Самрџиски 120 килограми сексот со него за мене би бил смртоносен ... Ама за овој и да умрам не жалам ...
Ајде ве замолувам веќе да не се полни темава со несодржајни коментари од типот овој е мој, оној е мој. Си ги поздравувате во СП и нема смисла и тука да биде цела тема само со такви мислења, а и во СДК е повеќе од доволно.
Докузовски: Верувам дека не ги разочаравме нашите фанови http://www.supersport.com.mk/index.php/ ... 59-59.html Секако дека не не разочаравте, ние сме горди на вас и вашиот успех. Русија ни остана должна, а Македонија не сака должници Така да утре ќе ги израмниме сметките.
Македонската фаланга ќе загрми утре, последен натпревар од првенството крунисан со бронзен медал. Чекаме реванш Руси, со победа над вас ќе го завршиме ова првенство, кое ќе се памти уште многу, многу години во иднина. Сеуште не знаете која е Македонија? Утре ќе дознаете.
Брооооонза мачиња, утре пак на плоштад ќе ве бодриме! Поддршка! Вратете ја правдата што не ја добивме минатиот натпревар! Шансата е утре!
Македонија има само два милиони жители. А Шпањолците имаат два милиони кошаркари бе, избор имаат. И сепак чекаа Наваро да ги спаси Значи ние не сме херои, туку поголеми херои, што да избереш да ти игра кога седат седумина на клупа, а пак да успеат да избегнат голема разлика?! Од Војданчо очекувам да го скине Куриленко утре, неговото крадење топки е културно и фино А Антич ќе фрла тројки од плоштад, па нека се мислат Е Борче е посебна приказна, слушнав утре ќе бил Супермен А Бо-Супермен ги мрази Русите Оптимизам молам
Очекувам храбра борба утре против големата и сигурно мотивирана Русија! сепак за медаља станува збор! Но има ли поголеми срца од нашите?- Нема! Има ли поголема хемија во некој тим и бореност?-Нема! Идеме утре да им се реваншираме на Русите кои веќе беа победени минатиот натпревар! Со Шпанија изигравме прекрасно,но факт е дека не можеш да се носиш со класа шутер како Хуан Карлос Наваро! ахх овие каталонциве увек вадат јаки спортисти! 36 поени ејј..мислам реално секоја чест! една мала шала која кружи низ чаршијата деновиве е:Дојдено е до сознание дека Наваро е правен во тројка!!
Е тоа де, од сите што ги имаат играчи, само Наваро и тој Гасол се растрачале другите така, колку за рекреација а нашиве, душички таму сите парче ги направија, чорба и литваници,финци се и најбитно грцине и после викаат по нас Ај нека победат нашите утре, нека завршат работа, нека средат тоа Русите
Ова е голем успех! Зад себе оставивме земји со јаки кошаркарски репрезентации, ја победивме гејција - нашите најголеми непријатели, ги победивме домаќините - третокласни шампиони, многу добро им париравме на шпанците - повеќегодишен европски првак и ќе ги згазиме русите, овој пат ни судии нема да им помогнат. Едно ОГРОМНО БРАВО за нашите кошаркари!
Утре нема да можам на раат да го гледам натпреварот. Ми се најавија гости, на повојница. Е аман бре, од тоооооооолку денови,ТОКМУ УТРЕШНИОТ го погодивте? И тоа во истото време како кошарката ? Мажнцето мое дури во СК ќе оди да навива. А јас со гости дома... Ќе стискам палци да ги згазиме рУУУУУУУУсите.
Што и да направат утре тие пак ќе бидат нашата гордост. Успеаја да стигнат толку далеку, успеаја да ја покажат Македонија во најдобро светло. Им покажаа на цела Европа кои сме, до вчера бевме мала држава која никој не ја знае, а сега истата таа држава ги порази фаворитите на евробаскетот. Момците не направија горди Македонци.. Браво момци! Само напред! Утре цела Македонија е со вас!