Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Македонија вечна. Нека им стане јасно на сите кои сме и што сме. Браво момци, секоја чест. Вие сте победници во секоја смисла. И шампиони, прваци. Само напред!!! :up: :muscle:
     
  2. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    Сега само што се вратив од плоштад...браво за нашите...иако не победија...да се надеваме на брозен медал!
    МАCEDONIA!
     
  3. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Иако имавме феноменална игра, шпанците изиграа подобро и чесно изгубивме. Нема потреба за тага, главата горе сите македонци. Тоа што го направија кошаркарите на ова првенство е најголемо достигнување во кошарката во цело постоење на Македонија како независна држава. Одиме горди за бронза!

    НИЕДЕН ПОРАЗ НЕ СЕ БРОИ, ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИ!
    О оооо Лестер Бо Меккејлеб :l: :l: :l:
     
    На dancing.queen и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  4. makedonce23

    makedonce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    7
    М :l: A :l: K :l: Е :l: Д :l: О :l: Н :l: И :l: Ј :l: А
     
  5. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    ИЗГУБИВМЕ многу се нервирам,но ке победемеее ехее уште колку победи не очекуваат!!!!!
    :l: Македонија засекогаш во нашите срца :l:
     
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    А како да не победат кога зад нив стоеа ...

    Хрватска , Грција , Финска , Босна , Грузија , Словенија и Литванија ? ? ? :D

    Само така можеа и никако поинаку ...
    За вас не знам ама јас се спремам за голема прослава во НЕДЕЛА и уште поголема прослава кога ќе ги пречекаме во ПОНЕДЕЛНИК ...

    Ах волку волку бар до бронза ете толку :!:
     
  7. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    И Грција навива за Македонија!


    Фантастичната игра на македонската кошаркарска репрезентација не остави рамнодушен буквално никого во европската спортска јавност.

    [​IMG]

    Сепак, ни на сон не помислувавме дека за своите одлични изданија ќе бидеме фалени дури и од нашите лути непријатели, јужните соседи Грците. Новинарот Танасис Аспруљас, кој е дел од грчкото радио „Сентра Гол“, објави прекрасна репортажа во која што со најпозитивни зборови ги опишува настапите на македонската репрезентација на Евробаскет 2011.

    „Извинете, но во националната жалост за еден спортски подвиг немам намера да учествувам. Кога говорат потта, несебичноста, храброста и машкоста, нема место за политика. Антипатичен не ми е никој од 12-те момчиња, кои секоја вечер гинат за да направат уште еден нов подвиг“ - ја почнува Аспруљас својата репортажа, не криејќи ги своите симпатии кон избраниците на Докузовски.

    Како дел од целиот проект, тој дури и разговара со дел од македонските репрезентативци. Според нивните зборови, следењето на прославите што се случуваат на плоштадите и низ улиците на сите градоци ширум Македонија само им помага што побрзо да го надминат заморот и да се мотивираат уште повеќе за следните натпревари.

    - Свесни сме дека кошарката што ја играме не е премногу атрактивна за око, но таа е производ на срце и желбата за победување што ја поседуваме во себе“ - објаснува центарот Предраг Самарџиски.

    Грчкиот новинар поставил и прашање за шпекулациите дека дел од кошаркарите биле незадоволни што сега македонската влада испраќа чартери со навивачи, додека тие беа принудени со редовна линија да патуваат за Литванија. Одговор доби од селекторот Докузовски.

    „Пријателе, овде нема пари. Сите играат од срце, затоа што им е чест и гордост да го носат овој дрес. Нема никакво незадоволство, само љубов кон татковината“ - порачал македонскиот селектор, откривајќи го можеби и главниот фактор за нашите неверојатни игри и резултати на Евробаскет 2011.


    :o :o Што направивме луѓеее ? :devil:
     
    На crazyinlove19, Theodora, Breezy и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Со овие играчи со овие прекрасни борбени момци одиме понатаму на ред е бронза ако даде Господ !!
    Навистина се радувам за ова што го направија одлични се !!

    Ова многу значи за Македонија и сите нас !!
     
  9. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Наваро е направен во тројка!
     
