Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    На Smilly, lovemebaby, sweetyears и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    aбе срце е Бо , машиниште наше.. премногу го сакам, односно премногу ги сакам сите до еден :)
     
  4. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    ПЕТ ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ГОРДИ

    Ниту еден пораз не се брои, вие сте нашите шампиони!


    Полуфиналето помина, а со него и историската шанса да имаме загарантиран медал од едно континентално натпреварување, односно визирана карта за олимпијадата догодина во Лондон. Но, еве 5 причини поради кои мора да бидеме горди:


    И што ако играме со Шпанија?
    Да се разбереме, нашите момци не покажаа преголем респект кон противникот. Повеќе бевме „исплашени“ од можноста, отколку од фактот што игравме против актуелниот првак на стариот континент во кој игра ергелата на НБА ѕвезди плус човекот кој ја играше партијата на својот живот, Хуан Карлос Наваро. На, овој шампионат Шпанија загуби само од Турција, и тоа во меч во кој тренерот Скариоло калкулираше со составот, односно не им се спротистави на Турците со најсилниот тим. Ги водевме на полувреме, дадовме се од себе, како и на сите натпревари до сега, и на крајот чесно загубивме. Но, загубивме од најдобриот. Што не води до следниот заклучок, а тоа е дека...

    Ние сме втората најдобра кошаркарска селекција во Европа!
    Тврдиме. После Шпанците, на кошаркарската мапа можеме комотно да го завземеме второто место, и тоа само затоа што прв пат во историјата се „соочуваме“ со една ваква прилика: да се бориме за медал на едно вакво натпреварување. Да не беше кошот на Моња, сигурно ќе игравме финале со Шпанија, но, ќе пропуштевме една огромна прилика, а тоа е да бидеме...

    Најпријатното изненадување на Евробаскет 2011
    „Домаќине, добри гости ти дојдоа!“ - „Лјетува“ ова го почувствува, ама буквално. Кога веќе го спомнавме Моња и победничкиот кош за Русија во последните стотинки од натпреварот од втората фаза по групи, вреди да се каже следното: сакавме да ги победиме Русите за да налетаме на Србија во четврт-финалето, надевајќи се дека против нив МОЖЕБИ би можеле да извадиме позитивен резултат кој би резултирал со чудо наречено: полуфинале! Наместо тоа, „им дојдовме на пенал“ на домашните Литванци кои пред мечот со нас веќе имаа отпечатено карти за полуфиналето на кои пишуваше дека таму „се очекува настап на Литванија“. Епа, домашниот есап на пазар не излегува, односно 15.000 Литванци на крајот на мечот со нас мораа за 2 минути да ја напуштат салата и да ја предадат на победниците, на нашите јунаци, а ние пак, од стартните посакувани 2-3 победи на овој шампионат, дојдовме до СЕДМАТА (дупло повеќе од сите наши победи на поранешните две европски првенства на кои сме играле) и до позиција „да не им се плашиме на некој си Шпанци кои се актуелни прваци и имаат две петторки со повеќегодишно НБА искуство. А тоа е рамно на освојување на златниот медал, затоа што...

    Скапо си ја продадовме кожата
    После мечот со Црна Гора, многумина од нас потпишаа капитулација, очекувајќи уште еден крах на големата сцена. После Хрватите, се врати надежта, во минимална доза. После Грција, бевме назад на победнички патеки. После БиХ и Финска, бевме супер изненадување. После Грузија, бевме апла шизици кои обезбедија четвртфинале. После Словенија, веќе беше досадно да се победува (ма, даааа...), а после Русија, се осигуравме дека сме на рангот на една репрезентација на САД која пред 30-тина години загуби од „зборнаја“ благодарение на враќањето на часовникот и на кош во последните стотинки. А после Литванија... бевме семоќни. Сите заборавија „со каков ум тргнавме“ ние навивачите, не кошаркарите, иако и тие беа вчудоневидени од сопствениот потенцијал. Да, очигледно е дека нашата селекција има одлична хемија, феноменална подготвеност да изгине на терен и свест дека се што прават го делат со нас, и добро и лошо! Иако, и самите не беа свесни што направија до сега. Доказ? Еј, момчето што го постигна кошот на шампионатот, кошот кој ја фрли домаќинската нација на колена, после мечот еуфорично изјави...


