^ Не е почнат, она беше само на кратко. На Табановце бааѓи луѓе има,а? Се надевам дека и плоштадот ќе се наполни и покрај ладното време. Едит. Сега почна.
Добро мора некој да усере, зашто има дочек. А зашто да нема? Па ние сме си млада државичка, овие 2 години ги имаме најголемите спортски репрезентативни пласмани, со исклучок на онаа титула и онаа генерација на Кометал која не радуваше. Кој сака ќе оди, кој сака нека седи дома, ама не мора да го тупи бе! Кошаркарите се 4ти и добија квалификации за олимпијада. Ракометарите се 5ти и добија квалификации за олимпијада. И тие и тие за вкупно 4те недели додека се одржуваа првенствата ни донесоа радости, сплотеност, смеење, нервози, ни донесоа нови пријателства, Македонија беше црвено-жолта, секаде се вееја знамиња и сеуште се веат, си се насмевнувам кога гледам луѓе како со денови не го соблекуваа нашиот дрес, некои луѓе со дрес на работа одеа ги научивме навивачките песни, дечињата посакуваат да станат како Мекелеб, Антиќ и Илиевски, како Кире, Стоилов и Миркуловски, почнуваа вонредни вести и секаде прва вест беше спортот, заборавивме на црни хроники, на политика, на поделби на македонскиот народ, е оваа сплотеност е непроценлива. Затоа дај боже да имаме повеќе вакви спортски радости, не само со кошаркарите и ракометарите за кои повторно ќе ни бие срцето во мај и јули на квалификациите, а и во Лондон нели туку дај боже еден ден и фудбалот да ни се оправи она нека е само потврда колку сакаме спорт, па да ги величиме и тие момци на стадион од 25 илјади публика, па и одбојка, па и тенис, атлетика абре све. Докажуваме дека сме спортска нација, покажуваме дека сме фанови за почит, епа затоа не ви личи да зборите против било кој со спортска душа. Срам да ви е, мрчатори. Цела Европа ни се воодушевува како ги величиме спортистите, а ние само може да си укакаме. Секоја им чест на сите девојки и момци што ќе отидат на плоштадот, да навиваат за сите оние кои од оправдани причини неможат да отидат на плоштадот, гушнете го Кире еднаш од мене Да живее Македоија, да живеат спортистите и да не радуваат.
Стигнаа нашиве!!!!Баш ми е жал што не сум у можност да ги пречекам Вчера победија Србиве.Искрено се едно ми беше кој ќе победи,само не ми е јасна толкавата омраза кон Србите?Србите и Македонците од секогаш имале коректен однос,што се покажа и сега на оваа ракометно првенстсво. Јас сум Босанка ,имам кажано некоклку пати,и имам милион пати повеќе причини да ги мразам Србите.Го мразам Милошевич,го мразам Караџич,го мразам Младич...ама народ сега не можам да го мразам.Политика је курва.И секогаш ќе остане.Не можам заради политички веќе историски причини да го мразам народот,кој во голем процент сега ги осудува српските походи,нечовечкото однесување врз Бошњаците,геноцидот.. Единствено ги осдувам во оваа ситуација Србите ради однесувањето кон Хрватите сега.Тотално не разумно,а и тоа е дел од поединци кои секогаш ќе ги има.Таквиот примитизам и ги уназадува,и е причина што не можат да напредуваат и во ЕУ.Од друга страна нападите врз Хрватите ги гледам и како мило за драго,и на Европско првенство во Хрватска во ватерполо мислам,Србите беа нападнати од нивна страна,што секако не ги оправдува Србите. Ваквиот акт го осудувам http://www.b92.net/sport/rukomet/vesti. ... _id=577789 http://www.b92.net/sport/rukomet/vesti. ... _id=577864 ,но Господ гледа се.На полувреме сакајќи да го погодат со шише хрватскиот тренер,го погодија еден од своите најдобри играчи Шешум во око.Иако за среќа окото не му е озбилно повредено ко што можело да биде,на себе лошо си направија.Шешум нема да може да игра во финале. Ама гледам во коментарите на Србите дека го осудуваат ваквиот акт.Исто и пеењето на песни како на пример...Уби Хрвата,да шиптар нема брата... Како што кажав поедини БУДАЛИ секогаш ќе се најдат,да го оцрнат впечатокот за својот народ. Мило ми е што нашите навивачи оставија добар впечаток во главно(освен малата тепачка меѓу себе во Ниш)...Мислам дека Европските репрезентација само посакуваат такви навивачи,и таква поддршка.Ама само може да ни љубоморат За финалето ќе навивам за Србија,и се надевам ќе го освојат златото. А ние ќе влеземе во ОИ и во Светско,па од таму со медал да се вратиме дај боже.
Криво ми е што неможев да отидам на дочекот. Дефинитивно заслужија нашите момци, овие денови сите не израдуваа и не направија горди. ^Инаку, кога е натпреварот за третото место Хрватска-Шпанија?
Лелеее колку ми е криво сега што не сум од Скопје уффффф многу сакам сега да сум таму ама нема,ќе се задоволам што ги гледам на телевизија Поздрав срциња најдобри бевте
Па мене и не ми е нешто многу криво што не отидов,највеќе зошто имам можности повеќето од нив да ги видам на некоја утакмица на Металург.....И онојпат бев за кошаркарите и супер беше само беше премногу голема гужва ....А и сега е нешто слично....
Хахахаха Борко крај, несакам да му ги расипувам плановите на премиерот Алал да ви е момци, прекрасни сте
Кој е како нас ем храбри, ем убав народ е сега во Лондон, мораме да ја победиме Данска а ќе ја тепаме да и вратиме ми се полни душичкава кога ќе видам вака сите собрани, среќни, весели Да ја продолжиме вака и во Лондон :geek:
Не очекував дека ќе има толку луѓе поради студот ама браво, и јас да бев во Скопје ќе отидев. Овој Миркуловски колку интересен човек, нон стоп е насмеан, весел Браво момци :up:
Ја прогласувам МАКЕДОНИЈА за најубава земја, а македонскиот народ за најубав народ. Како и за кошаркарите, ќе се расплачев и за ракометарите. АБЕ, ГОРДА СУМ!
И убав бре и мирно воспитано дете е, штета има доооооолга врска Додуше абе искрено многу скромни деца имаме и ракометари и кошаркари, деца кои со труд стигнале до тука, играат шампионски и пак скромно газат. Браво момци, јас дома гледав и искрено да ви кажам си плачев од среќа. Ту бре, ако одиме во Лондон јас ново езерце во Скопје ќе направам Сеа за некоја недела Металург продолжува со игра во ЛШ, да ги подржиме момциве, немав среќа да заминам за Србија, ама Борис Трајковски салата мала ќе е сите да не прими И прочитав еден добар статус. Дај Кире и Индира да направат дете, онака без обврски, да испадне ракометна ѕверотиња
Преносот со солзи го следев, а морници ме лазеа по цело тело. Од гордост! Немам што друго да кажам, освен дека е гордост да бидеш Македонец.
И девојката станот му го средила, многу им е убав На ексклузив го даваа уште пред са започне првенствотот Ама што мила фаца е дететот, немам зборови Инаку кога се слчуваат вакви дочеци немате појма колку сакам да живеам во Скопје.И се си се тешам, ајде Хај уште 2 години и може би некогаш и ти ќе славиш таму