Јас сум претерано изреволтирана од вчерашниот натпревар. Нашите момци покажаа одлична, извонредна игра Навистина се трудеа и вложија максимален напор, ама џабе се тоа кога судиите им беа благонаклонети на Русите. Човече им дадоа точно време колку да постигнат кош. СРАМОТА Му симнувам капа на Бо. Како само мајсторски се пробиваше меѓу оние карпести двометраши. Единствена грешка кај нас беше моментот кога дозволивме 7 разлика, кога надвор од игра беа и Антиќ и Бо. И дај бе Самарџиски, нека го одмараат малку повеќе.
Вчера мислев дека неправедно беше, ама сега ја видов снимката па се предомислив некако... Значи, беше аут. Топката излезе на 2,8. Изведува аут, топката се одбива од Бо и излезегува надвор околу 2,4 или 2,2 (не можам убаво да видам, матна е снимката). Видеото. Од 13:12 до 13:15. Овај Моњава само една тројка погодил. Оваа му била втора. На крајот остана 0,4. Што мислите, можно беше Бо да даде кош?
Леле а овој Игор па. Најјлуд коментатор!! http://www.youtube.com/watch?v=_jPcNfln ... re=related се пресмејав на видеото и уште се смеам. Ааа не, ај да видиме. 00.58 Еииии тоаааааа!...Фантастична блокада на Перо Антиќ, веќе шеста, односно простете, на Тодор Гечевски...Војдан Стојановски за 3, добра е ТОА топкааа.. Браво Војдане, фантастичен е овој...ова момче...1.19 Обид за цепелин и ај фаул, уште се чуди, бе, уште крева рамења, ни срам ни перде, еј 1.56 ....ајде во прво одделение, час по кошарка 02.41 Бесссен како рис е Израелскиот селектор, но ако, така треба на крајот да биде 02.53 Гечевски сам за триииии,бомбаааа 03.01 Фаул во напад, фала богу, па уште се чуди, го залепи таму за кошот Ристе Стефанов 03.21 Браво Соколов, Македонија стигнува дефинитивно до победа, самоо научна фантастика може да го врати Израел од мртвитее 06.14 нека тече времето, од таму шутирај колку сака..еиииии како колку сакаш, што ли беше сега ова, каква бомбааа оууу страшноо, неверојатноо 9 метри, каква тројка сегаа 06.43 Македонија оле 09.10 ...која денес го прославува својот 18 роЃенден 09.36 и сега треба само уште да се одработи работата... 09.54
Уффффффффффффффффффффффффф вчера колку само се изнервирав...ми се плачеше дурии...сите изнервирани на никој не му се правеше муабет по чаршија...а ако не победиме утре со литванија ќе играме ли пак? и ако победиме со кој ќе играме следно?
Ако изгубиме со Литванија си идеме дома со кренати глави нормално.Чим со Русиве вака изигравме јако рачувајте за 2 години ке идеме у полуфинале.А за Литванија не сум голем оптимист со тоа што они играат на домашен терен али надежта послена умира,тоа се докажа на првенствово!
Судиите им ја наместија победата на Русите тоа е повеќе од јасно. Но нема да дозволиме еден пораз да не уништи,идеме понатаму и повторно ке редиме победи и успеси.Всушност и ова беше победа,ние сме морални победници да не ја зафркнеа работата глупавите судии уште се нервирам ама ајде. Дечки со вас сме,игравте одлично
Многу добра игра имаа Македонците, Русите знаеме сите како победија, не би да дискутирам околу тоа, не ни вреди. Македонците играат со срце на терен секогаш, сега дај боже Литванија да ги победиме утре, мислам дека за утре момциве наши ќе имаат многу сила и воља за победа. Перо синоќа одигра супер, за Бо не коментирам он си е стално генијален, мене ми се допадна и играта на Војдан, само во некои моменти се забележуваше дека Гечевски им фали. Но што е тука е. Македонија продолжува да ги бодри своите момци
eden drugar me prasa on ne gledal koj pобеди синоќ и јас реков македонија.............па ние победивме она за мене не се рацуна македонијааааааааааааа сега он ке мисли дека ние победивме
супер натпревар беше тоа синоќа, гадно се бореа и секоја чест за кошаркарите. морам да го пофалам антиќ беше одличен синоќа, како друг перо да играше лол. како и да е момците одиграа фнтастично и сме со нив до крај па што биде.
ЛелЕЕЕеее Јанко лууууд, крајно изреволтиран и нервозен е овде, ама пак е ГОРД на нашите кошаркари и битно НИЕ СМЕ ПОБЕДНИЦИ И ИМА ПРАВО, ја вчера бев прерадосна се додека не се случи она со времено и со тројката, човече, ко гром од ведро небо, никој не ја очекуваше. Ама што е тука е, се боревме достојно и не гледавме по секоја цена да победиме, и СЕКОГАШ ИГРАМЕ ФЕР ИГРА. Противниците секогаш ни се напнати и нервозни, а ние кулираме(или барем така изгледаме) и редиме кошови. Ајде момци цврсто, стегнете заби и во име на вчерашниот натпревар, вашата желба и во име на сите Македонци што ве бодрат(а верувам цела Македонија е со нив во тек на натпреварите) донесете ни ја победата, растурете ги Литванците, зошто тоа го можете и го знаете. Со вас е ЦЕЛА ФЕМИНА утре. Але, але,алеалеалеале.
Ќе грми салата со македонски навијачи, браво за потегот на владата(не сум политички определена), нашите кошаркари кажаа колку им значи поддршката од терените, сега со 150 навивачи, ќе ја добијат и на натпреварот со домакинот, ќе бидеме помалку но погласни од Литванците... МАКЕДОНИЈАААА!!! Одиме до полуфиналеееее http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42186 ... -Litvanija
Браво за Владата за овој потег А уште поголемо браво за видеово. Задолжително погледнете го http://www.youtube.com/watch?v=rzZC8AOc ... _embedded#!
Браво момци Перо вчера супер играше и да ние победивме. Утре ако победат ќе го имам најубавиот роденден до сега Јас последна десетинка рипнав чекам да кажат дека победивме и ооооп враќат 2 секунди ама ако ќе и се врати ова на Русија на некоја утакмица Але, але але ааале http://www.youtube.com/watch?v=dHULcDF8pjg
Клипов ежи....Грми не се трпи! http://www.youtube.com/watch?v=rzZC8AOc ... r_embedded Едит...Старбакс више го постирала..Нема врска,и за два пати да го има,ВРЕДИ!
Се изнаежив, а на крајот кога го дадоа МекКејлеб со она ,,да живее Македонија‘‘, насмевка од 6ки до 6ки на моето лице. Ама така е, се‘ е точно кажано во видеото. Најдобри сме. Кои Руси, бе? Ние ниту еден НБА кошаркар немаме, имаме многу порази од 2009 па наваму, ама сите победи што ги имаме, се заслужени. Најдобри сме, кој што сака нека каже ама ние газиме. М А К Е Д О Н И Ј А Мора да победиме утре, со вас сме! Навиваме за МАКЕДОНИЈА