Спојлер Си кажав јас пред 2-3 дена Самарџиски никој да не ми го гиба Забегав јас оф- топик али така да си знаете
Денеска во Вест пишува Кошаркарите ке се возат со отворениот двокатен автобус од аеродромот до Центарот на Скопје. Во Понеделник ке слетаат во 11.15 ч .ке се возат по улиците на скопје до плоштадот каде ке има организирана прослава со настап на повеке пејачи. Има и итервју со тренерот Марин се наежив кога го читав и успехот им вреди х 10 затоа што 3 дена пред да заминат Марин сакал да си даде оставка(комуникаијата со челиците била нарушена) му рекле да си оди ако сака(не дирекнтно), бидејки се жалел и бил лут затоа што немале ДОКТОР, Витамини и ги немало сите играчи неизвесен бил настапот на Илиевски а Бо и Гечевски се приклучиле многу подоцна. Тоа се случи со првиот чартер, македоснките навивачи се степале на пат кон Литванија во авионот при што ја загрозиле безбедноста на летот мавале по прозорците и по седиштата ,при што сакале принудно да ги слетаат во романија но не им дозволиле ги пријавиле на пристигнување и со полиција биле однесени до салата на враќање пилотот не сакал да ги качи за назад и ги оставил во Литванија 10 луѓе за да не му се случи истото за назад. СРАМОТА во секој случај!!!!
Колку ми одат на нерви вакви мрчаторсчи коментари упатени кон најзаслужните за успесите и гордоста на Македонија! Колку пати треба да се повтори дека се игра ТИМСКИ,дека целиот тим,секој поединечно,Марин Докузовски,СИТЕ се заслужни за победата.А НИКОЈ не е должен да се извинува и исповеда за поразот,сите тие се заслужни за среќните моменти кои ги имавме на ова ЕП. А да и " КОЊОТ" Антич да беше глуп немаше да биде капитен и немаше да организира онакви напади! А Дарко Соколов имаше мала минутажа да се докаже,околу 8 мин. Ајде ако сте подобри направете вие нешто за Македонија,лесно е со пуканки да гледаш пред ТВ и да пцуеш ако некој промаши,а на нив не им е лесно да потат и да се сконцентрираат во такви стресни моменти верувај. НАПРЕД ХЕРОИ,ЗА НАС СТЕ ПОБЕДНИЦИ! И да освоиме и да не освоиме медал,со вас сме до крај.А јас верувам во вас и вашите вредности,па се надевам ќе успееме да им се реваншираме на Русите,особено на Моња за онаа последна тројка
Браво момци стварно,да не се повторувам честитките се неизбежни.Јас по поразот со Црна Гора не ни очекував да идеме даље у следна фаза али ете имало господ.Идеме на бронза,па и да изгубиме сепак момциве направија нешто за земјава што никој го немаше направено,сите слушнаа за нас ,не подлагнавме на потплатувањата од другите екипи,машки претпревме неколку порази.Секоја чест,за тоа како во ниеден момент не подлегнаа на еуфоријата со тоа што скоро секоја утакмица ја решаваа стотинки.Многу сум горда на вас дечки идме понатаму,што сака нека биде,не ни треба никакво злато,сребро или што било ние ги имаме нив-нашите херои. Само да знаете колку го мразам овој сељаков,фава му е одвратна не го можам стварно!
Aбе цел свет прави дочек навечер, а ние во 1 часот на пладне. Прво на школо се многу, второ други се на факултет на бруцошите и тогаш им се првите часови, а трето најбитно за мене повеќето се на работа! А и четврто прерано е за да дојдат луѓето од другите градови. Зафатени се луѓето тој период. Па не е фер. 18/19/20 часот е времето за прослави ... Ова ќе испадне во понеделник бегам за неоправдан од работа
*Бошко е мојот фаворит и омилен лик во последниве 5 години Мн ми е сладок,а за играта да не коментирам...Игра ко од шала,се пробива низ 2 метра високи и запуцува..Абе немам коментар,играч од највисок ранг,а да имаше некои 20 цм плус,ке беше играч бр 1 во НБА. *Илиевски ми е играч со страчна стратегија во глава.Срека е дали ке влезе топката,ама стратегијата и позицијата се веке знаење,додека фатот за шут е талент,или го имаш или не. *Војдан ѕвер за 3ки,браво! Овие се моите играчи,а иако можеби несмеам ова да го кажам,ама цревава ми се превртуваат кога Чековски ке влезе Ств е тромав,нема ни од,ни држење,а да не зборам дека и не ми игра ни одбрана(за што барем во тоа поле би требал да е солиден со оглед на висината),а ни напад.Погоди некоја 3ка и упорен е дека му одат 3ките,во момент кога губиме 10 разлика он шутира упорно!
