Оваа ми е омилена негова песна. Не го слушав нешто посебно искрено, сега ми текна на песнава. Уствари, овој албум му го слушав пред да почине (неколку песни), прв пат ми се деси да слушам толку нешто од него. Дефинитивно му е најсериозен и најдобар.
..го гледам концертот на Давид Темелков и човекот има таква ѕвезда, харизма..глас. Пријатен за слушање, скроен по сите мерки за на сцена.
Деновиве видов некаде рил од Куку Леле. Дечките се со истиот ритам и глас како пред 30 години. Ама воопшто не му се сменила бојата на гласот на Панки. Одличен. Само една замерка имам, а тоа е што не знаат како да се поврзат со публика, а и никогаш не знаеле.