КРАТОК ТЕКСТ: Мекици ПОДГОТОВКА: Квасецот се раствора во една чаша млака вода. Потоа во длабок сад се меси тестото додавајќи 900 гр. брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додаваме само топла вода). Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои на топло за да нарасне. Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголема количина на масло. А потоа од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 30 грама Брашно 10 грама Буковец 100 грама Домат 30 грама Кисела павлака 4 чешниња Лук 300 грама Пушено свинско 1000 грама Свинско малку Сол 150 милилитри Суво бело вино 300 грама Телешко малку мала лажица Црн пипер Време за подготовка: 15 мин. Време за готвење: 30 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Селско месо ПОДГОТОВКА: Од меленото месо се прават малечки ќофтиња во кои се става сол, црн пипер и сушен лук. Сувото свинско месо се сече на мали парчиња и се става во вода да отстои, а потоа се исцедува. Свинското месо се сече на помали парчиња, се пржи во масло за јадење на кое потоа му се додаваат сецканите парчиња лук. Откако месото и лукот ќе се зацрвенат им се додаваат сецканиот домат, исецканите на кругови шампињони, исецканото суво месо и ќофтињата. На смесата и се додаваат зачините, солта, буковецот и црниот пипер. Смесата се потпржува кратко. На страна се раствара 1 лажица брашно во чаша вода. Брашното и 1 чаша бело вино се додаваат на прженото месо и измешани се ставаат во земјен сад во кои се печат во рерна. При крај на печењето се додава павлаката по вкус. Откако ќе се испржат ставете ги во една чинија да се исцеди маслото. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 мала лажица Црвен пипер малку Сол 500 милилитри Масло 1500 грама Кромид 1000 грама Грав 1 Главица лук 1 мала лажица Бибер Време за подготовка: 30 мин. Време за готвење: 70 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Тавче гравче ПОДГОТОВКА: Измијте го гравот. Откако ќе преврие, првата вода се истура. Потоа варете во тенџере со многу вода. Додадете ја исчистената главица лук и малку бибер во зрно. Додека гравот се вари, во тенџере ставете масло, кромидот исечете го на покрупни парчиња и динстајте го на тивок оган додека стане густ. На крај додадете го мелениот црвен пипер. Дното од земјената тава се намокрува со вода, а потоа со маслото во кое се пржеше кромидот. Гравот е варен кога ќе омекне, но внимавајте, зрната треба да останат цели. Со решеткаста лажица се вади гравот, се става во тавата, одозгора се става кромидот и така, се додека не се потроши целиот материјал, но одозгора треба да заврши со гравот. Се украсува со суви пиперки, се става во рерна и се пече на тивок оган. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1500 грама Пченкарно брашно 200 грама Маргарин 1000 милилитри Вода Време за подготовка: 50 мин. Време за готвење: 80 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Македонски бакрданик. ПОДГОТОВКА: Во голем лонец зоврива водата со сол, по што се истура целото количество пченкарно брашно и се формира купче. Во средината на купчето брашно внимателно со сукало или со подебела дрвена лажица, се прави дупка и се става на оган да вре еден час на 150 степени. Потоа температурата се намалува на 100 степени, и бакарданикот се меша додека се поврзе масата. Во тавче се стопува кајмакот и сирењето, и се додава на бакрданикот. Се јаде со кисело млеко ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 мала лажица Црвен пипер 2 Пиперка/ки 500 грама Пилешки батаци 300 грама Ориз 100 грама Моркови 3 лажица/ци Масло 2 главица/и Кромид/а 2 лажица/ци Дафинка 2 мала лажица Бибер Време за подготовка: 60 мин. Време за готвење: 20 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Јадење кое секоја куќа го има барем еднаш подготвено. Многу вкусно и примамливо. Голема благодарност до Сања Димитриевска од Куманово за рецептот. ПОДГОТОВКА: Се сецкаат кромидот, пиперката, морковот а може и малку домат и компирчиња. Се запржуваат во масло за да омекнат. Се чисти оризот и потоа се додава да се пропржи заедно со горенаведените намирници. По желба се зачинува со сол, вегета, бибер и црвен пипер. За тоа време се варат батачињата 20-тина минути колку да омекнат. Се става во рерната да се загрее тавчето. Во загреаното тавче се ставаат батачињата заедно со водата и се додаваат запржените зеленчуци. Се пече 30-тина минути додека не добие жолтеникава боја. Некои луѓе го сакаат попечено (крцкаво) па го оставаат да се пече подолго време.
луѓе јас скопјанка ама стварно не знам кое јадење е традиционален скопски специјалитет... ако има воопшто
Па не сите али има некои што ми се убави за јадење, тавче гравче на пример или пита со сирење. Сармите, мусаката, пити со праз ... ги мразам.
https://moirecepti.mk/post/охридско-ѓомлезе Го обожавам.Во Охрид кога сум нон-стоп јадам од сабајле.Со јогурт Штета што тешко се прави и го нема во Скопје.
Многу го фалат, јас не можам да се осмелам да пробам ѓомлезе, некако ми изгледа ко живо тесто. Можеби е вкусно, не знам зашто така ми делува...
Македонската традиционална храна за мене е најдобра. Го кажувам ова во својство на добар гурман и човек што пробал неколку различни кујни и разбира добра храна. Не ги потценувам ни другите, како грчката, кинеската, мексиканската, јапонската, српската, италијанската, но домашната за мене е најдобра. Се е прашање до вкус. Нема да биде погрешно и некоја друга кујна ви биде прва. Кога сме кај македонската традиционална храна, не знам од каде да почнам... Ова е мојата Топ 10 листа на омилени домашни јадења: 1. Компир Манџа 2. Ајвар 3. Тавче гравче 4. Симит-погача 5. Пастрмајлија 6. Шопска салата 7. Мусака 8. Селско месо 9. Летна манџа 10. Мекици Кое е вашето омилено македонско јадење? Дали знаете да правите некое од македонските јадења?