    На Smilly, Elennaa, Plavusa.17 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Криво ми е што изгубивме, но тоа не значи дека нема понатаму да ја бодрам и да и се восхитувам на нашата репрезентација !!.. Сите го дадоа својот максимум, силата, љубовта, срцето и душата ги оставија на теренот.. Тоа се нашите херои !!!.. Далеку избуткавме, сега сите заедно да ја бодриме Македонија за бронза во недела :!: Нема вакви сме, такви сме, ПОБЕДНИЦИ СМЕ ЛУЃЕ !!!!! Без разлика на денешниот резултат, се знае која е и што е Македонија.. Една и единствена, покажавме дека сме силни и храбри !!..

    Напред наши!!!!
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ќе го изгравирам резултатот 45-44, ќе ми остане врежан ликот на Гасол и извикот бомба по забивањето на Антиќ, вечно ќе ја помнам нервозата на шпанскиот тренер и нервозата на навивачите. Овој ден сме ние победници без разлика на се.
     
    На crazyinlove19, dancing.queen, sweetyears и 9 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Да не беше играч во НБА ќе се прашавме дали тројките ќе му одеа од рака!? :^) Таму се испраксирале ... да играа во европски тим не верувам дека ќе беше претворен во тројка.

    Инаку нашите значи покажаа што е игра, константна, тимска, активна ... Другиве "големи" тимови некако многу млаки се у стилот гледајте не и чудете се |( ... Ех ама сега они се чудат на нашата фаланга! 8)
    Само натпреварите со нашата репрезентација беа навистина импресивни за гледање!
     
    На Breezy и macysh им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Видовте ли на забавената снимка кога Бо направи лична грешка, извика fuck и тоа онака големо FUCK убаво се виде дека препцува. :D
     
    На la-chicka, FortuneTeller.xD и Smilly им се допаѓа ова.
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не бе, ни Чак Норис, ни дедо Боже, со Ла вирхенсита де Гуадалупе не си можеме... Ај карамба, си го видоја Доместосот наш шпанЦките кукарачас. :devil:

    http://www.youtube.com/watch?v=u0nQMgaJ ... re=related
     
    На OzzyAngel и dancing.queen им се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    Супер изиграа, јас и со 4то место сум и повеќе од задоволна и ајде да не ги форсираме за бронза, како што правевме за натпреваров со Шпанија, да оставиме спонтано да се одвива се.И онака сме задоволни со се постигнато до сега :)

    @paugasol Macedonia were the strongest team that we played against
     
    На julie77, rossonerka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  16. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Во моментов навивам за Франција :D ајдее ајдее можете да ги тепате Русиштава!! сакам реванш со Русија не за друго :devil: :devil: :devil:
     
    На crazyinlove19, Smilly и eutixismena им се допаѓа ова.
  17. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    ^ Колку колку е? На која програма има пренос освен на Сител3?
     
  18. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    787
    Македонијо, те гледам на атлас моментално. Колку ли си само горда, се прашувам.

    Скоро секогаш и во се сме на дното, а сега сме на површината.
    Нашето име се спомнува насекаде. Нашите срца навиваат за нашите кошаркари.
    Сите заедно се сплотивме во едно.

    ! М А К Е Д О Н И Ј А !

    Ние сме победници.

    Наваро, ќе бидеш наваросан! :punch:
     
  19. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Ах, криво ми е. Можевме и повеќе..
    Како и да е, одиме за трето место. Со Русија би требало да играме, да ? :) Така ми седи..
    Леле ако тепаме во недела што ќе биде .. леле леле :party: :party:
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Да ви кажам право, од прееска сум вкочанета се' уште и потсетувајќи се на многуте шпански сапуници, Наваро изгледа ноќта ја поминал со Вирхенсита де Гуадалупе или со самиот Ѓавол во кревет, за да му појде толку шутот. :x

    Како и да е, интензивно почнав да упатувам клетви на негова сметка, рака да ми се исуши indeed, да не може да си го пипне, да го фати сидром на blue balls, краста да фати и моми да бегаат од него.
    Колку коша даде, толку години да не му се дигне и Антич и Чековски деца да му прават.

    Пу јаз'к!
    :devil:
     
    На kate21, crazyinlove19, OzzyAngel и 7 други им се допаѓа ова.