Ако народот си е друго и си се сака, зашто тогаш тие нас не нарекуваат Срби со говорна маана и на секој наш натпревар барабан со Грците бистрат политика и си ја делат македонската територија. Оовој нивен назив кон македонскиот народ го прочитав од коментарите оставени под секоја спортска вест, па дури и музичка. Да не треба да се бистри политика на вакви настани но дефакто таа е замешана, од име Фиром и ред други работи, да не набројувам има еден куп.
За жал такви ќе има секаде. Но ете ние да бевме добри соседи ќе го признаевме ли Косово? Сепак не можеме да се пожалиме дека не третираат лошо. Политиката, за жал ја мешат и овде, но бидејќи знам какви политички игри се играат и водат, моето мислење за Србите не се основа врз тоа. Јас како народ ги сакам, имам позитивно искуство со нив, и така и ќе остане.
Да не требаше ама и они не требаа како добри соседи да ни ја соберат Вардарска Македонија (незаборавај дека Врање и околина се наши) а башка што ни ја доведуваат во прашање автокефалноста на МПЦ. Сепак претераа. Ние за нив сме најдобрите соседи што некогаш ги имале на се тоа што го имаат направено, имаме 1001 една причина да ги мразиме ама сепак ги сакаме, тие не би биле такви.
Не би навлегувала во историја, бидејќи споменав мислењето ми е строго базирано од односите што ги имам јас со народот. Политика не мешам. Ако се навратиме назад во историјата, треба и Турците да ги мразиме, а не е така. Турциве во Турција кон Македонец се одлично поставени и многу не сакаат. Исто и ние. Така да, јас политиката одамна ја баталив, мене ми се битни луѓето. Сите балкански земји ги сакам, и мило ми што една таква е во трка по титулата .
Мене па помили ми се Србите од Хрватите... Едноставно си ги сакам како мои.. И ние не сме се покажале како добри соседи со признавањето на Косово па што? Јас ќе ги бирам србите место Хрватите... Хрватска е преубава земја ама секогаш Србија ќе ми биде помила.. Што е до нашиве не може да се опише колку сум горда... Можеби за некого не е успех 5-то место но мене ми е... Ние мораме да си ги подржуваме нашите и да ги бодриме.. Денеска 5-т0 утре П Р В О!! Само напред и нема застанување... Може сме мала земја ама сме големи по дух и душа и НЕ се даваме.. МАКЕДОНИЈА!!!
Едно големо БРАВО ЗА НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ Ова е невиден успех за нас. И покрај неправедноста од страна на судиите во некои од натпреварите, докажавме дека иако сме мала и за многумина непозната држава, имаме неверојатни таленти и можеме да постигнеме многу. Ракометот е она што не сплотуваше, радуваше и правеше да сме горди Македонци овие денови. Сплотеноста на народот и меѓусебната радост е она што ни требало години уназад. СЕ ГОРДЕЕМЕ СО ВАС МОМЦИ, СЕКОЈА ЧЕСТ
Колку само глумење имаше во тоа врзување знамиња, не знам нашиве што им се понижуваат толку на србиве, демек тие пријатели ни биле. Никогаш не не сакале и никогаш нема. А ниту ние не ги сакаме, ова е добра глума. Насилници, се мислат дека они се нај добри. Искрено сакав да победи Хрватска, не знам како немаа среќа на крајот, некако ги поистоветував со нашата несреќа при краевите. Сакав да победи и Шпанија зашто со нив не игравме Сега сакам само србиве да изгубат од Данска и да не се дигаат толку. Целово првенство беше како и некој претходно што спомна-евровизија, ни ф немаше од фер. А 5-то место е голем успех за нас. Дури успехот е поголем поради тоа што игравме израмнето со сите и нај често среќата беше таа која одлучуваше.
Абеја,сигурно имаш 29 години,ама искрено?! Па ти најдобро од сите треба да се сеќаваш на односите во бивша Југославија,кој со кого и како.Гледано историски,хрватите се тие кои се најпрепотентните од сите бивши југословенски народи кои од секогаш пателе од комплекс на виша вредност(Словенците се друга прича,ама се подобри далеку). Секогаш имало и ќе има такви кои ќе бидат против едните,ама генерално со северните соседи најдобро стоиме од сите соседни народи,а ваков шовинизам не сум чула до сега. Туку знаеш како велат,на тој што сите не му чинат,тој нечини. Но,нејсе,тој муабет... Мило ми е за Србиве,лош беше потегот што ја иссвиркаа хрватската химна,ама сума сумарум,ми се допадна исходот. Се надевам дека ќе бидат први во Европа.
