Кога беше натпреварот Македонија-Грција,бев во Турска на одмор и турците прескреќни ни соопштија дека сме победиле,а следните денови само не отпоздравуваа со како е-јако е.А ова вчера што се случи не да е јако-прејако е,лелеее луѓе има ли некој на кого не му потекоа солзи од среќа.Сакам да најдам видео каде Влатко Илиевски ги кажува легендарните зборови што уште Мисирков ги претскажал во 1903.Може ли некој да ми каже дали го имаат пуштено на интернет?
Тоа е веке на крајот, еве како беше !!!! http://www.youtube.com/watch?v=de2dFtAxWe4 Само отворете и погледнете
Дали на јутуб или било каде има снимка од последните 5-10 минути Сакам смирено да анализирам ситуација Ај линк ако не го мрзи некој
http://www.lrytas.lt/videonews/?id=13160784111314511381 Еве ги Литванците во последните секунди на натпреварот ))
Значи момциве се навистина фантастични... она чувство кое го имав кога Влатко шутираше за три поени не се опишува... и кога топката влезе во кошот, се воздржав да не вриснам (оти сигурно цела Македонија ќе ме слушнеше, а дома имам мало дете што тогаш спиеше)... не ми се верува дека успеавме да го запреме домаќинот. Дефинитивно заслуживме медал, се надевам дека ќе бидеме одлични и против Шпанија, затоа што Македонците дефинитивно играат со срце, како никој друг. И сега се покажа колку навистина можеме да бидеме обединети!
Шпанците се јаки, ама никогаш не се знае ,има зашто да се плашат јас вчера не верував дека ке ја победиме Литванија ама ете се случи. Топката е тркалезна,не се знае како може да се сврти. Дај Боже да ја победиме Шпанија. Дај Боже
Утре во 16.30 играме. Ако победела Литванија имала право да одбира термин и таа би играла во 20 часот. А нас не ставила во 16.30 и така пишува на официјалната страна. А денеска тие што играат да имаат време да се одморат се во 20 часот. Времето не ни е битно како и да е, битно да играат момците со цело срце
Македонските кошаркари го направија она што до сега никој не го направил. Ги обединија сите Македонци, без разлика на политичка и верска припадност. Е, ај не ги сакај, де. Него, толку радост и среќа не е на арно. Кој знае што ќе се случи утре. Ама, едно е сигурно, салата ќе биде црвена, или тие, или ние ќе ја обоиме. "Шчо напраифме" - Крсте Петков Мисирков, 1903 "Леле што направивме" - Владо Илиевски, 2011 Што направивме? Ја покоривме Европа. Тоа направивме. Ја згазивме, ја обоивме во црвено. Ајде сега нека кажат дека не знаат кај е Македонија, м*м*то нивно.
Спојлер http://www.lrytas.lt/videonews/?div=v_3377&id=13160633321315744605&type=js Да ги видите Литванците како реагираа кога видоа дека победуваме! Плус има еден коментар доле: сочувство за целата територија на Литванија ... навистина трагедија се случи вчера ...