Значи ние самите ако си ги навредуваме кошаркарите.. замислете како другите не навредуваат нас.. Не си горда што стигнавме во полуфинале? Не си горда што ќе се бориме за медал? Што ги поразивме Грците, Финците, Литванците, Хрватите и останатите? Знаеш ли колку удел имаше Антиќ во тоа? Или воопшто не си ја следела кошарката да видеше колку топки им украде и колку одбрани а да не зборувам колку пати им ја заби топката и колку коша даде?! Само ако во 1 утакмица промашил некоја тројка и слободни шутеви не значи дека имаш право да го вреѓаш тоа што не донесе до самиот врв!
Искрено не сум баш по спортот и никогаш не сум навивала како што навивав последнава недела Абе луѓе буквално гласот ми се фати од дерење Вчера сум пцуела како машко ,пцовките сами ми излегуваа,најмногу упатени кон Наваро.Стварно ми е криво што изгубивме меѓутоа треба да сме горди што стасавме до овде,постигнавме неверојатен успех! Спојлер Душа! Колку само се бори за тимот!
Хах Џус, а јааааас во Дарчее мхмхмхмммммм Едвај чекам да дојде недела, да го видам пак. Еј мој ќе бидеш бе! П.С. да не забегуваме многу од темава најубаво УТРЕ РУСИИИ СПРЕМАЈТЕ СЕЕ ЌЕ ВЕ МАЧКАМЕ, КИРИЛЕНКООО ЌЕ ПЛАЧЕЕШ!
Перо е заузет бе, женет е, да прочита жена му овде тешко вас Во врска со Антич само на статус . Русите утре се готови !
Јас не во Антич.. ви го оставам на вас и онака има превише заинтересирани јас си го сакам меккелеб.. срцка е човекот
Извини.. нема да може. Инаку, УТРЕ ГАЗИМЕ СЕ ПРЕД НАС. Сериозно, утре ќе навивам како никогаш до сега. И сигурна сум дека земаме трето место. Дома без медал не се враќаме.
Близнаците Војдан и Дамјан Стојановски во изјава за „Вечер“ велат дека нивната идентичност не ја користат за измама на љубовно поле, туку таа им служела само за на училиште. Војдан и Дамјан се единствените близнаци на Евробаскетот во Литванија. Тие ги украдоа симпатиите не само на цела Македонија, туку и на фановите на останатите селекции. - Со оглед на нашата идентичност често се случува девојките да не помешаат. Но, никогаш не сме го искористиле тоа за да ги измамиме девојките. Нашата идентичност не ја користиме за измама на љубовно поле, тоа го правевме само на училиште, велат близнаците во изјавата за „Вечер“. Непосредно по завршувањето на полуфиналниот натпревар со Шпанија идентичните близнаци беа опкружени од навивачи со кои трпеливо се фотографираа, а голем дел од нив неможеа да ги препознаат кој е Војдан,а кој Дамјан додека не прочитаат на нивната акредитација. http://kurir.mk/sport/kosarka/42643-Bli ... rofesorite
http://kurir.mk/sport/kosarka/42635-FOT ... ajbliskite Ја морам да прашам...КОЈ Е ЛЕПОТАНОВ НА ВТОРАВА СЛИКА?!!!! Знам дека е некој од резервите кои не заиграле ама името да ми го кажете под итно! Марине бе...па можеше барем ради лепота да го ставиш,малце да пошармира! Абе а што се случува со Србиве???Катастрофа жива се.. Вчера Грците ги изедоа живи,Србите во првата четвртина имаа само 8 поени. Ете ги сега и од Словенците губат . На овој Теодосич мнооогу побитна му е фризурата,него ли дали ќе постигне кош.Морал,борбеност на нула. А актуелни вице-шампиони се..Ноу комент!
Антич, Гечевски и Илиевски се женети и со деца, останатите поим неам. На Антич и тетоважите му се жена/деца мотиви, посилен се осеќал така. Така шо, отпишете го, младиве ископајте кој е шо е зафатен, слободен.
^ Марко Симоновски се вика Мис И мене ми е убав, впроочем сите кошаркари ни се убави. Е сега, за вчера. Не ми е криво воопшто што изгубивме, напротив, се боревме до самиот крај. Пишав јас во минтатиот пост дека ако некој вреди кај Шпанците тоа е Наваро и дека се страшен тим. Уморот ги совлада нашите, со последните сили играа, плус најголема минутажа имаат, мислам дека Илиевски е прв во изиграни минути на паркетот. Јас од играта сум презадоволна и искрено на следни првенства верувам дека ќе конкурираме за медал. Сите се запнале за Наваро, но јас мислам дека ние имаме кај нас еден што е уште посилен од Наваро, а тоа е Војдан. Војдан е млад, му треба само уште малку повеќе тренинг и самодоверба за да биде уште подобар од Наваро. Наваро е играч кој што не се плаши да шутне и да погоди. А за Гасол,нашиот Антич е едно 5 пати подобар, затоа што Антич може да изигра од позиции каде што Гасол не може. Ќе видите, дека следно вакво првенство ние ќе бидеме шампиони, ни фали само подобрување на шут и повеќе играчи за ротација. Другото сето е одлично. Јас погорда не можам да бидам на момциве, секоја им чест, ја обединија Македонија во едно во овој период, ни дадоја повод да славиме. Колку само малку ни е потребно за да бидеме среќни, навистина. Одсега натаму очекувам да се вложат доста пари во подобрување на условите за тренинг, да се инвестира во кошаркарите, да се подобри маркетингот за уште повеќе да се плашат од нас, иако од сега натаму Македонија никогаш повеќе нема да биде гледана со потценување. Јас не можам да кажам ништо друго освен дека сум горда на нив, среќна и задоволна без разлика дали ќе се закитиме со бронзен медал или не и силно верувам дека следниот меч против Шпанија ќе победиме. Затоа што кога играчи како Гасол кој игра за НБА, Наваро кој е моментално најдобар шутер за 3, ние успеавме да ги исплашиме, да ги натераме да играат како никогаш досега. Ова не е крајот, ова е само еден почеток на една прекрасна репрезентација која од оваа година натаму ќе пали и жари по паркетите. Македонијо, имаш безброј обожаватели. од мене.
http://www.youtube.com/watch?v=rzZC8AOc ... r_embedded Прекрасно, најпрекрасно видео , само грциве неможам да ги поднесам абе не се нормални , љубоморни џупци
Го скенирав интервјуто на Самарџиски во Наш Свет На 2 страни е, т.е поврзнао ама на 2 страни, затоа е вака. (вторава е кривка, ама нема веза