Ауф какво полуфинале, полуфинале за приказ! Е тоа е пример како се игра ракомет брате. Србија-Хрватска, можеби и меѓусебната мржња доведе до вадење на максимумот од играчите, прекрасна игра. Агресија, активна игра, која борба за топка човече...додека да трепнам топката беше веќе на другиот гол. Станиќ? Па Станиќ се докажа по не знам кој пат бе! Еден од моите омилени голмани. Веселин Вуковиќ? Омилен селектор и не ме разочара. Се надевав на победа на Србите, а ја очекував од Хрватите. И баш ми е мило. Да ги тепаат у сред арена, у сред онаа публика? Ма нема шанси. А слушнав муабет демек ако освојат Србите ние идеме директно на Олимпијада и без учество на квалификациите, не знам колку е точно. Хрватите не се покажаа како што треба, какви светски ракометари имаат и ништо...4 разлика еј, ја мислев кој и да тепа за 1 ќе биде, максимум 2. Ама 4? Битно сите играа со срце. Срце исполнето со гнев кон противникот, и љубов кон својот народ и својата држава. Утакмица за мерак, утакмица за историја.
Ај ќе те молам не коментирај веќе на оваа тема шириш негативна енергија Како можеш да кажеш дека ова не е успех, ова се случува за прв пат по осамостојувањето на Македонија 5-то место тоа за нас е гордост а можевме и повеќе не е битен медалот битно што тие играа така што срцето го оставаа на терен како што никоја репрезентација не правеше и се многу почитувани од својот народ и секако утре ги заслужуваат сите почести
Да, 5то место не се слави, но за некој што втор пат настапува на Европско првенство и освојува 5то место, оди на квалификации за Олимпијада каде никогаш не бил, репрезентација чиј што капитен е најдобар стрелец на сите времиња, а голманите се едниот прв на табела, другиот повеќе брани отколку што му даваат голови, играчите секој со своја заслуга итн. оооо и тоа кааааако се слави. И да, ќе славиме. И да, ќе одам со мерак утре на плоштад да ги пречекам како што ги пречекавме кошаркарите. А според тебе ни нив не требаше да ги славиме 4то место, нема медал нема ништо а? А нема везе што догуравме до полуфинале и го отстранивме домаќинот од истото. Ма дај. А за каратистката јас ја спомнував и уште ја спомнувам секаде кога ќе ме прашаат дали во некој спорт имаме медал кажувам да, и тоа златен во карате така и така. Ова е тим, таа е поединец. Па можеби и затоа, не го оправдувам тоа но ете, само поради тоа што не ја славевме неа значи дека не треба никој да славиме? Како не.
Мене ова воопшто не ми е смешно . Типична македонска работа , ние сме голема толпа , сме начекале двајца кој што не се од нашиот табор па ајде ќе им се силиме . А тие двајца пак ко некои гревчиња , ме фати жал за нив
АЈДЕ ДА СИ ГИ ПРЕЧЕКАМЕ НАШИТЕ ХЕРОЈЧИЊА КАКО ШТО ДОЛИКУВА, КАКО ШТО ЗАСЛУЖИЈА КАКО ШТО Е ДОСТОЈНО Едно прашање дали знаете Кире Лазаров ќе дојде дали ќе биде присутен на пречекот затоа што е најдобар стрелец можеби ќе остане во Србија нема да се врати за да ја прими наградата И дали Стојанче Стоилов ќе биде прогласен за најдобар пикер и ако биде прогласен и тој ќе се врати ли денес?
^И јас тоа му се чудам, дали Кире останува, за наградата или пак можеби утре со лет се враќа во Белград...ништо не ми е јасно. Денеска температурата во Скопје на градскиот плоштад ќе биде покачена не плашете се од студот
Да споделам нешто од фб што ме изнасмеа "Непартизирана изјава на Хорхе, вчера на вестите, баш како што доликува на прецедник: Успехот на ракометарите се должи на вложувањето во изградба на спортски сали низ цела држава. Божем нашиве ракометари станаа ракометари откако се изградија саливе по 2007 година. Веројатно пред тоа паселе овци на Бошкови Ливади." Сашо Тасевски затоа го сакам човеков!!
А ќе организираме ли пречек и за ватерполистите хиихих се шалам без навреда, ама ни појде со дочекувањата ајде па наскоро некој и со медал да дочекаме ( може олимписки)