Хепи постои пребарувач на ФБ, најди си ако некој сакаш посебно. Не е фер да споделуваме приватни фб профили на форум. Не за друго и тие се луѓе и тие сакаат приватност, ајт ако не 30 илјади жени да ги аднат. Си имаат сите до еден фан страни. Тие може да се споделат зашто се јавни страни. Фан Кирил Лазаров Фан Филип Миркуловски Фан Бирко Ристовски Фан Дејан Манасков Фан Стојанче Стоилов итн... Инаку една од точно поточна фотографија
Си го добија заслуженото, им благодарам за деновите што ни внесоа радост и што не направија горди македонци инаку на фотографиите убавиниииииии кој од кој поубав има ли поубави момци од македонци уфф бе Миркуловски и Столе колку ви го имам меракот
Епа честито нека им е на дипломите СПОРТСКИ МЕНАЏМЕНТ, (една од опциите кои ги сакав кога запишував факултет )
Не си единствена леле колку валкани мисли,па човекот е среќно оженет и има дечиња Спојлер ама не е на одмет малку зезање,ништо лично 3 слики милион зборови многу добро испаднале фудбалерите на фотографијава
Ракометарите се згодни, а и кој спортист не е, ама Кире во фацата ми како некое кученце . Не се баш убави, ама за тоа колку се секси и згодни, но комент .
Лазаров меѓу тројцата најдобри на шампионатот според „Лекип“ Еден од најугледните спортски весници во Франција „Лекип“ во анализата која ја направи на штотуку завршеното ЕП во Србија, го вметна нашиот капитен Кире Лазаров меѓу тројцата најдобри играчи на шампионатот. Ова рангирање беше многу поразлично од она на ЕХФ во кој немаше место за најдобриот стрелец на сите времиња. Според новинарите на „Лекип“ во најдобрата тројка на нашиот „снајперист“ му прават Микел Хансен и Дарко Станиќ. Во својата кратка анализа за тоа зошто токму триото Хансен-Лазаров-Станиќ било најдобро на Европското првенство, новинарите на „Лекип“ потенцираат дека не само што го соборил десет години стариот рекорд за најмногу голови на едно првенство, Лазаров блескал на сите натпревари со просек од речиси седум голови по натпревар. „Што друго? 13 голови против Данска, 9 против Полска, 18 на дуелите против Србија и Словенија. Неверојатно“ – се вели во коментарот на „Лекип“. За вистинските познавачи на ракометот, не е големо изненадување што во списокот на најдобри го нема официјалниот МВП на првенството, Момир Илиќ, како и уште неколку играчи од Ол-стар тимот составен од ЕХФ. Таму да потсетиме, не се најде и нашиот Кире Лазаров Францускиот весник не заборави да ги прогласи и трите најголеми разочарувања на шампионатот, а во флоп Топ 3 се најдоа Никола Карабатиќ, Ивано Балиќ и Филип Јиха, ракометарите кои сите според официјални избори беа најдобри светски ракометари изминатите години. http://kurir.mk/sport/rakomet/59045-Laz ... ored-Lekip
Ги барав нивните профили, а не фан страните и на фб, ама не ми ги дава, затоа прашав тука. Не е грев ако ги има некоја во пријатели да ги постува тука. Не дека ќе ги нападнам јас
Хаха, јако јако, нема што. Одсега без Цацко в публика на натпревар никако, што ќе правиме ако Кире ни ги промаршува пеналите затоа што не видел знак.. хахахах
Абе немојте вака греотка се фудбалерите може ќе не изненадат и тие некогаш Туку требаше на првенствово, а и на сите други , да има избор за најдобри навивачи. Па да видеа кој се најјакиите
Го нападнаа детево од сите страни http://www.vest.com.mk/?ItemID=169CDCF2 ... E711B15704 Ноне вљубена во Миркуловски: До колкот сум му, ама го сакам за маж! Поп- пејачката Ноне Неделковска (25) сака да се мажи за ракометарот Филип Миркуловски (29). Вели дека иако поради својата висина веројатно ќе му биде до колкот, сепак го сака за свој сопруг. "Страсно навивав за нашите ракометари на Европското првенство во Србија и ги следев сите натпревари со друштво во велешките кафетерии. Ракометарите ме воодушевија, одлично се држеа! Оставаа срце на терен, а особено ме импресионираше Филип Миркуловски. Затоа и на мојот Фејсбук профил напишав дека сакам тој да се ожени со мене и покрај тоа што е дупло повисок од мене. Тоа и сериозно го мислам. Па зарем постои девојка која што е слободна, а не го посакува Миркуловски за свој сопруг? Тој е според мене моментално најпосакуваниот ерген во земјава, и тоа со право, вели познатата велешанка, која што е една од многуте девојки кои што деновиве јавно преку социјалните мрежи му изразуваат љубов на ракометарот на РК Металург.
За сите обожавателки на Миркуловски. Девојки жал ми е. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... permPage=1
Ајде ако ништо друго,барем Војдан е слободен сега Trotoar Show VAZNO IZVESTUVANJE: Ovaa sreda (01.02.), ke se snima "Trotoar Late Night" vo 20 casot vo "Tomato Produkcija", a ke gostuvaat RAKOMETNITE ZVEZDI Filip Mirkulovski, Stole Stoilov i Borko Ristovski + del od KOSARKARITE koi bea letoska vo Litvanija + muzicka zvezda iznenaduvanje + uste edno iznenaduvanje. Dojdete, bidete publika na snimanjeto i zapoznajte se i druzete se nekolku casa so MIRKULOVSKI, STOILOV, RISTOVSKI i ostanatite...
Аиии,коха видов трчав до маркетот за го купам "Свет". Филип го обожавам,па со среќа нека им е... Се надевам дека ќе си најдам ваков дечко Ракометар да е,Филип да се вика и тоа
http://www.time.mk/read/ba33c8d0cc/50fb ... index.html Нека ги прати многу среќа во брачниот живот и се најубаво.