тоа што се случи со русија ме извади од такт на 7 стотинкИ до крај да додадат 2 секунди и кош и ајдеее победивме ние сега сме хепи многу не сакам истото да се случи денес со литванија иако ке биде многу тежок натпревар и искрено се плашам ама тука ни е Бо гордоста наша македонска Напред Македонија можеш ти по толку победи и литванија да ни клекнат на колена!
Јас па малку се понадевав на почетокот дека ќе биде неизвесно, во прва четвртина кога водеа словенците со 10 разлика, ама тренерот нивен направи грешка според мене. Ги извади клучните играчи кога беа баш уиграни, сакаше да ги разигра малку и тие од клупа и им го наруши континуитетот. А и шутот не им одеше на словенците, а имаат јаки шутери во своите редови. Како и да е, иако навивав за Словенија, Шпанија покажа целосна доминација(освен во првата четвртина). Па и прецизни ли се бре, немаше тројка што не им влезе. Туку дали го видовте тренерот на Словенија на еден тајм аут кога мавна еден од словенските играчи по глава, ама онака убаво го удри. Овој се збрка, незнаеше што го снајде. И коментаторот наш веднаш после тоа почна ,,Маљкович почна и да тепа,,
^ Се согласувам апсолутно со Боа,во врска со Словенија.Немаат лоши играчи,ама тренерот дефинитивно ги доведе во пропаст. Негоооо,за нашиве...Абе трема имам ејј.Она чудно чуство во стомакот. Треба да искачам да ги гледам,ама тек во 15до8,а јас седам спремна веќе од 6 ипол.Ете толку сум возбуЏена. Неможам да ја дочекам утакмицата значи.Можам да замислам како им е на нив.. Ајде момци со многу среќа!!!
Е не се нормални Шпанците ич , веќе неколку години откога ги гледам натпревариве од Светско и Европско, најконтинуирана екипа се, а за Словенците, па не беше ништо чудно против нив така да играат. Како и секогаш, Шпанија ќе влезе во финале, а највероватно и ќе победат. За нашиве денес, со добра игра како против Русија и сите останати што ги тепавме, и со малце повеќе среќа, имаме шанси да ги победиме Литванциве. Не се ни они нешто недостижно, али сепак домашниот терен ќе им влече доста. Сепак, ќе ги тепаме бе! И тоа дома!
Ајде момци! Верувам во вас, дека и оваа вечер ќе покажете што знаете и умеете и тоа на домаќинот Литванија. Ви ја посакувам сета среќа, што постои на светот. Само напред.
девојки мои нема поубаво чуство кога си во туга земја и на нивна национална тв ти ја фалат земјата и владата на РМ што однела 150 навивачи за подршка на Македонија... но исто така сакам во Македонијаааааааааааааааааа.....но најмногу сакам победааааааааааааааааа!!!!! Ајде се паркирам пред тв поздрав за сите со песната http://www.youtube.com/watch?v=0GTztZa0 ... r_embedded
Вечерва нашите срца нека бидат на теренот во Литванија. Да им ја пратиме сета поддршка и среќа на нашите кошаркари. И уште еднаш да повториме: не е битно дали ќе победиме или не, тие се нашите херои, тие веќе сторија доволно, даваа се од себе и ние секогаш ќе бидеме со нив!!!! Разочарувања не се дозволени!!!!!!!!
Але але, але але, але алеееееееееее! Одиме на победа! Верувам во нашите момци, се надевам од се срце дека пак ќе не израдуваат! М А К Е Д О Н И Ј А !!!
Изгледа ќе изгубиме Се надевам дека ќе победиме,али тоа е реалноста.Јаки се литванциве,плус судииве им попуштаат.
Никогаш не треба да мислиме на лошо, бидете позитивни и оптимисти. Зошто да не ги победиме? Се може да се случи до крајот на натпреварот. Ако со Русија можевме да завршиме со 2 разлика, можеме и со Литванците да имаме добар резултат!