Јас денес навивав за Шпанија и Хрватска, и изгубија и двете репрезентации хахахаха од сега не навивам за никој. Не знам што баксуз ќе бев истото ми се дешава кога викам дека ќе победи Македонија на некој натпревар таа губи..
Ова никогаш нема да го разберам од нашите, ајде тие што си се 50% срби ги разбирам, ама наши македонци да се толку србофили па неможам да сватам, а на интернет секој втор србин нас не нарекува Срби со говорна мана и се заедно со Грците во поделба на она малку што останало од Македонија. Разочарувачки.
Не!Мене ми е тоа само логично објаснување на ситуацијава.Дека Македонија се радува на победа на Србија. А она за грчкото знаме и ФИРОМ во никој случај не го заборавив Имав пишено и пост дека на уткамица им идам со хрватско знаме.Крајно не фер од нивна страна. Ама за натпреварот се покажаа нема што
Натпреварот ни го дадоа знаеш зошто?! Им оставија нашите навивачи милиони и милиони евра деновиве. Вратка...
Веројатно дошле многу помалку навивачи после инцидентите кои се случија на минатите утакмици. А и логично на ваква ризична утакмица не ни може да се очекува голема маса од хрватски навивачи. Сепак политика и историја за жал сеуште имаат удел.
Браво за нашите момци ова е најголем успех до сега за нас и треба да им оддадеме почит и да ги дочекаме како и кошаркарите..Презадоволна сум од нашите се прикажаа во најдобро светло и едно големо браво за нашиот Кире кој ја предводеше репрезентацијата на сите натпревари...Единствено не сум задоволна од исходот за во финале навивав за Шпанија и Хрватска ама тоа е...Се виде и на овој натпревар менталитетот на србите едноставно не ги можам бе одвратни се, немаат никаква култура се провлекоа некако...Единствено ми е мило за Дарко Станиќ..Во финале нема да навивам за никого ама никако не сакам Србија да победи па ни Данска така да сум воздржана
Знам бе Литл знам... Муабетот ми беше дека Македонија се на се има добри односи со Србија. Е сега секаде постојат поедници кои ке мрчат,и од наша и од нивна страна.Така и тоа со грчкото знаме.. А за ова ФИРОМ.. Е тука немам аргумети. И мене ми се мили Хрватите,многу помили,ама на нас ни одговара Србија да стане Европски шампион.
БРАВО! БРАВО! БРАВО! Кире Лазаров го сруши рекордот на постигнати голови на едно ЕП Додека сите сме сè уште понесени од еуфоријата предизвикана од освоеното петто место во Европа и рекордот кој го сруши нашиот капитен, сите заборавивме на уште еден многу важен податок поврзан со Кире Лазаров. Со постигнатите 61 гол на ова Евопско првенство, нашиот Кире Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Европските првенства. Но, дали се сеќавате дека на последното Светско првенство во 2009 година во Хрватска Кире постигна неверојатни 92 гола и исто така беше прогласен за најдобар стрелец во историјата на Светските првенства? Така, денес Кире Лазаров е единствениот играч во историјата на ракометот кој успеал да ги обедини двете титули. Ова постигнување, тешко дека некој ќе успее да го надмине. Браво Кире!
Немав можност да го гледам натпреварот со Словенија, на школо бев, но редовно бев известувана за она што се случуваше. Дефинитивно заслужија нашите лавови 5то место, заслужија и повеќе, ама тоа е. Секоја им чест за храброста што застанаа рамо до рамо со големи репрезентации, за издржливоста, за играта, за тоа што го оставија срцето на терен, за тоа што не’ направија горди уште еднаш. Ние не забораваме што сторивте за нас, горди сме на вас. Фала ви. И да кажам дека навивав за Србија, само затоа што играше во втор состав против нас, сите ние видовме како играа србите против нас, а и плус Станиќ игра во Металург. И доста со политика, во ред точно е дека нашиве им оставија милиони таму, но докажаа дека се со нас, кога игравме против нив. Колку само здружени српски и македонски навивачи имаше на натпреварот.
http://www.youtube.com/watch?v=-1Si3mRv ... ture=share Ај уште во фудбал еден планетарен досега невиден успех и да блеснемеееее!
Миркуловски: Мора да имa драма кога игра Македонија. Со нас никогаш не е досадно. Арно си вели човекот. Лексилиумите одат како алва,секогаш кога игра Македонија.
Јас бев фифти-фифти. Фифти за хрвати, фифти за срби. Сеедно ми беше, мене сите од Југославија ми се исти. Само незнам зошто до толку ја ставате Србија, на исто лежиште со Грција. Да игравме со Грција, наместо со Србија, они ќе ни го пуштеа натпреварот? Нацки. Само на сон, па дури и на сон немаше. За во финалето, ќе бидам за Србија, од проста причина, што не сум за Данска. Признавам, повеќе заради тоа што, изгубивме од нив, а цело време ги водевме, и што заради нив не влеговме во финале. За натпреварот, Шпанија Данска, бев за Шпанија, ама изгуби. А за натпреварот Хрватска Шпанија, нормално ќе бидам за Хрватска.
Секоја чест за победата на нашите репрезентативци, на секоја утакмица срцето го оставаат на терен и покрај многубројните нанесени повреди.. Ја гледав прееска утакмицата со Србија и Хрватска, бидејќи гледав на зулу и пошо баш ич немаше убав квалитет сликата не можев убаво да прочитам на долниот банер пишуваше нешто за утрешниот пречек, дали ќе можете да ми кажете што пишуваше?! Благодариме
И јас си кажав..не знаев за кој навивам,баш. Од проста причина 1.Хрватите ми се многу мили,баш братски се држиме со нив. Абе срцки се. 2.Како што јас знам..доколку Србија стане Европски шампион ние одиме не ОИ без квалификации. Можеби затоа бев 60за Србија,а 40 за Хрватска. И то је моето објаснување што повеќе бев за Србија!
И овде политика, и на крај испадна нас сите да не мразат. А ние Косово им го признавме. Остајте политиката, народот си се сака. Само не сфаќам како не ви пречи политиката кога им ги полните салите на српските изведувачи? Или тоа не се важи. Исто му доаѓа. Политиката е друго, народот си е друго.
Не ми се верува за колку краток период прославуваме спортски успех и на ист начин нашите херои ќе бидат пречекани и испочитувани, и кај кошарката и кај ракометот слични успеси и медалот ни се лизна од раце, за малку ќе беше наш, но добро можеби ова е некој предвесник за поголем успех. Како и да е, мене ми е чудно што за краток период сличен спортски успех доживеавме, можеби и Господ е на наша страна.
Одиме во квалификации без оглед кој е победник.Директно на олимпијада оди само победникот на првенстовто Од победникот единствено зависи во која од двете групи ќе одиме да ги играме квалификациите. Ако победи Србија одиме со- Данска Унгарија Алжир Ако победи Данска одиме со - Шведска,Унгарија и Бразил. Првите две репрезентации од секоја група одат на олимпијада Ми се чини повеќе ни одговара да победи Данска