1780 мислења на темава до сега. Имам предлог да бидат избришани сите мислења со навредлива содржина за било кој од нашиве кошаркари (иако знам дека бришењето мислење ептен трагично се доживува). Ако ниедна од модераторките не се чувствува компетентна, нека го направи тоа некоја од форумџикиве од типот на Спаркс, Старбакс или Росонерка (извинете, но ги има повеќе), кои ја разбираат работава и пишуваат МИСЛЕЊА, без да плукаат, вреѓаат и сл. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ Ова е спорт, но не се работи само за спорт. Овие момчиња и стручниот штаб не промовираа во светот како нација која се одликува со храброст, издржливост, заедништво и памет. Во Европа и светот цел септември одекнуваат вестите за сензационалните победи на нашите кошаркари и со восхит се пишува за нивната храброст, тимски дух. Од 1903 со илинденците и гемиџиите, во поново време после Тоше или Симон, како ретко кога во светски рамки вака е промовирана македонштината и со симпатии и восхит се пишува за нашите. Соседиве си ги критикуваат своите спортисти и им велат да се угледаат на македонците како се остава срце на терен. Сакам како во мојата меморија, во нашата колективна меморија, и така во оваа виртуелна меморија да останат траги кои кога ќе ги читам по повеќе години, да ми наврат истите чувства како сега, кога бевме како никогаш горди на тоа што сме. И не сакам да ги читам плуканициве кои ме потсеќаат на нашата малодушност, порив за себеуништување, кои никако да го искорениме. Абе не сакам да читам по форумиве плуканици од некој кој со флаша пиво гледа натпреват, само мрчи и критикува, а самиот со прст не мрднал за земјава. Или некое девојче кое у живот нема гледано натпревар, па сега оти татко и го опцул Х, зема на форумов пишува Х е дрво, глуп сл. Се извинувам за хаотичново пишување, знам дека предлогов нема да се реализира, но се надевам дека ми е разбрана намерата. И што и да се случи утре, у понеделник да ве видам сите на дочек.
Загубивме и одма падна ентузијазмот! Зошто? Македонија, за која пола Европа и пошироко не знае каде се наоѓа, влезе во четирите најдобри репрезентации. Играше во полуфинале!! Победи досега непобедени тимови! Што сакаме?? Не треба да сме горди на нашите? Не треба да шетаме со знамето развеано на нас и да викаме Ма-ке-до-ни-ја?? Или тоа се прави само кога ќе победиме? А? Зошто така? На победата со Литваија сите плоштади во земјава беа полни, а вчера, по загубата, кога е најпотребна поддршка, навивачите ги снема!! Па луѓе, не можеме во се да сме први. Некогаш сме отпаѓале одма во прв круг, а годинава сите чуја за нас!! Стигнавме далеку!! Треба да сме горди на нашите момци, треба секогаш да сме со нив!!! И во победа и во загуба! И знам дека загубата не е мила, ама тоа е што е, мораме да ги бодриме!! Треба да го направиме најмасовниот пречек за нашите момци, а не пола од навивачите да ги снема!! Треба да докажеме дека малата Македонија има огромно срце!!
*Би сакала да одам и јас на дочекот ама тешко абе далеку е тоа скопје еее хахах... *А и мене ме нервира кога плукате по кошаркарите стварно не можам да ја разберам -Zoza- зошто го нарекува така антич и јас кога гледав се нарвирав но и се радував може и јас сум кажала нешто за некој од играчите ама не го напишав па ако не беа ти сигурно дека топката нема да си подрипнуваше и да влегуваше сама во кошот.... *А за во недела верувам дека ке победиме а и да не победиме ке се радувам бид. НЕ ДОНЕСОА до овде *Се согласувам со пеперминт да бидат избришани навредливите милења бидејки нашиве херои не го заслужиле ова *Вчера ако имаше некој од страна да не снима како со другарките гледаме кошарка и да не стави на јутуб ке имавме најмоги лајкови бид. бевеме комедија АЈДЕ БЕ ПЕРОО-поздрав до Siksi Најјаки бевмее вчера
Zoza срамота за навредите што ги упати СРАМОТА .. антиќ е закон човекот борбен премногу се труди а ти го нарекуваш коњ :/ и останатите во тимот сите се прекрасни борбени момци !!