    „Леле луѓе, што направивме?“
    Токму така. Овој ЗЕН на Владо Илиевски одлично го опишува нашето постигнување на Евробаскет 2011. И победата против повеќекратниот шампион на Европа на негов терен и паниката која завладеа со Пиринеите, каде љубоморно ја чуваат европската круна, после првото полувреме... не се на крајот на патот. Сè уште имаме еден натпревар за играње, во кој ќе има сјај на еден медал, кој иако недоличен за нас бидејќи со нашето залагање и сите објективни услови сме апсолутно морални победници на ЕП, можеме да го освоиме, онака, за душа. Не дека нешто ќе смени и дека и парамециумите и амебите во Македонија ќе „промрчат“ некој лош збор за нашите ужасно храбри момци Македонци, туку едноставно да ставиме точка на нашиот настап во Литванија и уште еднаш да им укажеме на нашите противници на квалификацискиот турнир за Олимписките игри дека сме мртви сериозни и дека ќе патуваме во Лондон. А Литванија ќе не памти уште долго. Зошто? Затоа што сме фе-но-ме-нал-ни!

    И мора да сме горди на тоа ;)




    За нашата фаланга :rock: :clap:

    http://www.youtube.com/watch?v=-qnDnNQI ... _embedded#!
     

    Прикачени фајлови:

    На Smilly, starbucks, sweetyears и 3 други им се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Мене морници ме лазат на секоја сликичка и на секој клип што ќе го видам...
    Прегорда сум! Предобро не претставија без разлика што ќе биде утре...

    Бидејќи
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
     
  8. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    од сигурни извори нажалост :worried: ќе мора да се борите за Дарко Соколов или Лестер Бо Мекејлеб само они се слободни за дргите има секаде иформации некои се женети некои се во сериозни врски еве ви слики :(

    http://kurir.mk/sport/kosarka/42635-FOT ... ajbliskite
    дамјан и војдан ги има со девојките,
    димитар мираковски највероватно таа му е жена,
    на аниц рузица е тука,
    како сто писала и рубиии Марко Симоновски со девојката
    Ивица Д иде со една го имам гледано со една црна нз како се вика од спотот на слаткар шопинг,
    влатко има преубава жена и две синчиња,
    итн...
    како и да е еве ви ифно немој да ме мрзите :) али тоа е тоаи мене ми фака око еден али ете зафатен бил :( :( :( :( :(
     
  9. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32

    И онака си го сакав Соколов.. да го фајќам а? А и + Струмичанец е .. :D :inlove:
     
  10. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски

    Да. И ние така, излезена бев во кафиќ, после изгубата ракоплескање и поддршка. Излегов надвор од кафиќот, луѓе со знамиња, во автомобили, на мотори, излезени надвор и свират. Никогаш не сме биле вака, ние Македонците. Како едно.
    И денес, и да освоиме бронза, и да не, ние ќе ги славиме нашите херои во новото време. ВОООЛКУ радост и среќа, никој не ни подарил. Јас верувам дека ќе ја земат бронзата. Ќе играат како секогаш, со срцето на терен.

