Ајде Грујо нека даде уште некое милионче ќе му ги простиме само на нашиве херои да им искажеме достојна почит
Не нарекуваат бајка, па Македонската бајка ќе има среќен крај баш како во бајките си живеаа среќно до крајот на животот, а нашава бајка нека биде, имаа само 2 пораза, многу фер игра, многу кошови, нереални судии, јаки противници и многу победи, стигнаа до полуфинале и го освоија златото и постанаа среќни и горди Европски прваци во кошарка. И со сребро ќе бидеме задоволни ако не. Војданко, Бо ве сакам бе. ...
Мене па баш коментаторот ме нервира.. Таман кога ќе почне да ги фали, ќе ги урочи. Малце пред време збореше. Како и да е! НЕКА ЗНАЕ СЕГА СВЕТОТ, ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ! http://www.youtube.com/watch?v=mZm7lDRndMU
Можеби не сме најдобри ама за подобри немам слушнато!!! Натпреварот го следев од плоштадот во Прилеп, имаше народ колку и за 11-ти Октомври. Бидејки немавме контрола над секундите си славевме три пати: кога Илиевски ја даде тројката, кога литванецот ја промаши тројката и конечно кога илиевски ги погоди слободните фрлања. Жениииииииии Македонија е меѓу најдобрите четири во Европа не ми се верува уххх. И еве од мене можеби премногу оптимистички Македонија : Србија финале А да и се разбира одиме на Олимпијада уште еднаш БРАВО МОМЦИ цела Македонија е со вас
^^Или финале Македонија - Грчка па тек тогаш со 20 разлика да ги утепаме! Читајте ова и гледајте http://www.sportsgrid.com/nba/a-colossa ... emifinals/
Јас глува ли бев или стварно коментаторот за Владо Илиевски велеше Влатко Илиевски Во петок ли играме со Шпанија? А знаете од колку саат?
Леле не ми се верува. Со која напнатост го гледав натпреварот. Литванија ја имаше целата публика, и цела држава за поддршка. Ама нашите знаеа дека ги бодриме сите од пред телевизор. Штип го дигнаа на нозе. А неможам да замислам како е по другите градови. Напред Македонија до финале . .
Аууууууууу ВЕЛИЧЕНСТВЕНО СЕ ПОКЛОНУВАМ ПРЕД СИТЕ МАКЕДОНСКИ КОШАРКАРИ,РАЦЕТЕ ЌЕ МУ ГИ БАКНАМ НА СИТЕ ДО ЕДЕН!!! СЕКОЈА ВИ ЧЕСТ МОМЦИ,ВИЕ СТЕ НАШАТА ГОРДОСТ!!!! Нема Македонец кој не слави во моментов. Последна желба финале со Грција и ПОБЕДАА!!! А не тоа ќе биде Македонија против Македонија пошто нели пола Грција е МАкедонска. Колку неизвеска и ДОБРА игра. БРАВО за ВОЈДАН за тројкатааа. И Илиевски денеска добро се покажа. За црнчено златно и Антиќ веќе секој коментар е излишен. А и ова што ко кажува eutixismena е точноо. Важно преубаво си поминавме и се забавуваме подобро од на било која журка. Да не тропам веќе глупости. Одам да уживам слушајќи го џакорот од улиците.
хахах нели ви реков дек анема да изгубиме браво за нашивее овие литванците се правеа важни бид.беа повеке навивачи ама кога победивме за две мин цела сала ја испразнија
Да се пофалам: на facebook си се ставив во врска со Антиќ. Му направив профил! Се чвркнав! Едит: Перо ми е ЛАВ во хороскоп!