Уште сега ми е срце во петици, ајде момци можете вие Кошаркарите подобро играат кога се дереш пред телевизор и пишуваш на Фемина
Им ја посветуваме песнава на Шпанците. (малце оптимизам) http://www.youtube.com/watch?v=-tJYN-eG1zk&ob=av3e We will, we will ROCK YOU! И Перо, ти порачуваме вакви кошеви да даваш, да знаат со кого си имаат работа! http://www.youtube.com/watch?v=l5eAXCLnhjc
♥ Додека другите се надеваат , ние се бориме , додека другите играат , ние победуваме , додека другите имаат поединци , ние имаме тим , другите немаат што , ние имаме МАКЕДОНСКО срце! ♥
не е можно најавени се дека ќе играат и намерно се вратени сите од нба за првенството. мислам дека се само шпекулации и самиот по (пау) гасол даде интервју за фиба дека ќе играат така да неточна информација
Туго туго уште 2 ипол саати до полуфинале. На човек мерак да му е да живее овие денови во Македонија. Јас одам со женишта да гледам, после тоа одам на плоштад да се бањам у фонтана за победа на Македонија Да не чујам песимизам! Тој затворете си го дома, у шпајз. Ајмо оптимизам, момците ќе играат ко последен натпревар да им е. ОДИМЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ на победаааааааааааааааа Шпанија ги чека во 8 чартер за дома, затоа и е натпреварот во 16.30. Дај да ги спакуваме
Без разлика што се во НБА имаат должност да играат за репрезентацијата на својата земја. Еве на пр. сигурно и нашите играчи некој ќе ги купи и ќе играат за др. тимови ама за Олимпијада и следниот Еуробаскет имаат обврска да играат за нашата репрезентација. И да, Гасол ќе игра, ама немора да значи, зависи колку е уигран со шпанскиот тим. Можеби во НБА е добар зашто е уигран со тој тим ама немора да значи и за Шпанија
1903 - Илинденско востание (Гоце, Даме, ...) 1944 - АСНОМ (Брашнаров, Ченто, ...) 1991 - Независност (Киро, Кљусев,...) 2011 - Целосно обединување-нови Европски вредности (МекКејлеб, Перо, Војдан, Владо,...)
ЕКСКЛУЗИВНО!!! Во 16:30 на ТВ Сител, следете ја првата шпанска серија со тажен крај!? Напред нашии, Шпанија се плаааши! Малце сум си пристрасна кон Шпанија (ја обожавам земјава), ама патриотското во мене ми дава да ги пцујам.
Јас невести наполнета со адреналин, празен желудник спремен за надоместок со пиво и многу, ама мноооогууу позитивна енергија и верба, се спремам за прв ред во мојот омилен маалски кафич да врескам, пцујам па ако се бара и да плачам. Не сакам бре да пишувам на други теми на форумов во време кога пишуваме историја. Ќе победиме! Ќе ја завршиме страницата со крената тупаница И кога ќе ве прашаат кај е Македонија, си го знаете одговорот: ...Таму кај што вечно сонце сјае, таму е Македонија! А ако не им е позната локацијата, кажете им дека сме во Финале, зашто таму гарант ќе не најдат
Шпанциве да се јаки, јаки се у пм. Дечко ми прееска бил во кладилница и вели дека коефициентите баш и не се во наша полза т.е. дека Шпанија има 93% шанси да тепа. Е даааааааааааааааааа бе! К** ми се разбираат тие! И Литванците си испечатија билети па им го помандавме! Што бе Гасол? Може за Лејкерси, ама овде тешко. Дури и план Б кроеле како да се спротиставуваат на наш Борче. Лузери. Финтата кај Шпанците а и другиве репрезентации е што кога играат заедно со своите ривали од други тимови, тие сеуште гледаат на нив како ривали и гледаат да остават поголема слика за себеси, при што тимската работа пропаѓа во вода, што не е случај со нашите момци. Нашите играат со срце бре! Гајле им е кој за кој тим игра, тука играат за Македонија! Е, тука ни е шансата за победа, и секој кој вели дека не би можеле да направиме нешто против „професионални“ играчи, нека си се напие чашка HCL. Ова се нашите момци! http://www.youtube.com/watch?v=yX39J_YyKbs WE CAN DO IT! p.s. Се извинувам за вулгарностите погоре, ама си сакам да си пцујам кога сум под стрес.