Луѓе јас сеуште неможам да разберам зошто некои викате дека Данска не биле добра репрезенатција, се ваделе на среќа. Добро како се кај нив иде среќава бе? Нивната игра е пропазнатлива, брзи напади и брзи контри. Тоа се тие, нека не чуди што не победија баш со таа цака, тоа не е среќа, а ние што дозволивме од 5 разлика да намалат и да не победат, нели мислите дека кај нас треба да го бараме проблемот? Ние постигнавме голем успех, ама Данска била европски шампион, тие влегоа со 0 бодови во следната фаза, а стигнаа до финале. Не е тоа среќа, луѓето знаат што прават. Сега гледам Србија , ги гледам навивачиве што ги немаше до оваа утакмица и си мислам да не играа Србиве со Хрватска, ќе се прашавме колку публика ќе имаа. Јас сум за Хрватска некако по мили ми се, ама не успеваат да направат некој поголем резултат. Како и да е, ова беше голем успех за нашиот ракомет, и доста е со тоа среќа, несреќа. Па како прво ние не сме научени на вакви големи натпреварувања, немаме ни толку кондција за некои вакви големи натпревари, и самите гледате дека 2ро полувреме паѓа играта. Тоа си го прави искуството, и никој не ни е виновен тука. Данска, Шведска незнам што. Според мене Данска и заслужува да биде европски шампион, се држат до едно исто и очигледно има резултати, а најмногу ми се свиѓа што после свикан тајмаут од негатива знаат да се вратат во игра и да доминираат.
Навистина не ми е јасно што ке славиме утре? 5 место???? Алоооо луѓе, што ви е? да сме прво, второ или еве и трето ама петто не разбирам. Дефинитивно сме изгубиле разум и сметам дека сите вредности ни се пореметени. Читам и се чудам. Можеби нешто не е вред со мене, не знам навистина. Досега не сум слушнала некој да слави 5 место. Доколку има такво нешто или знаете ве молам да ми пишете во лична порака и да ме демантирате. Јас не одам да славам 5 место, тоа за мене не е успех!
Епа за славење е 5 место, не е за славење претпоследното 11 место во ватерполо, но 5 место во ракомет е за славење. Штета не сум во Ск, не можам да присуствувам.
Прв пат во САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА сме петто место во ракомет. Историски пласман. Зошто да не ви славела?! Тоа за нас е како да сме прво место... За мала земја, со многу непријатели.. ова е триумф. Секој со свои сфаќања.
Мене не ми е јасно тебе што ти е????Петто место не е успех???????Зад нас оставивме големи шампиони како Франција,Германија,Полска...За нашата мала земја што некој не ни знае дека постои ова е О Г Р О М Е Н успех!!!!!! И на крај ако мислиш дека ти можеш подобар успех да постигнеш оди и играј наместо нив
А ќе дојде ли Кире Лазаров утре ? Оти нели е најдобар стрелец и обично после финалето ги доделуваат наградите за најдобрите и тој мора да биде таму Или пак грешам ?
Како може да не биде успех кога сме напреднале 6 места погоре од претходното првенство?! И кога со сите големи репрезентации одигравме на ниво, никоја не не надигра?! И имаме играч што е покрај светски и европски рекордер во голови? И кошаркарите освоија 4 место па ги печекувавме, тогаш и ракометариве заслужуваат.
Не се слави петтото место, пријателке, туку она што го прикажаа ракометарите на ова првенство, единството, пожртвуваноста и играта од срце. Како што рече и тренерот на кошаркарите „Не ни треба медал, Вие сте нашиот медал!“
Во натпреварот Србија - Хрватска не можев да бидам објективна. Мило ми е што победија, не можам против своите корени. Србија ја сакам и секогаш ќе ја сакам, не за џабе сум 50% нивна.
Србската публика не може на малиот прст да им се фати на Македонската Се мислам дека Србите ке бидат победници и тоа нешто ќе дојде- единствено Македонија го победи првакот Без разлика под кои околност во записот така ке биде забележано. Спојлер Инаку досега само ние Македонците сме искористиле шанска да го победиме домакинот и тоа во борба за полуфинале Литванија-Македонија
Без разлика кого сме оставиле позади нас. Според мене не треба да се прават прослави. Кажете ми кој славел 5 место? Нема такви само ние нешто глумиме. Зашто никој не ја спомна Македонската карате репрезентативка Наташа Илиевска го освои првото место на сениорското Европско првенство во карате што се одржа во Цирих, во категорија до 55 килограми, со што му го донесе првиот златен медал на македонското карате. Зашто за неа не направивме прослава на плоштат. Ејјј прво место ни освои!!!!!
Јас навивав за Хрватска, ама ништо, но имаат шанси за 3-то место и незнам што толку нивниот тренер драматизира толку, го видов како плаче ми падна жал. За време на натпреварот приметив многу ги стопираа кога и да превземат некој напад, посебно на крај како да го одолговлекуваа посебно кога Хрватска ќе се залета, но пак се кандидат за медал. И некој пак нека ми објасни сега Хрватска игра со Шпанија така? што репрезентација е? Баш ме интересира што ќе направат. Инаку Хрватските навивачи ме разочараа слаби се и тие на времето беа како нашите, атракција, сега се за никаде.
^ Затоа што тимскиот спорт отсекогаш бил попопуларен од индивидуалните, за (не)среќа... Во индивидуалните спортови натпреварувачите одат пред се’ за да се издигнат себеси, а потоа и земјата. А кога како колектив се натпреваруваш, ја претставуваш пред се’ земјата, а потоа самиот себеси... *Да напоменам, со ова не ги потценувам достигнувањата на Наташа, баш напротив - горд сум и на неа, и на бронзениот медал во машка категорија. И да, честито на Србите за трите спортови во кои денес се пласираа во финале, но не планирам да поддржувам земја што не ме нарекува по уставно име, фалачаопријатно.