Искрено да зборам, не сум некој страстен обожувач на спорт, но кога Македонија е во прашање, фамилијарна традиција ни е да имаме домашно кино со пуцки, кикиритки, пиво и ракчиња на скара со сос, и секако знамиња и навивања за Македонија. Да се навратам на тоа што сакав да кажам - мило ми е што нашиве ме изненадија со победата на Словенија, со страв очекував да не тепаат. Ајде сега следна е Русија, ама и од нив се плашам, јаки се. Антиќ ми е најголем идол, го обожавам човеков. Според мене е совршен.
Гечевски многу тешко се повреди,скршени левиот зглоб и десниот лакт. За него заврши европското за жал,ќе ги бодри соиграчите од клупата.Само се надевам дека полесно ќе ги надмине повредите и дека нема да се одражи неговата празнина на теренот како со црногорците.
Дај боже да биде како што треба Гечевски, многу ќе ни фали, а уште и ако заигра.... нема потреба да коментирам... А инаку ите како ни е потребна победа против Русија, со победа за противник ќе ја имаме Србија(според моменталната состојба Србија-Турција), што е даааалеку полесен противник од Литванија, домакинот, која се претпоставува дека ќе биде и шампион, плус судии на нивна страна, знаете лижење гз на домакинот како по обичај.... Дај боже да се случи чудо и да ја победиме Русија, да играме против Србија и да влеземе во полу финале... Ооо колку ќе бидам среќнаааааааа
Семејна традиција ни е навивањето ..за сите спортови, сите мажи,деца се собират да гледат, јас секогаш сум во нив, ..страсни навивачи сме, само ние се слушаме по улица, како и да е предобри сме,конечно успех во некој спорт, ајде уште Русија и барем да одиме понатамуууу .. Момци,предобри стеее! Со среќа утре
„Доколку членовите на репрезентацијата на Република Македонија освојат пласман меѓу првите шест репрезентации на Европското првенство во кошарка, со што се дава можност за пласман на Олимпијадата во Лондон во 2012 година, ќе добијат дополнителна награда од по уште 5000 евра“ најавуваат од Владата... Значи ние веќе сме учесници на ОИ 2012... И ќе бидат наградени со уште +5000 евра
Не сме сеуште, зошто во нареднава фаза влагаат по 4 од група, значи влегуваме меѓу 8те најдобри, а дај боже и повисоко да се рангираме
Веќе сме во четврт финале. Но,ако сме во првите 6 одиме на ОИ, а ако сме осми или седми не одеме. http://www.youtube.com/watch?v=kDsTlIdDV_w
Тема за демотивација, веќе постои, па така да ве замолувам, линкови па макар и да се поврзани со МКР, да оставате таму, во спротивно ќе бидат избришани. Ви благодарам на вниманието. nasmevka/demotivacija-t7045/
Спојлер Знам дека сум досадна со информациите Најнова информација Гечевски инсистира да игра со скршена рака. Браво,секоја чест за него. Вистински херој со лавовско срце.
Гечевски е срце бе, минатото првенство играше со маска на лицето, поради скршеница на носот, а сега сака да игра со фрактура на левата рака. Речиси секој кошаркар би се повлекол да ја залечи повредата, да игра понатаму во текот на сезоната во својот тим од кој зима плата, а Гечевски одбира да игра за својата држава и тоа бесплатно. Има големо срце. Секоја му чест! Еден од омилените ми е. А за утре одвај го чекам дуелот Кириленко вс Антиќ. Тоа ќе е добар центарски дуел. Тој Кириленко не да ме плаши, ама него Антиќ ќе го уплаши хуху. Него слушам препукување за Антиќ, точно не е во најдобра форма, но не е се во поентирањето. Точно и дека претерува кога шутира тројки во битни моменти, но има една работа, кога се решавачки моменти топката не ја зима некој млад играч, туку ја добиваат момците кои се капитени, плејмејкери итн. Кај нас Антиќ е алфа кошаркар, мажјак да не го речам Он е втор Докузовски, он дава тактики, он ги консулидира играчите, он е задолжен за пријателството во тимот, он е тој што одлучува во многу ситуации. Бо е играчиште за поени, он не се замара со тактика ни со тоа на кој да додаде, он шутира, тоа му е задача. А Илиевски ако нема многу кошеви дадено, тој е оној кој фалеше на минатото европско првенство а не играше заради повреда, Илиевски е плејмејкер и тој кажува која игра ќе ја играат следните 24 секунди, тој е оној кој треба за 24 секунди да смислува која тактика да се игра во моментот а не е тоа лесно. Затоа тимот наш македонски има позитивни резултати, зашто секој си има задача во тимот, се е распоредено, не ги вреѓајте, си заслужуваат момците се. А секогаш мора да се оплеска, ниедна серија од победи не трае вечно, но овој резултат е најголемиот кошаркарски успех и треба да го цениме. И одимееееее на победа со Русија и секако спремни за четврфинале
Ако утре ги победеме Русите,ќе играме со Србите,а ако изгубеме од нив,ќе играме со домаќините. Оваа утакмица е многу важна за нас.
вчера ги гледав русите-засташувачки се..ама денес литванците (не дај Боже) тие нивни навивачи се мама миа....незнам што е пострашно...освен што е најлесно со србите да играме...
Ама имаме голема потреба од Гечевски. Гечевски и МекКејлеб. Ама ако се чувствува добро, па зошто да не игра. И кога сакаше да игра пред некое време (со оние, после Црна Гора), не му дозволуваа, ама инсистираше, па толку натпревари издржа. Ајде Гечи, можеш ти. Инаку да ги тепаме Русите и после со Србите, лакше ќе се дише. Aма овие Русиве кршат работа.
Многу ми е мерак кога читам вакви издражани мислења, па уште од девојчиња, ни спортски коментатор не им е рамен. Туку сакам да кажам дека некако се подзаборава улогата на Врбица Стефанов во целава оваа работа. Тој ако не се лажам е на функција директор на македонската репрезентација. Многу работи се средија откако тој дојде на оваа место. Всушност тој го донесе Бо во македонската репрезентација откако овој премина во Монтепаски. Тој и му го понуди на Антиќ капитенското место и мислам дека малце го скроти неговиот бурен темперамент (претходно Антиќ беше зарчкан со претходниот тренер, некој србин, не му го помнам името). Уште за време на квалификациите се виде дека имаме квалитетен тим со играчи кои меѓу себе се надополнуваат. Оној последнот натпревар со Велика Британија, кога Борис Трајковски се тресеше од еуфорија, и се направи дотогаш невидена спортска атмосфера, знаев дека во Литванија ќе пишуваат историја.(нели натпреварот со Грција ќе влезе у учебник за прва средно)
Значи браво за нашите лавови, ма никој не им е рамен бре . 6 победи по ред, оваа со Црна Гора на почеток дека беше па ја изгубивме. Иначе многу ми падна жал за Гечевски, он можеше да падне на овој и ако паднеше црева ќе му извадеше ама намерно падна доле.И алал му вера, и со скршеници сака да игра. Уфф утре со Русија, напната игра ќе биде.