Што да кажам а да не повторам.Браво,браво,браво знаев дека ќе ги победиме и Словенците абе никој ништо не ни може. А за Русија абе ќе ги победиме и нив,бидете оптимисти . оф топик - Е Пандев за малку да дадеше гол и денот ќе ми беше совршен.
Имаше вести на сител и канал5, и на двете кажаа дека имал скршеница на дланката и дека нема да игра. Само ова го најдов.
Уф бре, кај најде сега ова да се случи. Гечевски е клучен играч, зошто мораше да се повреди Инаку дали забележавте дека целиот преврзан во нозете играше, значи секоја му чест, човекот се гледа дека срцето си го дава за тимот. Секој што во иднина ќе го облече дресот на Македонија, треба да се угледа на него. Секоја му чест и никогаш нема да се заборави колку многу придонесе за ова првенство. Инаку да ви објаснам како е моменталната ситуација: Сега имаме најмалку второ место во нашата група Ф. Со ова што денес победивме ги елиминиравме како следни противници Шпанија и Франција (Што е многу добро, зошто се страшни противници). Првиот и вториот од едната група се вкрстуваат со третиот и четвртиот од другата група. Со мечот со Русија утврдуваме кое место сме, и наш следен противник. Доколку победиме тоа ќе биде или Турција или Србија, зависно од тоа кој ќе победи, но доколку изгубиме тогаш ќе играме против домаќинот Литванија. Пораз во секој случај не е добар овде заради тоа што натпревар со Литванија би бил навистина тежок, имаат домашни навивачи тие, вувузели и ќе прават ненормална бука, одземајќи им ја концентрацијата на нашите. Нешто слично како со Грузија мечот. Не дека Србите или Турците се слаби, но со нашата игра тие повеќе ни одговараат. Сега доаѓаат вистинските противници, нема веќе место за правење на грешки како досегашните, чекање на долго време за да се шутира на крај за 3, и мора да се подобри шутот. Ако ја победиме Русија, верувам дека ќе имаме шанса дури и за медал, ова за 2 дена е најголем предизвик, после Грците се разбира. Да се надеваме дека ќе играат исто како тогаш и дека ќе ги победиме Русите. МАКЕДОНИЈА. И уште еднаш, секоја чест за Гечевски, иако се плашам што ќе биде сега.
Одлично одиграно БРАВО ! Само една единствена работа ме вади од такт а тоа се тројките у пм . Амааааан со тоа напразно давање тројки . Се надевам Гечевски ке се врати у игра, ама реално да збориме допрва ни идат тешки утакмици допрва ке треба да се докажуваме... Ама ако ја верувам
На Гечевски му биле повредени и двете раце, пред 10 минути е објавено на фан страната на Војдан Стојановски
Ги измачкавме и словенците сега на ред се русите!!! Стварно сме нејјаки,си газиме нема што! Само не знам што не му е јасно на словенецов, што толку се заглеал
Морав да споделам нешто Легендарната изјава на Антиќ Перо Антиќ (Македонија): „На 8-ми септември ја славиме нашата независност и мислам дека на тој ден ќе подигнат споменик за нас во нашата држава“ Па и би требало заслужиле Читајте од последниот па нагоре ... Коментари +1 #3 tm 10-09-2011 21:02 "Дечко" ние со години играме од срце, до крај и живи и здрави сме и секогаш си губевме... не сме постигнале таков резултат досега. Епа вака сега: Ти посакувам во животот да даваш се од себе, да го работиш тоа што го знаеш од се срце, да си жив и здрав, НО да не постигнеш никаков резултат во животот! Поздрав "Дечко" Цитат -3 #2 Виктор 10-09-2011 20:50 Ија... мора да бидеме први? Паркер ја да го задавам на спиење, а ти Гасол... или како ќе играме. Не дечко, грешно ја сфаќаш работава, и ти и сите „спортски“ образовани луѓе во земјава. Мора да одиграме до крај со срце, како денес, да дадеме сè од себе, а што ќе победиме и изгубиме, да сме живи и здрави. Цитат +3 #1 tm 10-09-2011 18:16 Браво. Само напред! Мора да бидеме први и да докажеме на сите дека сме најдобри! Цитат Болдираното
Уште една победа После толку победи, заборавив какво е чувството да изгубиме Само така продолжете момци, Македонија навива за вас
Вееее сакаммммм дечкииииииииииииииииии !!!! Ќе живеам подолго заради вас Едвај го чекам сега натпреварот со Русија. Најјаки сме I MACEDONIA!
Се виде Гечевски коку фали на натпреварот со Црна Гора, многу ќе ни фали за дуелот со Русија, 1/4 финале па здравје и понатака во 1/2 финале и финале . Да се молиме Самарџиски да има добар ден па така некако да се надополни одсуството на Гечевски. Како и да е јас верувам во овој тим и да победат и да изгубат, загуба- колку чудно звучи тоа , битно сме влезени во 1/4 финале но кога може да ни се падне ''полесен'' противник(ова полесен во наводници затоа што нема повеќе лесни противници) па да победиме и да влеземе во најдобрите 4 репрезентации.
Јас, касно пишувам, ама ајде... Значи, како и речиси секој мислев дека ќе изгубиме од Словенците. Не затоа што ние не сме јаки, туку затоа што мислев дека Словенците се многу појаки од нас. Како и да е, ги победивме. И многу сум среќна поради тоа!