Добро што е ова песимизам? Се веруваше дека ќе ги отепаме Грците со +14? Не. Се веруваше дека ќе нанижеме 6 победи по ред? Не. Се веруваше дека ќе го победиме цел Балкан? Не. Се веруваше дека МекКејлеб ќе биде онолку добар? Не. Ајде малку попозитивни, каде е духот како кога игравме против другите? Натпреваров не е лесен, напротив, претежок е, ама ај да не играме и да не навиваме ако не оти Русите биле јаки. И ние сме јаки, ви текнува?
Да, ни текнува, Спаркс. Но, да не заборавиме дека во реченицата со МекКејлеб треба да стои и Гечевски. И Антич. Тројцата ги ставам во ист кош, они си се златна тројка. Тоа е. Ама ајде, ние ќе ги бодриме, они за нас си ја даваат и последната сила на секоја утакмица. За нас - Македонците и за Македонија.
Гечевки е ѕвер. НО ние имаме клупа од 12 играчи. Не смееме да дозволиме тимот да ни зависи само од еден кошаркар. Ова е колективен, не индивидуален спорт. Затоа убаво ви вели Спаркс, доста со тоа без Гечевски ништо. Може стварно ќе изгубиме, ама ако изгубиме тоа ќе е заради добрата игра на Русија или за лошата игра на Македонија, а не заради неиграњето на поединец. Се јавуваме на темава по 21.30. До тогаш грицкам нокти!
Гечевски - Кавадаречка крв & Гордост. Без него и бз Боб незнам што би правеле, мислам дека немаше до тука да дотуркаме ако не беа тие двајцата. Се надевам на НАЈДОБРОТО ВЕЧЕРВА. СО ВАС СМЕ ДЕ4КИИИИИИИ!!!
Претседателот Ѓорге Иванов донесе Указ со кој членовите на македонската кошаркарска репрезентација ги одликува со Медал за заслуги за Македонија.
видов некои постови со песимизам алооо бреее луѓе кои сме ние што сме? колку победи имаме по ред? дали не стравуваат сите од ураганот МАкедонија? ма само јакоо бе !
Луѓе што е ова од вас. Ајде малку оптимизам. Русите го имат Кириленко, а ние го имаме Бо. Мислите позитивно на работите, кој и да ни се падне во следната фаза,ќе го победиме,гарант. Што домаќините и Србите да не се појаки од нас? Ма немој.
Ајде, уште малце и ќе почне утакмицата. Хух. Ај ем со ексајдет. Ајде, веруваме во поведа, ништо помалку! Веруваме во нашиве репрезентативци. А тие со наша помош верувам пак ќе се покажат. Пак ќе бидат победници. Пак последниот кош на Бо ќе го означи крајот на играта... Добро е, почнав со оптимистичките мисли.
ШОКАНТНО!!! Вирус се шири во Европа. Името на вирусот е МАКЕДОНИЈА, а епицентарот е во Литванија. Заразени се Хрватска, Грција, Финска, Босна и Херцеговина, Грузија и Словенија, а нападот го одбила Црна Гора, со многу голема среќа. Се претпоставува дека вирусот ќе продолжи да се шири, а според некои извори, наредна е Русија!
Ајде момци, можете вие. Одиме на уште една победа. Да и покажеме на Русија, дека иако е 100пати поголема од нас, ние сме подобри. Да им покажеме и на сите други, дека иако сме мала држава носиме големи срца и знаеме за победа. Со среќа и само напред. Македонија
Вистина или шпекулација?Било можно Русија да не`пушти вечерва да победиме затоа што сакале да ја избегнат Србија во четвртфиналето,т.е.ние како први да ја добиеме Србија,а Русија,како втора во групата,Литванија.Хммм..?
Почнувааа! Ајде со среќа момци, не се сомневам дека ќе биде интересен, возбудлив натпревар. Ајде, можете вие, веруваме во вас! Мора да мислиме позитивно.
Уфф колку ќеф ми направија овие 3 едно по друго тројки. Чековски на почетоко ме изнервира не можеше кош да даде,али потоа 2 тројки даде Добри сме,добри.
Добро се држиме со русиве. Колку сакам да ги победиме и да се прчиме после пак први во група Ама како и да е, дечкиве се ненормални, во позитивна смисла секако