Јас мислам дека у последниве неколку години имаме прогрес кога е македонска музика у прашање. Доста се продуктивни младиве артисти, не дека сите ги слушам, али следам сѐ што издаваат. Дупер ги издвојувам како дуо, топ ми се. Фанк Шуи исто. Young Dadi ми е баш симпа, специфичен, не е ламбест и досаден. Лара ми е исто супер, како помлада верзија на Каролина, супер поп песнички. Теа ми е добра исто. 2бона, Антониа, Јосиф, Мартија, Таско (овој ми е баш проста тиква), ми се исто добри и продуктивни, али нивната музика ми има српски вајб, влијание од тој српски треп кој е доста актуелен последниве години, артисти како Војаж, Праскици, Нучи-чучи и слични. Што не значи дека е лошо нели. Има една екипа која најмалку ја следам али ми е прекреативна, ZEE, Matej Foltz, Jocifer... Слаткар е доста продуктивен од постарава гарда, Тамара исто класика, Лозановци, Ламбевци, Андријани, Бојани и слични кои заработуваат од партиски каравани, не ни ги пуштам, мн застарен звук и вајб, Охридски трубадури фазон. Лидија е хит btw...
Веќе одамна ретко што бендисувам од македонска музика, ама "Лидија" ми е закон и мелодијата и спотот, а самиот текст има интересно двосмислено/тросмислено значење. Не би се согласила дека е глупа песна, станува збор за сатира. Young Dadi покажува талент за глума бтв.
Само Дупер од листата твоја @FriendOfDorothy Толку ми се позитивни и харизматични Другиве nah Некои од нив звучат прелигаво ко Young Dadi пример, 0 за мој вкус и останатите. Не ги следам, не ме занимаат. Антониа преантипатична од секад ми била, не па да ја слушам. Ко шо рече членката, да не се Дупер ќе забораам како звучи македонска музика. Оваа ми е позитива на денот, тоа чудо е колку може да ти попраи расположение
Не е некојси вокал да паднеш на гз, но доста нежна и мека боја на глас има. За овој тип песнички одличен е. Чим праи расположење, има нешто у него. Па и без Мартина еве ги успеаа, шо толку се потресуваа луѓето коа си отишла. Антипатик и она ми беше
Кога сме кај македонска музика, од поновите пеачи најмногу сакам Давид Темелков да го слушам. Секако, имаме квалитетни пеачи и преубави песни и од постарите. Ама од поновите песни, ретко која ми оставила некој впечаток како оваа. Тука би ги сместила и песните на Лозано.
Поминаа неколку години и време е за мало надополнување: 2023 Барбара Поповиќ - Ватрена 2024 Слаткаристика и Next Time - Океани 2025 Слаткаристика и Калиопи - Води ме Ама и не дека следам толку како порано, само тие што се најпопуларни. Инаку ја гледам мојата листа од пред 3 години и се си мислев дека за 2014 ја имав ставено Кој да ми запее наместо Две лири ама ете, поинаку сум размислувал изгледа тогаш. xD За 2025 кај нас за мене Слаткар дефинитивно артист на годината. Многу ми се допаѓа и неговата Не се слави сам од неговиот прв албум од лани. И текстот и музиката и се. Е тука треба да се спомне и Лазар Цветкоски кој скоро секогаш знае да растури со музиката. Исто така и јас се придружувам на фан клубот на Дупер кој е на форумов. Стварно се супер Дупер. Други песни кои сакам да ги спомнам а ги засакав во меѓувреме се: - Тајзи - Сине - Антониа и Пајак - Навика - Антониа - Специјалиста (еве уште една екстра инструменталка на ЛЦВ) - Pluto's Doubts - Ние сме од Скопје - Лозано - Среќен пат Нешто најново кај нас е новата на Антониа и Благица. Многу лошо. :/ Уште кога дознав дека ќе имаат дует реков дека само Лазар може да погоди нешто одлично за таа комбинација ама сепак на крајот испадна дека Димитров ја правел песната и не е изненадувачки што резултатот е таков каков што е.