знам дека стварно даде се од себе :bow: Секоја му чест :bow: :bow:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Штета што на почетокот не му дадеа шанса да се покаже.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    http://supersport.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=27 Феминки пред да имате лошо мислење за нашиот борбен херој Гечевски задолжително погледнете го ова.....
    Многу генерации се променија но тој е еден и единствен Тодор Тоше Гечевски <3 :bow: :l:
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Леле БЕАВО :inlove: :inlove: :inlove: Немам коментар :$ :$
    Многу ми е зал и мене,стварно сме квалитетна репрезентација ;( :worried:
    Се надевам дека немат да се распаднит и кје успејме да го задрзиме Бо, а ако не барем да го примет во NBA ;) :x