А ние девојчињата да излеземе на тераса или право да се напикаме в соблекувална?! hahaha Спојлер http://www.lajkuvaj.com/75994/#
Јас уште неможам да сфатам дека сме тоа ние, дека ние рушиме и тепаме се пред себе. Браво огромно за момците. Вечер мислам дека ке ги истепаме шпанците. Покажете момци каде е и која е Македонија
Македончиња! Со вас сум! Попладнево на плоштад во Прилеп, сите феминки прилепчанки, ве очекувам да излезете! Да навиваме заедно, да се радуваме на нашите херои, долго време вака нешто не ја радувало државава наша напатена и мила.. Напред Македонијо! Имаме сили! Имаме надеж!
Јас мислам дека некој магија ни сторил, рушеме се’ пред себе, во четирите најдобри во Европа сме, им ги затнавме муцките на сите Европјани. Ова не е можно. Сите сме среќни сега кога влеговме во полуфинале, а замислите па кошаркарите како се чувствуваат. Ставете ми се допаѓа ( Не е моја страната) http://www.facebook.com/eurobasket2011.MKD
Искрено ваков адреналин одамна немам покачено . Едно големо браво за целиот тим. Ќе држиме среќа и после да ги победат Шпанците. Морам да си пишам, абе Меккелеб многу ми е интересен, се радува и тој на победата, душичка, ама со овие наши химни-песни го збудалуваат ништо не му е јасно . Ќе му се разјасни кога ќе слета на Александар Велики
Ааааа, ќе се подмочкам од возбуда, жими се'!!! Не можам да дочекам да дојде 4 и пол, уште од сега се облеков во дрес, свирките, знамињата и другите реквизити ги запакував, заедно со нив и аналгините и бедоксините и во 3 и пол, пат под нозе да навивам! НАПРЕД МОМЦИ!!! ВЕРУВАМЕ ВО ВАС!!!!
Едно име имаме во душава го носиме-за тебе живот даваме о Македонијооо (само навивам иначе не давам живот за неа) напред наши мене ме држи од сабајле еуфорија.....ајде бре нека доага 16:30ч обврски имам еден тон ама два сата нема со око да трепнам камо ли со рака да мрднам (освен на давањето поени од нас)
Ајде момци згремете уште еднаш по паркетите!!!!!!!!!!!!!!! Со срце на терен,цела Македонија ќе го задржи здивот тие минути и ќе ви ја пратиме најпозитивната енергија што може да излезе од оваа точка на Балканот! НАПРЕД МОМЦИ! Јуриш на Шпанците!
Излези Војдан, пресечи топка, додај до Влатче, погоди тројка, Пеџа дигни раце, висoко горе, една блокада и Гасол е доле! Але aле, Але але, Але але, aле але Але але, Але aле, Але aле, aле але Излези Перо, право на тераса, Тоше е херој, а Бо е наша раса. Крени cи раце, Литванија е бедна, Европа клекна, Шпанија е следна! АЈДЕЕ! Ги обожавам Лејкерс, ама сињор Гасол ќе плаче денеска за Македонија. Големата Македонија.
Ајде денеска во 16,30 со чисто срце, со позитивна мисла и лавовски став !! Мора да ги тепаме и шпанците !
Женски спремни ли сте?Ја психички се спремам од кога станав. Него сакав да ви кажам... Немој да сум видела дека сте мрчеле тука дур играат,ко што беше случајот со Литванија...Види ги појма неамаат,неможат кош да дадат,многу се слаби,Литванците се јаки..И кога победија одма а-у најаки сме. Озбилно ме изиритравте тогаш,ама неќев да уништувам еуфорија од победа. Друго,абе озбилни ли сте дека вашите би ви се наљутиле ако добиете некој неоправдан пошто сте избегале да гледате кошарака?! Искрено мислам дека се плашите повеќе од што треба,дајте малку поопштено,не се вашите бабароги сигурно Едвај чекам 4ипол...Ви вил кик дем есес! А и да изгубиме не е битно.Ова е најголемиот успех за нашата држава од осамостојувањето,и немислам само на полето на спортот. Со вас сме момци! И Георгина ,дај побарај си копи рајт за песничкава ,се нервирам вака кога гледам на Фејсбук некои таму безвезе ја ставаат,си мислиш они ја измислиле. Едит:Eве на пример под Демотивацијава некоја девојка ја ставила цела. Мислам освен ако не си ти тоа ,стварно нема смилса.
ОДИМЕ НА ПОБЕДА Момците можат и ќе ги победат, цела Фемина и цела Македонија е со вас. Нааааапрееееед!!! Алеееееееееее Алееееееееееее