Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска ракометна репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 6 јануари 2012.

  1. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Момци прекрасно одигравте,секоја ви чест.Македонија се гордее со вас :) :clap:
    5то место е преголем успех за нас :clap:
    Вие можевте повеќе,ама душманите не ви дозволија. :)
    Ве сакам !
     
  2. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Јас сум за Србите. Ајде нека тепат ама и тие Хрватите не се лоши. Ама мават :x
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Одличен натпревар! Не се лоши?? Хрватите се олимписки и светски шампион ептен се добри. А Србите им парираат добро ... Се игра жешко моментално.
     
    На SunFlower94 и esperanca им се допаѓа ова.
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Мене жал ми падна прееска за Шефкет,го отепаа човекот :worried:

    П.С : И јас сум за Србија :rock:
     
  5. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    од кај па сеа па данска па у финале па ?
    јас искрено да ви кажам повеќе сум за шпанија
     
  6. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    Кој и да игра во финале со Данска сигурна сум дека Данска ќе биде шампион.. појма нема од игра, си се извлекуваше во сите утакмици и иако незаслужено стигна до финале убедена сум дека уште по незаслужено ќе стане шампион .. секогаш е така |(
     
  7. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Алал да им е на момциве, сепак петто место е одлично.
    Тоа што се случуваше со судиите беше срамота, но кај што има сила нема правдина. Ама на крај не им успеа, и заради тоа дупло повеќе се радував и ми беше мило.

    Успеавме, и покрај толку повреди, и покрај тоа што судиите не ни беа баш наклонети. Ги оставивме зад нас некои од најфаворизираните екипи. Уште еднаш покажавме дека македонците играат со срце, а навивачите се секогаш зад нив.

    Браво момци, продолжуваме да сме со вас и кон нови успеси!
     
  8. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    1.639
    И ПОБЕДИВМЕЕЕЕ :sweat:

    ПОСЛЕ ТОЛКУ МАКИ ЗАСЛУЖИВМЕ СЕ ГОРДЕМ СО НАШИТЕ МОМЦИ, ЗНАМ ТИЕ МОЖЕА ПОВЕЌЕ НО ТОА Е
    ТРЕБА ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ И СО ОВОА ОВА Е ПРВ ВАКОВ ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА НАС ПОНАТАКА 100% ОДИМЕ НА МЕДАЛ
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.399
    Допаѓања:
    250.274
    Јас не знам зошто им се лутите на Данците?
    Ние сме си виновни за тој натпревар, имавме предност и не знаевме да ја зачуваме.
    Наша беше и грешката во самиот финиш, не ја задржавме топката бидејќи и реми ни одговараше.
    Не сум за Данска, не ги сакам, ама нема зошто вината да ја бараме во нив.
    Ај Германциве да играат па да разберам.
    Искрено сеедно ми беше кој ќе победи.

    Инаку сеа имам мака, не знам кој повеќе сакам да победи, Србите ми се мили од вчера, а Храватите ги сакам бидејќи играат проклето добро. Балиќ го обожавам.
    Сепак кој и да победи ќе ми биде мило.
    А титулата сакам да ја земе некој од балканските земји, онаа која ќе се пласира во финале ;) .
     
  10. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Во овие моменти ми е толку многу криво што сум далеку од Скопје, што автобуските линии имаат толку лош термин, што не сум повозрасна да можам сама да одам...

    Не е фер! Сакам да оддадам почит сега, кога не можев за кошаркарите.

    Плачам и точка. „Ај, друг пат ќе одиш.“ - многу утешно.

    Македонија пишува историја, а јас ќе се тешам со едно „друг пат“.
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.347
    Србиве се толку брутални, а навивачите се ужас. Очекувам скандали после натпреварот.
    Дури војска ало, војска им го чува хотелот на хрватските играчи. Немаат нивни навивачи во арената, заради србскиов сељачки менталитет да се тепаат после секој натпревар.
    Молим те отишле да гледаат државна репрезентација со шалови од Партизан и Црвена Звезда.

    Јас сум за Хрватска и сега и во финалето.
     
    На sadangel, SunFlower94 и MiDnIgHtLaDy им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од тренинг, и една другарка ме збуни со еден коментар, ако победела Србија ние одиме директно на ОИ. Нели тоа беше за ако изгубиме од Словенија, а Србија земе злато тогаш одиме на квалификации, а не за директно учество на ОИ.Ај упатете ме малку,дали другарка ми погрешно разбрала или е вистина.

    И мене ми се плаче јас утре имам натпревар во 16h
     
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Аа жешко жешко.. :sweat:
    Мајка ми е закон.Ја прашувам за кого ќе навиваш?
    -Еми што знам,ама Хрватите ми се помили.
    :^)
    После 2 минутки,туфка дека на Србите им дале гол.


    А јас..кога се Србите во напад за нив навивам,кога се Хрватите тогаш и за нив рипам :rock:

    Реално на нас ни одговара победа на Србија. :!:
     
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Фали уште Цеца, Карлеуша, Стоја и компанија да почнат да ги пуштаат кога ќе стави некој гол.
    Ах бе Срби.. што сељачана ќе бевте..
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    На нас сега може комотно да ни биде сеедно. Петти сме во Европа, а тоа за едно земјуле ко Македонија е преголем успех!!
     
    На Elennaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Работава на мајка ми: Колку е?
    - 16:16
    А она: За кого?

    Е за кого де |(

    Навивам за Хрватите овојпат. Разбирам дека двете нации баш и не се поднесуваат, ама барем ракометариве можат попрофесионално да се однесуваат, а не да се тепаат небаре се во боксерски ринг. А за публикава немам зборови...

    Мило ми е што нашиве ги победија и Словенците и судиите. Сосема заслужено место.
    Ама жал ми е што нема да можам утре да ги пречекам на плоштад :worried:
     
    На SunFlower94, MiDnIgHtLaDy, Cacy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Utre precekot od 1 ipol,ke odite taka? Jas obavezno.
     
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Ептен ми е мило што го освоивме петтото место, иако мислам дека ако на почетокот малку повеќе се потрудевме дека подалеку ќе стигневме. Сепак и ова е огромен успех за нас.

    А сега сум за Хрватите, не за џабе имам 25% хрватска крв во себе. Се надевам дека ќе ги победат србиштава што ми одат на нерви ( не сакам да навредам никој на форумот, зборам за овие што се наоѓаат во салата ), само треба да се стегнат, а не да дозволат да има толкава разлика.
     
    На MiDnIgHtLaDy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски

    велат во 14 часот е планирано да стасаат на плоштад
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ептен се радувам за петтото место на нашите! Голем успех си е тоа... Браво момци! Уште еднаш не направивте бескрајно горди! :inlove: :party: :l:

    Инаку за Србија и Хрватска ми е баш сеедно кој ќе победи, но кој и да е, сакам во финалето да ги победат Данците! Обавезно! :!:
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.