Излези Перо горе на тераса, ти си херој, а Бо е наша раса. Крени ги рацете, Литванија е бедна, Европа клекна, Шпанија е следна!! ... Але але але але але але але але Влатко е цар, фурија е Војдан низ Плоштад со нивни бисти наскоро ќе пројдам, Соколов и Гечо јунаци за почит, и време ни враќаат но ништо не ги кочи. …
Ама работата е зошто да бегаат зошто самото школо да не ги пушти или сите задоволни да бидат да ги скратат часовите, јаз`к да им е.
Кај нас часовите ќе бидат скратени по 15 минути,потоа за утакмицата најкултурно ќе прашаме да не пуштат да одиме да гледаме ако одбијат ќе си одиме цел клас.Па колку сакаат неоправдани нека стават не игра Македонија секој ден полуфинале и тоа со Шпанија
Абе нема да седам на школо мора да се гледа кошарката ни малку не ми е гајле не цел клас цело школо ќе бегаме ако не не пушта Па ако сака и по 10 неоправдани нека ни пиша
абе ајде професорите повеке од вас ке сакат да гледат...или бегајте бе луге па еден неоправден не е страшна ствар але алеееееееееееее напред наши напред наши одиме на медаљааааааааааааааа
Епа драги феминки, пред нашата репрезентација стои најмоќниот тим(според мене и после нас се разбира) на Европсково првенство, Шпанија. Ги гледав како играат, имаат доста брза и прецизна игра, огромен шут за тројки, прецизен, огромна брзина и голем процент на реализација. Но, изгубија од Турците и според мене треба да изиграме со тактика како нивната. Турците ги победија со малку погруба игра, одлична одбрана и целосно блокирање на играчите. Доброто е што Македонија игра на сличен начин, односно одбраната ја става пред нападот и примарната цел на Докузовски е добро да се затворат играчите. Посебно треба да се обрне внимание на Наваро, тој е поопасен и од Гасол и никако да не се остави сам, затоа што тој не промашува. Гасол е одличен играч, но имам приметено и кога гледам НБА под притисок пука и воопшто не е способен да игра под кош. Добро е што Шпаниците се под притисок, не очекува ваква бомба, сега имаат чувство дека мора да ги победат "аутсајдерите" Македонија. Од друга страна ние сме порастеретени, имаме огромна самодоверба заради тоа што ги победиве трикратните шампиони во нивната "куќа". Имаат огромна поддршка од фановите, позитивна енергија, дух и што е најбитно желба за да се биде првак. Шпанија е опасен противник, но опасни противници беа и Грците и Литванците па паднаа. Ќе падне и Шпанија и ќе се радувам како никогаш досега затоа што најомразен тим ми се. МАКЕДОНИЈА ОВАА ГОДИНА ОДИ НА МЕДАЛ! Да читам само позитивни коментари, никако со страв, никако леле, никако не можеме. Само позитивна енергија и ќе ги СМАЧКАМЕ. М А К Е Д О Н И Ј А
Абе бегајте сите од школо - сигурна сум дека ќе ви биде простено Спиена сум можеби само 3 саати, од средата славам Ама да ви кажам право, ич не ми се ни спие од возбуда. Не ми се ни јаде, што ми се случува не знам. Кошаркава скроз ме поремети. И што најмногу ме радува, ми стигаат мејлови и пораки од моите странски пријатели ширум светот, дека вечерва навиваат за НАС! Сите не дознаа кои сме, и каде сме - во семифинале овај нали! Порано ме бунеа некои поединци - мислеа дека сум од Молдавија. Со молскавична брзина научија дека НЕ СУМ. Фала богу! Ах бре ах
Видете го и знамето ќе ги истетовирал, каков е ...срце http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42485 ... -na-srceto Него сакав да кажам Со Среќа, голема, најголема, преголема, екстра голема среќа им посакувам денес!!! Ми рекоа дека минатиот пат кога играа со Литванја напишав тука со среќа и така бидна Дај Боже и сега да е така! Инаку сабајлево служав на радио зборуваше еден астроглог дека вечерва Македонија победува и тоа со 51:48 Дај Боже, Дај!!! Mакедонија!
Излези Војдан, пресечи топка, додај до Влатче, погоди тројка, Пеџа дигни раце, висoко горе, една блокада и Гасол е доле! Алеа ле, Алеа ле, Алеа леа, леа ле Алеа ле, Але ле, Але леа, леа ле Излези Перо, право на тераса, Тоше е херој, а Бо е наша раса. Крени cи раце, Литванија е бедна, Европа клекна, Шпанија е следна!
За школово сте запраиле муабет, кај нас цела генерација бега . Или ќе не пуштат, или елегантно ќе си диеме и сите на плоштад.Трето нема.
Ауууу... и јас едвај чекам да почне натпреварот... ма какво школо, какви бакрачи, дечки бегајте од часови, еве јас лично имам избегано, т.е натерано цел клас уште во основно да одиме на фудбалски натпревар (не беше додуша кој знае колку важен), па ништо не ни можеа Ај попладнево да им ги затнеме устите на сите.... реално гледано, Шпанија е фаворит, ама сите беа фаворити, па ги згазивме!
Гасол: Заедништвото е главната моќ на Македонија Петок, 16 Септември 2011 11:48 Сподели18 Споделете ја веста со Вашите пријатели Звездата на Лејкерси Пау Гасол максимално ја респектира Македонија во пресрет на денешниот полуфинален меч што ќе се игра во 16,30 часот во салата во Каунас. Гасол смета дека нашите кошаркари имаат големи квалитети и токму затоа се во полуфиналето на Евробаскет 2011. - Македонија е одличен тим и не дојде до ова полуфинале со среќа. Па, малку размислете, двата натпревари што ги загубија, тие ги загубија несреќно, против Црна Гора и против Русија. Сите други натпревари на ова Европско првенство ги победија. Знаете ли што значи да го елиминирате домаќинот уште во четвртфиналната фаза, изјави По Гасол за шпанските медиуми. Според него, најголемата опасност доаѓа од Лестер Бо Мекејлеб, но хомогеноста, пожртвуваноста и желбата за голем резултат се главната сила на македонија - Мекејлеб е нивниот двигател, но не е и единствен што умее да игра. Тука се и Илиевски и Антиќ, кои сочинуваат одлично трио со Мекејлеб, а има уште неколку навистина добри кошаркари. Но, нивната главна моќ, ми се чини, дека е во заедништвото, порача центарот на ЛА лејкерс. http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42512 ... Makedonija