Леле бре како ми се полнеше срцето додека го гледав пречекот на тв.Ми се чинеше сите сме една крв,па и да сме една крв,една крв МАКЕДОНСКА!Колку само народ имаше Ќе ми недостигаат репрезетациите. Ќе ми недостига Филиппп .. Браво уште еднаш за лавовите наши.. ОДИМЕ ЗА ЛОНДОН..ОДИМЕ ЗА ЛОНДОН ...OHHH YEAH ! http://www.youtube.com/watch?v=vTcqYaGe ... re=related
Јас бев на плоштад да ги пречекам со мерак ракометарите, и јест да измрзнав, али вредеше! И не беше воопшто лошо, напротив, и имаше луѓе, на тој студ сепак супер народ се собравме! Да беше топло како со кошаркарите уффф нормално ќе имаше многу повеќе ама и вака бевме многу! Доживљај беше за мене ова денес...прекрасно беше, стварно! Само ми е криво Навивачка што не ја пуштија, ама пречеков целокупно беше на ниво!
Ми течат солзи од среќа и пишувам. Браво момци, вие сте нашата гордост. Покажавте нешто, што ниту една репрезентација не го знае, а тоа е да се игра со цело срце и цела душа за својот народ. Секогаш се боревте до крај и никогаш не се предававте. Ги оставивте вашите срца не теренот. Ги обединивте сите македонци како еден македонец. Ова никогаш нема да ви го заборавиме. И не освоивте злато на првенството, но доволно е што ве имаме вас, затоа што вие сте повредни и од злато. Инаку секоја чест за Скопјани, за сите кои отидовте од другите градови и за прославата. Го заслужиа тоа нашите херои. Овие успеси нека продолжат да ни се нижат во иднина и секогаш сполотени вака, да ги славиме. И многу ми е криво што не можев да отидам на пречекот. Еви ви еден линк од српскитот менталитет. Значи не ми се верува дека и ова го направија. На полувремето од полуфиналниот натпревар на Србија со Хрватска, српскиот репрезентативец Шешум е погоден во окото. Еден српски навивач со пластично шише сакал да го погоди Хрватскиот тренер Голужа, но за жал го погодил својот играч. Поради тоа Шешум ќе остане два-три дена во болница и ќе го пропушти финалето со Данска. http://www.b92.net/sport/komentari.php?nav_id=577864
Ова е голема победа и им честитам на ракометарите и на сите македонци за победата. Дај Боже секогаш да прославуваме вака. Сите собрани на едно место, среќни, сложни, весели и распеани, без никакви разлики. Вакво славење е нешто беспрекорно, ова е настан за кој и најголемите скептици и мрчатори,цепидлачици и секогаш незадоволни не можат да изнајдат некој лош збор и да плукнат по начинот на кој слави нашиот народ. Иако им врие во крвта и сакаат уште нешто да оцрнат, сепак денов се слави голема победа и тоа не е случајно и е заслужено. Многу ми е жал што сум настината и не можев да отидам на плоштад не е исто да гледаш од дома и да бидеш дел од тој настан, но се надевам дека ќе продолжиме вака да ги славиме нашите херои без разлика дали се од областа на спортот или некоја друга област. Треба да бидеме сложни пред светот и да се почитуваме меѓусебно, да не бидеме себични, да го почитуваме нашиот успех и да му покажеме на светот дека навистина постоиме и дека нашата земја е МАКЕДОНИЈА а ние сме МАКЕДОНЦИ. А за србиве-се покажаа уште еднаш што народ се, за срам!
ЛЕЛЕ РОСИ ме разочара Абе Филипче хахахахаххха ајде и другите се убавии ги има доста пример Столе Стоилов и Манасков иако и тој има женска хаха пратете линк од таа емисијата ако има што ја давале неговата девојка да видиме каков вкус има Миркуловски
Бев на дочекот на нашите сонциња Ги видов одблиску на брзина кога поминуваа покрај мене,останатото слушав само и гледав на видео бимот,зошто бев далеку од бината,ке си гледам реприза на тв Се смрзнав ама заслужија тие Миркуловски е да го грабнеш и да бегаш
http://www.vecer.com.mk/default.asp?Ite ... 94A5C63C00 Погледнете кој е најубав ? A и приметив дека и Велко Маркоски е згоден
Не сум само јас солза радосница пуштила. Уфф преска срце ми се преполни, посакував да сум од Скопје и ако требаше на -30ке отидев .. Прекрасни се, заслужија нашите момци и многу повеке, ама само живи и здрави па на ОИ да отидеме и од таму со медал да се вратат, тогаш уште поголем пречек. Само ме интересира знае ли некој од каде е Стојанче Стоилов. Мене ми е многу симпатичен, многу добро игра. уф уф..
А вие девојки често одите да си ги следите натпреварите на Металург и Вардар а ? а само да најдам друштво и кога ќе играат обавезно одам ако ништо барем една фотка хахахахаа
Денес бев на плоштад за дочекот на ракометарите. Тоа не се опишува, колку беше прекрасно. Тој навивачки, македонски дух кој не обедини сите се чувствуваше насекаде. Се наежив кога доаѓаа ракометарите и ја пуштија "Излези момче" и после, кога ја пееа "Земјо македонска". Многу беше убаво! А пак чувството да си близу до нив е прекрасно. Штета што не се сликав, не успеав во таа гужва, ама добро, бев, ги видов и среќна сум! Кире Лазаров Филип Миркуловски Стојанче Стоилов Борко Ристовски Наумче Мојсовски
Колку многу сакав денеска да сум во Скопје... Јас од што гледав на телевизија се наежив, а не пак да бев таму, лично. Да бев, ќе се избутав, ќе отидев на бината и ќе го изнагушкав Миркуловски. Барем брат да ми беше бе...
Јас бев на плоштад и не се опишува чуството, атмосферата. За кошаркарите не бев овде и неможев да отидам, ама за ракометарите ни студеното време не ме спречи. Иако ништо не се гледаше, стоев на крај, ама се чуствуваше љубовта на овој народ, среќата и сплотеноста во едно. Срцето ми се исполни, и пуштив и солзи од среќа . Летото пак на плоштад, да ги пречекаме нашите херои со медали .
да бе,ама и паметни плус..ги гледав на вести и на сител и на канал 5,ристевски и лазаров многу убави изјави дадоа,се гледа интелегентни луге на секое прашање имаа добар одговор,а не како некои да се здткаат и изгубат пред камера..браво за дечките у секој смисол
Столе живее во Ново Лисиче...ама колку што знам и тој има девојка инаку и мене ми е еден од посимпатичните од нашата репрезентација игра во Вардар така да ќе може да го гледаме на некој натпревар дури не го земе некоја од странскиве екипи затоа што многу има заинтересирани за него после првенствово.