Ја слушнавте? Баш ми е кул песната и спотот е одличен. Девојката од спотот е толку природна и убава. Освежување на сцената дефинитивно.
По една македонска песна од секоја година од 2010 до 2022 која многу ми се допаѓа: 2010 Тања Царовска - Down 2011 Суперхикс - На лута рана 2012 Магдалена Цветкоска и Дарко Илиевски - Пепел 2013 Елена Ристеска - Што си ти? 2014 Каролина Гочева - Две лири (Не нѝ било пишано) 2015 Фолтин - Слободната љубов 2016 Кристо Роџевски - Горно Дупени 2017 Емилија Славковска - Во ред (Црвена) 2018 Фанк Шуи - Виулица/Сомнежи 2019 Дупер - Пак и пак 2020 Pluto's Doubts - Не бегај, бегај 2021 Дупер - Рајот на земјата 2022 Пајак и Лара Иванова - Бела Можеби ќе направам и втор дел во друга прилика.
Во духот на темата, ќе постирам и јас некои видеа од неколку постари македонски песни кои мислам дека заслужуваат повеќе внимание.
Еве уште 5 песни, овие од поново време, кои мислам дека вредат: На следната страница уште една песна, мрачна денс-поп трака која мислам дека заслужува повеќе внимание. Ако некој ја знае „Оригами“ од Angellina, „Девет работи“ на Викторија Лоба ми е како Оригами, верзија 2011.
Интересен стил правеа Лоба и Билбилов во периодот 2010-2011 ама во Македонија ограничени сме со публика така што не можеа баш да постигнат некаква популарност, претпоставувам. А и поради некоја причина многу луѓе во Македонија имаат одбивност да слушаат македонска музика.
Ја сакам македонската музика имаме квалитетни пејачи,штета што во нашево државиче нема кој да инвестира малку повеќе
Рап, трап: Dope kukjata, S.A.M - Никола Трпески Рок, алтернативно нешто: Хајка, Daktili, Дерма Повеќето се групи, од кои некои и распаднати. Типичен поп не знам дали се продуцира кај нас веќе. Уствари Дина Јашари има поп музика