    Македонија!
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Бреееј, све манијачки феминкиве. :^)
    Сакале црнец та црнец, еве ви црнец - бегаат. Пу бре, женишта непогодени. :^)

    Него, он-топик, со среќа на Македонија, и се надевам репрезентативците со наопаку облечени дресови ќе играат... многу им завидуваат. :wasntme:
     
  12. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    ──────▄▌▐▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▌
    ───▄▄██▌█
    ▄▄▄▌▐██▌█ ОДИМЕ ПО БРОНЗАТА !!!
    ███████▌█ КАЧУВАЈТЕ СЕ !!!
    ███████▌█▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▄▌
    ▀(@)▀▀▀▀▀▀▀(@)(@)▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀▀(@)

    Напред Македонија и ние да застанеме на пијадесталот и во дрим тимот нашиот Бо :clap: :clap: :clap:
     
    На rossonerka и eemmiilliijjaa им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Стварно претеравте! Не ја полните темата со оф-топици од типот овој е мој, овој е зафатен.

    They don't have NBA superstars
    They don't even have a genuine array of top European stars
    They don't have a big name coach
    They aren't chased by wider media pack
    They possess an uber-chemistry ...


    Russia, it's time for revenge, bitches!

    http://brkajrabota.mk/sport/kosharka/96 ... ta-petorka
     
    На kate21, Isaak и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  14. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Ааггхх, Руби, ти портпарол да не си им? :^) Колку прецизно им ги опиша љубовните статуси.. :rofl: :rofl:



    Ајдее јунаци! Цела Македонија е со вас!

    Не е важно каков ќе биде резултатот на крајот на мечот, ВИЕ сте морални победници!
     

    Прикачени фајлови:

    На Smilly, LittleDevil и starbucks им се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ајде момци цела Македонија е со вас, па вратете ни се со Бронза! :) :*
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ќе ја јадеме руската салата? Ќе ја мачкаме? НАПРЕД!!!!!! :clap:
     
    На Monna.Monna, Sun.shine, crazyinlove19 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Леле луди се овие. :rofl: Вечер ќе имам кошмари од овој Кривиленко што ке го гледам после. :sweat:

    Ајде НАЈДОБРИ, со вас сме! Уште само една утакмица. Можете вие! :muscle:
     
    На eutixismena, Hiii и sweetyears им се допаѓа ова.
  18. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Дајбоже да победиме, нека заблеска бронзата околу вратот на нашите херои... Нека види светот како може со срце и воља да се игра. Кога го читав интервјуто на Докузовски во Вест, неможев да останам рамнодушна, како ќе се откажеле од одењето бидејќи немале ВИТАМИНИ, немале ДОКТОР да платат, како патувале БЕДНО... Срамота... А сега доаѓаат како херои, како наши морални победници...

    А и сакам да ги победиме тоа Русиштата, маме им ја нивно, а на тој Сергеј Моња, абе двете раце даму ги искршат, смотан еден, помалку од 7 разлика во корист на Македонија НЕ ПРИФАКАМ!!!!!!(а и нема да биде) Жени навиваме, за 3 саатииииии... Одвај чекамммммм... :l: :l:

    П.С. Срамота е со пречеков во 2 часот, неможе да се пречекаат достојно, кај не ги испративме достојно и како што доликува, сега зар и да не ги пречекаме... Има деца кои се на училиште за кои ова е доживување со душа ги чекаат... Едно големо УУУУ до Млади и спорт ако не го сменат тајмингот(во што искрено се надевам, јас секако ќе стигнам, но сакам сите да можат да дојдат што сакаат, за тие да имаат чувство дека сите сме со нив, дека им благодариме што ни го полнеа срцето со радост овие 2-3 недели и ни ги сплотија душите на 2 милиони луге, ЗА ПРВ ПАТ, да бидеме што повеќе).... Ги сакам сите до еден... :inlove:
     
    На Smilly и starbucks им се допаѓа ова.
  19. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Денеска во 16.30 часот, Македонија по втор пат на овој шампионат ќе се сретне со должникот, Русија, во натпреварот за третото место.
    http://brkajrabota.mk/sport/kosharka/96 ... -na-bronza

    Е овој пат Русија нема да ни биде препрека. Само напред!
     
    На Smilly и Beauchamp им се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски