Слаткар, Магдалена, ДНК, Калиопи. На младиве шема им се 2бона. Мене не ме воодушевуваат многу. Јас поише Таско го слушам од помодерниве. Има не дека нема. Ама србите се врвот. Барем за мене.
Не сме колку србите ама еве слаткар ја наполни журката кај и да беше. Не ми текнува. Него го сакаат и бугарите многу. Читам по коментари. Добро ја реков србите се врвот. Ама и ние не сме толку лоши де.
Зависи што дефинираш под хит. Младиве генерално слушат неквалитетна музика, а тоа што вреди не знаат да го препознаат. @exceptional
Сигурно мисли како песната Vudu на Теодора и Девито.Песната има 114милиони прегледи. Тоа е веќе хит. Нема некој што не ја знае таа песна.
Ок е, барани и слушани се таков тип песни посебно од помлади, тинејџери ама убаво вика, неквалитет е тоа трапот ваш. И демек ако има толку прегледи е прејака? Денес кој стигне стана пејач и извади песна. Гласовни способности па и не се толку потребни. Аутотјунот да е жив и здрав.
Ја не зборам за квалитет. Туку за хит песна. Знаеме што се квалитетни песни. Ама сега таквите не се тренд. А од новиот тренд таа песна е хит.
Штета, не следам трендови. Исто како што не следев и за машките дека било тренд да ставаат филери. Тоа е, ќе си останам вака поарно.
Ја не се замарам како вас. Па и фалш да пее малку. Ако ми прија гласот додека спијам значи можам да ја слушам таа песна.
Јас не ја знам, такви песни не ни слушам, такви слушаат само тинејџери. Изгледа јас сум од друга планета штом не ја знам песната. Големо чудо ако имала толку прегледи.
Па зборевме за хит песни затоа ја спомнав таа. Иначе во ред е. Нема пишано правило дека сите хит песни сите луѓе ги слушаат. Јас на пример не ги знам американските хит песни. Еве сега ја знаеш.
Има што не ја знаат од сите генерации. Само голем број на прегледи не ја прави песната хит. Не е ниту хит, ниту квалитет. За песна да биде хит, битно е и кој ја пее, колку е познат, темата во песната и колкав дел од домашната и странската јавност ја слуша.
Еве ти ја, па оцени колку е јака Само тинејџери се палат на ова, а, даа и дркаџиите да не ги забораам. Ова ми е искрено тука негде со турбофолкот иако е поразлично. Абе рап обичен сто пати поарно него ли овие глупости ама ајде секој со својот вкус. @Dashing:) алал да ти е како овие можеш да ги слушаш кога спиеш.
Мене би ме расониле. Секој си има вкус, ама јас не можам да ги слушам, кога поминуваат деца слушам нешто пеат безобразно, кој им дозволил такви песни, не знам. Секој стана пејач, па може и на Евровизија да ги пратат, ќе победат, не е важна песната, туку глупирањето.