По последната решавачка минута излегов на тераса и се осеќав како на нова година на полноќ кога пукаат петарди, пиштоли па и митраљези од Арачиново се слушаа, сите викаат пеат слават, по улици една по друга коли поминуваат со знамиња, викнаа и трубачи, славеа, не очекував баш ваква реакција, можеби беше толку слатка победата зашто се беше против нас дури и знамето им забрануваат да го распространат. Ама им покажавме кои сме и која е Македонија.
И ние со Русија ја гледавме во кафиќ, а Ливанија само првото полувреме и си рековме баксуз ни е кафиќов и си се преместивме кај навивачите шо си е сигурно сигурно е
"Шчо напраифме" - Крсте Петков Мисирков, 1903 "Леле што направивме" - Владо Илиевски, 2011 http://www.lajkuvaj.com/75843/#
Дали некој знае што е брзина?! - Кога за 2 минути,15 000 литванци успеваат да ја напуштат салата!! http://www.demotivacija.mk/gi-rasplakavme-28797.html Браво http://www.hrsport.net/vijesti/424693/k ... ka-falanga
најпрво да му се извинам јавно на Владо Илиевски за сите пцовки кои што беа упатени кон него синоќа, можеби си ги заслужи ама на крајот се извади за сите пари. синоќа беше магично, прекрасно. мислам дека никогаш во животот така не сум се радувала ми се липаше од радост но само малку се расплакав. атмосверата на плоштад прајслес!!!! браво дечки браво го обединивте цел народ, ни дадовте причина да ни треперат срцата и да се обединиме сите во едно. секоја чест момци , само напред издржете уште малку и ве чекаме дома да си дојдете да ве пречекаме како што заслужувате. БРАВО
ЛЕЛЕЕЕЕЕЕ ШТО НАПРАВИВМЕ! Новата фраза на сите македонци на чело со Илиески. А еве го моментот, срце бре, срце!
Нее не ми се верува дека Македонија е во полифинале Ова беше вистински шок.Какво славење имаше сношти само Како што рече и еден мој професор во Гевгелија вака не се славело минумум пред 20 години Лелеееее што направивмее -градот го "запаливме" Полека но сигурно Македонија оди кон врвот!
МАКЕДОНИЈООО...браво бе Влатче еве што ти се вика струмичанец...МАКЕДОНИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕ...леле каков шок...вчера вечер Струмица гореше..омг....едноставно браво....кога ја даде тројката леле срцето 100 на саат викам урлам ко ненормална..и победивме леле боже сите ме слушнаа..
Не ми се верува дека до полуфинале стигнаа!!!!Шпанија ќе биде тешко да се победи,ама сигурно нашите кошаркари ќе дадат се од себе Вчера цела Македонија се радуваше и славеше!! Едно големо БРАВО за македонската кошаркарска репрезентација!!!!
леле луге шо напраивмеееее лелеееееееееееееееееееееееее.....мене уште ме држи,денес прв пат купив весници нема весник кај што Македонците не се на насловна....Македонија до врха да беее до врхааааа брачо словенски....многу се тажни што ке играт со Литванија,ама и срекни што не се пак со Македонија,немаше колешка што денес не ми честита,и иако само 2 сата бев на работа се осекав ко газда бе леле луге шо напраивмееееееееееееее лелееееееееееееееееееееееее ајде утре среќно брача мои
http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42335 ... adia-Video http://brkajrabota.mk/zabava/humor/9604 ... ite-raboti
ФОТО: Шпанија се плаши од Македонија http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42339 ... Makedonija На својот Твитер профил, шпанскиот репрезентативец Пау Гасол напишал дека репрезентацијата на Македонија е опасен тим. ѓи испашивме Шпанците а Литванците пак ѓи расплакавме http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42334 ... Litvankite
Ете така денес со видно средени емоции сакав на раат и ненапнато со мерак да го изгледам пак цел натпревар, ама во моментов не наоѓам снимка на ниедна програма па си се уклучив на фемина и си ги исчитав последните 30тина страни и не можев да не пишам дека ниеден пренос не му е рамен на вашиов Па ни со слика бре немаше да се доловат толку емоции. Браво бе феминки, закон сте! Да ја отворат темава кошаркарите сигурна сум дека и тие ќе бидат горди на вас, како што сме сите Македонци низ цел свет горди на нив!
Лелел што направивме луѓеееееее!Не ми се верувааа.Што било вчера ејј,идам накај плоштад со кола абе луѓе врие,река мислиш,сите свират,со знамиња веат,плескаат ова не сум го доживеала до сега.МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ ВО СРЦАТА! НАЈГОРДА СУМ ШТО СУМ МАКЕДОНКА.НЕКА СЕ ПЛАШАТ СИТЕ И НЕКА СЛУШНАТ КОИ СМЕ!!! .Илиевски знае кога треба тројка ,Бравоо!Дали видовте колку смирено игравме,браво за него што и под толкав притисок на крајот успеа и тројка да даде и од слободно фрлање.ГАЗИМЕЕЕЕ СЕ!
Леле колку беше напнато на крајот Браво за нашите кошаркари и за последната тројка на Илиевски И во Струмица се славеше,цел плоштад беше полн со луѓе. Еве мал дел од синоќешното славење http://www.youtube.com/watch?v=qSiGfrbKBOc http://www.facebook.com/#!/media/set/?s ... 1002903956