Никогаш не сум била погорда македонка, најискрено. Не очекував волку далеку да стасаат репрезентативциве, ме изненадија ептен. Поготово што не следам многу спорт, ова ми беше ептен шокантно. Дечките заслужуваат статуи на плоштад, одма до Александар Македонски! Да бидат "воините на кош" И морам да споменам нешто што ме иритира ужасно многу, а тоа се коментарите од типот "Антиќ играше за никаде" (како погоре цитираниот коментар), "тепаа благодарение на судиите" и слични малоумни изјави . Како воопшто можете да кажете дека Антиќ не изиграл добро!? Капитен е, ја одржува стабилноста во играта! Со Шпанија беше цели 40 минути на паркетот, ги обединува сите хелоу! Јес дека имаше фаци во екипата што направија многу грешки, како на пример Чековски, но треба и него да го разбереме..додека се спрема да постигне поени, 10.000 навивачи се дерат "УУУУУУУ", и вие да сте ќе ви се стресат нозете! А дека Русија тепале со помош на судиите, НЕ СТЕ ВО ПРАВО! Им го вратија времето затоа што беше пропуст направен-топката отиде во аут а времето не се запра! Бидете фер и признајте го поразот достоинствено.. Сепак изгубивме од земја поголема 70 пати од Македонија, конекуренцијата е невидена. Плус сите во полуфиналево имаат NBA играчи, ние ги немаме. Имаме само едно ГООООЛЕМО срце и желба за победа. И читав некаде по интернетов статистика што сме им направиле на Шпанците. Се изгиднавме ептен високо, дури и Грција ги поразивме (макар и само еднаш во цела историја), Литванците на домашен терен, дури и американските коментатори здивуваат по нас, цела Европа и цел Балкан ги клекнавме на колена.. Што уште сакаме? И без медал да се вратат, ОГРОМЕН УСПЕХ Е!!! Има уште многу да се кажува, но да не бидам досадна Ако имате некои информации, дали ќе има во понеделник некоја прослава на плоштад, како, што, кога, ве молам споделете тука. Јас знам само дека пристигнуваат во 11 и 15 часот, дека ќе се возат во новиот автобус и тоа
"Иако Шпанија се пласираше во финалето на Евробаскетот, нашите играчи ги добиваат честитките. За играта, квалитетот, пожртвуваноста и позитивниот дух. Тоа ги прави вечни победници. Како на натпреварите кога победуваше, така и вчера, по поразот во полуфиналето. Целиот ходник во арената ечеше од нашата соблекувална, каде се пееше познатата песна. „Излези момче право на тераса“, уште еднаш сложно и победнички. Луѓето од организацијата, медиумите и сите кои можеа да го чујат тоа, со мало чудење и блага насмевка од задоволство, побрзаа да кажат: „Еве ова. Токму поради ова Македонија е омилен тим на првенството“. Ааааааааааааааааааа !
Ајде некако да издејствуваме, кој членува по други форуми или преку фејсбук, промена на тој термин од 13 часот на плоштад. Стварно не е фер, колку долго го чекаме тој ден. Тие нека си слетаат во 11, па нека им се даде време да се одморат, да се видат со блиските. Па секој кој летал знае дека прво нешто што сакаш кога ќе ја допреш земјата е да си ги гушнеш најблиските, па тек тие. Во меѓувреме може некој прес за новинари и слично. Нека ги сместат во Холидеј ин, па после 17 (или покасно), на плоштад. Јас имам резервен план за бегање од работа, ама ако ме фати некоја камера на плоштад...
Леле времево е ужас , па добро бе со кој памет ? Не е исти филингот во 1 напладне и навечер . Ќе беше настан се надевам дека нешто ќе се промени да се стори со терминов пошо вака тапа ќе биде !!! добри 70 % ова време се зафатени , ту ми го пореметија планот . Инаку на Бо се опасно попалени ... Инаку на Бекстејџ кажаа за Бо секој четвртина нова девојка Коментаров ме изнамсмеа Meri Petreska ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕ СРЦЕ МОЕ НАЈУБАВО ВО ПОНЕДЕЛНИК ТВОЈА СУМ ВО СИТЕ ПОЗИ ТИ СИ СОНОТ МОЈ ТЕ САКАМ ТВОЈА ЌЕ БИДАМ СЕГА И СЕКОГАШ АКО БИДЕ ))) Reply · 8 · Like · Follow Post · 11 hours ago Meri Petreska PA STO SI GO SAKAM)) Reply · 2 · Like · 11 hours ago Пепи Илијевски. · Gevgelija Meri Petreska Reply · Like · 4 hours ago Kakarot Martinchooy Pyromaniac · Top Commenter · Australian College of Business and Technology Hahahhahahahahahahahahahahahahahah Reply · 1 · Like · 4 hours ago http://www.demotivacija.mk/go-dade-srce ... 29913.html