Уморени се нашиве, факт. Доброто е што и Русиве се капнати се гледа. Моња да се затвори, 3/3 има сега засега. Чековски да се извади, не му е денот. Ах колку фали Гечевски, тој игра тука, Самарџиски прави многу фаули. Војдан повеќе да фрла, тоа не спасува. Бо повеќе да оди под кош исто, гледам не можат да го сопрат. Антич добар е сега за сега, во одбраната доста топки зеде, има доста дефанзивни скокови. И Илиевски е добар, Соколов никако да не се пушта исто не му е денот. А и под притисок се нашиве, знаат дека секој Македонец следи... Можеме да ги победиме само треба да се подобри шутот. Само на Војдан да му тргнат тројките и на Илиевски организацијата. Кириленко е капнат, Биков веќе има доста фаули, само Моња да се чува и да се поентира, тука е победата. Ајде, можеме!!! И не не вади само Бо, научете се дека во петорката има еден поентер (Бо), еден што брани, еден што скока, еден што креира игра и еден што врши асистенции. Не се само кошевите, целосната игра е. И ПРЕСТАНЕТЕ СО МРЧАТОРСКИ КОМЕНТАРИ, ЌОРАВИ ВАКВИ, ТАКВИ! Кога победуваат срциња, сонциња, а кога губат вакви се такви се. Ексик.
Жалосно. Со ваква игра никаде нема да стигнеме. Ајде момчиња уште малку, дајте се од себе мајку му, последна утакмица е, па ве чека одмор после. Се надевам ќе се соберат за полувремево, па ќе им покажат на грдиве каде им е местото.
Ајде малце позитивна мисла хммммм... ќе успеат нашиве, како играа со Литванцине, губеа, губеа и на крај победија :geek: може имаат некаква си тактика,којзнае :geek:
Сме виделе и многу подобра игра од нашите, но тоа е ! Не ни преостанува ништо друго освен да ги подржуваме до крај и да се надеваме дека во остатокот од натпреварот ќе покажат поглема борбеност, подвижност и прецизност! Со среќа!!!
Напред МАКЕДОНИЈООООООООООООООООООООООООООООООООО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! П.С. Денеска руска салата не ни бега .
Леле уморни се нашиве Чековски нека престане да шутира во кош, пошто стварно не го бива него го бива само за крадење топки, одбрана.. Али ќе победиме! Барем бронза да земеме... АЈДЕ МОМЦИ!
чернобил е во денешна уркаина, на времето бил во CCCP, но, сепак во украина е тоа! на овие им е до лозата Tаква им е, ружничка ајде наши бре, ајде ајде ајдее, ќе се одмарате после издржете уштеее мааалкуцку
Мора второво полувреме да вратат сила и да удрат! Како играа со шпанците, стварно борбени беа ... аман Русија веќе не е тоа што била. Ајде мора сега второ полувреме да направат разлика!
Веќе е полувреме? Според коментариве можам да забележам дека губиме. Ако, ако има време. Типично за нас е на крај да изненадиме. Кога цело време водиме, на крај се опуштаме и губиме, а кога губиме цело време, уште повеќе се засилуваме и оп, ете победа. И дајте, по не знам кој пат пишувам, немојте така грдо да кометирате за кошаркариве. Уште еднаш ќе кажам, не гледам, ама 100% сум сигурна дека даваат се' од себе, ама ете заморот си го прави своето. Стабилизирајте се малце, аман.
Гледам да, со Шпанија не гледав па ништо, не им донесов среќа Не мрчам, ама стварно ме изнервира Чековски, да не додадеше во празно можевме да намалиме а не да ни заводат со 6 на полувреме, ама тоа е ајде нека соберат сила во овие две последни четвртини- а Чековски нека се свести оти не ја бидува работата АЈДЕ!